Home Blog Page 3231

Дамјан и Елена шампиони во борење на Австралија (Фото)

Шампиони на Австралија
Шампиони на Австралија

Дамјан и Елена Стојчевски од Сиднеј се новите шампиони на Австралија во борење за јуниори. Првенството се одржа во неделата во салата на универзитетот Викторија во Мелбурн.

Дамјан и Елена се брат и сестра кои нижат големи успеси во боречките вештини во Австралија. Досега имаат учествувано и на меѓународни натпревари. Заслугите за нивните успеси може да му се припишат и на нивниот татко Горјан Стојчевски. Тој е мајстор за боречки вештини и нивен ментор. Горјан по потекло е битолчанец а живее со семејството во Сиднеј.

НБА-кошаркарот Миличиќ професионален кикбоксер (Фото)

Големата надеж на светската и српската кошарка Дарко Миличиќ ја заменува топката со боксерски ракавици.

Дарко Миличиќ
Дарко Миличиќ

 

Според српските медиуми, дефинитивно е завршена кошаркарската кариера на поранешната НБА ѕвезда. Миличиќ официјално влегува во професионалните кикбоксерски води.

Утре ќе го потпише договорот со Светската кикбокс асоцијација (ВАКО), а на церемонијата ќе биде најавена и неговата прва К1 борба која сигурно ќе предизвика голем интерес.
Поранешната кошаркарска ѕвезда (Хемофарм, Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота, Бостон), беше втор пик на драфтот во 2003 година (зад Леброн Џејмс), но веќе две години нема клуб. Последниот период е концентриран на тренинзите поврзани со новата кариера и јасно е дека добро подготвен за предизвикот.

Дарко Миличиќ
Од НБА во ринг

Воденски е шампион на Германија во бразилско џиу џицу (Фото)

Германија опен
прв во бразилско џиу џицу

Македонскиот вундеркинд за боречки спортови Кристијан Воденски го освои првото место на „Германија опен“  во бразилско џиу џицу, што се одржа вчера. Нареден предизвик за Воденски е Оками купот на 4 октомври во Лимбург, Германија.

Ќе потенцираме дека Воденски пред неколку денови ја одби понудата на германската репрезентација во кик бокс и се изјасни дека ќе настапува за Македонија.

Воденски
Пехарот за најдобриот

Четири стипендии од МОК за припадниците на боречките спортови (Фото)

Тројца борачи и една џудистка станаа стипендсти на Македонскиот олимпски комитет (МОК) од вкупно 11 спортисти. Согласно Олимписката програма Рио 2016, МОК во блиска соработка, консултација, координација и комуникација со националните спортски федерации (НСФ), но и со соодветните Меѓународни спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), обезбеди 11 стипендии за нашите најдобри спортисти кои како предлог на НСФ беа испратени до МОК.

Корисници на олимписката стипендија, во наредните две години ќе бидат:
1. Јасин Реџелари (борење)                                          800 американски долари
2. Дејан Богданов (борење)                                          800 американски долари
3. Бобан Данов (борење)                                               800 американски долари
4. Марко Блажевски (пливање)                                  800 американски долари
5. Анастасиа Богдановски (пливање)                        800 американски долари
6. Катерина Николоска (џудо)                                     666,666 американски долари
7. Нина Балабан (стрелаштво)                                    666,666 американски долари
8. Ана Ивановска (спортско стрелаштво)                  666,666 американски долари
9. Ристе Пандев (атлетика)                                           666,666 американски долари
10. Валбона Селими (атлетика)                                   666,666 американски долари
11. Јован Јовановски (велосипедизам)                                         666,666 американски долари

Денеска во просториите на МОК, свечено беа потпишани договори за финансирање на олимписките програми на нашите спортисти-корисници на олимписката стипендија РИО 2016. Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК, за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016.

Овој список не е конечен, бидејќи доколку одредени спортисти/спортистки не го покажат најдоброто од себе односно не покажат подобрување на своите резултати, во тој случај тие ќе бидат одстранети од списокот на стипендисти на МОК.

борачи и џудистка
Четири стипендии од МОК за боречките спортови

Три сребра и две бронзи за македонските каратисти (Фото)

Tri medali za karatistite vo Crna Gora

Три сребрени и два бронзени медали освоија македонските каратисти на Медитеранското
првенство за сениори, кое викендов (13-14 септември) се одржа во црногорскиот град Бар,
во конкуренција на 182 натпреварувачи од 12 држави.
Берат Јакупи во борби во категорија до 84 килограми, Иво Цветковски во борби до 75
килограми и женскиот ката-тим (Пулексенија Јованоска, Маријана Димоска и Мишела
Димоска) се закитија со сребра, додека Наташа Стефановска во борби до 61 килограм и
Моника Стефановска во борби до 68 килограми освоија бронзи.
На Медитеранското првенство покрај Македонија учествуваа и Италија, Хрватска,
Франција, Египет, Турција, Србија, Босна, Црна Гора, Мароко, Кипар и Албанија.

