Поранешниот светски првак Мајк Тајсон, кој во текот на кариерата го пратеше имиџот на агресивност и бруталност, минатата недела го покажа свото хумано лице.
Тајсон му притрча во помош на несреќниот моторциклист кој доживеа несреќа кога на автопатот во Лас Вегас го собори таксист.
Рајан Чесли, кој при паѓањето се здоби со повеќекратни скршеници и ги скина лигамнтите, се шокирал кога над своето лице го видел Тајсон, кој се обидувал да му помогне.
„Тајсон им викаше на останатите луѓе да не го допираат, за уште повќе да не го повредат“, им го раскажал настанот на новинарите Асошиетет прес адвокатот на поведениот мотоџија.
Чесли во тие мигови мислел дека халуцинира. Кога дошла итната помош, незабележано, Тајсон си заминал.
Асистентот на Тајсон, Стив Лот, открил дека во петокот боксерот примил корпа со овошје од Чесли, во знак на благодарност.
„ Ви благодарам што се грижевте за мене и по несреќата“, напишал 29 годишниот моторџија.
Тајсон Фјури има репутација на екцесен борец, боксер кој не се стега да истури куп навреди на