Конечно-каратето се обедини (фото)

Обединување
Конечно!

Во текот на оваа недела (23 јули 2014 г.) во Лозана беше одржан најзначајниот состанок во
историјата на каратето, каде по тридневните преговори падна договор да се обедини овој
спорт.
По 35 години каратето е повторно обединето и ќе биде под закрилата на едно телo –
Унијата на светското карате, поради тоа што сите стилови сега се заедно.
„Ова е остварување на сонот. Толку години се обидувавме да дојдеме до обединување и
тешко е да се поверува дека конечно успеавме во тоа. Но, сето тоа е резултат благодарение
на нашите разлики и комбинации на нашите сили“, изјави првиот човек на Унијата на
светското карате Ричард Јоргенсен.
Првото обединето Светско првенство во карате ќе биде одржано следната година во Сао
Паоло.
Каратето, инаку, е најмасовниот спорт на светот, но не и олимписки поради непостоењето
на единствени правила при борбите.

Каранфиловски: Очекувањата се скромни, не се враќаме без медали

Чак
Подготовки

Македонската федерација за тајландски бокс ги привршува подготовките за
претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Краков, Полска, од 22 до 28
септември. Нашата репрезентација ќе насатпи со осум натпреварувачи во мај-тај и
две службени лица. Имињата на натпреварвувачите ќе бидат обајвени пред
патувањето, односно завршувањето на подготовките.
– Иако сме добро подготвени и добро ги имаме проучено нашите потенцијални
противници, сепак, треба да се има во предвид фактот дека прв пат учествува
на Европско првенство. Конкуренцијата е голема, затоа моите очекувања че
видат скромни. Ама, без медали не се враќаме дома-вели селекторот Горан
Каранфоловски-Чак.
Тој истакнува дека летово имале успешни настапи во Евро лигата и семинари со
инструктори од Тајланд.

Четворица кикбоксери на Светското јуниорско првенство (Фото)

СП за јуниори
Во трка за медали

Македонија ќе биде претставувана од четворица кикбоксери на претстојното Светско првенство за јуниори. На шампионатот, кој ќе се одржува во Римини, Италија, боите на Македонија ќе ги бранат млади, но искусни кик-боксери.

Марија Божиновска и Марио Доневски ќе настапат во дисциплината „кик-лајт“ во категориите над 70 и до 69 килограми, а Бобан Илиоски и Једис Рамадани ќе се натпреваруваат во дисциплината „лоу-кик“ во категориите до 71 и до 67 килограми.

Младите кикбоксери ќе ги предводи тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски, со помошникот Александар Стефковски. На шампионатот ќе патува и претседателката на Федерацијата, Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на одборот на директори на светската ВАKО-асоцијација.

Мејвејдер и гризнат го победи Мајдана (Видео и Фото)

0
Шампион на светот
Мејведер и гризнат го совлада Мајдана

Флојд Мејведер го задржа својот перфектен скор откако стигна до 47. победа во

професионалната боксерска кариера со триумфот над Маркос Мајдана на мечот кој

утринава беше на програмата во Лас Вегас.
Американскиот боксер победи на поени по гласањето на судиите и ги задржа ВБА и ВБЦ
титулите во велтер категорија, но најконтраверзниот момент се случи во осмата рунда
кога Мајдана го гризна својот противник, што сепак не беше доволно и целосно да ги
неутрализира неговите удари.
– По гризнувањето не ги чувствував прстите и можев на вистински начин да ја користам
само другата рака, – изјавил Мејведер по мечот, додека неговиот противник тврди дека
немал намера да го гризне светскиот шампион.
– Веројатно тој ја стави ракавицата во мојата уста. Можеби мисли дека сум куче, –
коментирал Мајдана откако му бил покажано видеото од спорниот момент.

http://youtu.be/RqmodQIs6dY

Мејвејдер се засити од пари па ќе го батали боксот (Фото)

0
Мејвејдер
Мејвејдер се наполни со пари

Најплатениот спортист во светот, Флојд Мејведер Џуниор планира да се повлече од
професионалниот бокс по една година.
Американецот има договор со Showtime/CBS за шест средби, три од нив веќе поминаа.
Мејведер ќе добие 200 милиони долари од договорот, по што повеќе нема да се појави во
рингот.
Следниот натпревар на Мејведер ќе биде на 13 септември (сабота). Тогаш тој ќе се сретне
со Маркос Мејдана, кого го победи во почетокот на мај месец.
“Имам уште два дуели. По овие два дуели сакам да изградам промоторска компанија. Во
моментов, фокусот ми е врз Мејдани. Не можам да се фокусирам на тоа кои ќе бидат
другите два дуели. Треба да се фокусирам целосно на дуелот сега. По тоа ќе можам да
кажам кои ќе бидат следни мојот противници. Сигурен сум дека следните моји средби, ќе
се поинтересни. Следниот мојот дуел е во мај, а последниот ќе биде во септември. Ќе се
повлечам по една година”, изјави Мејведер чиј прекар е “Money”, поради огромните
хонорари кои ги добива.

IPON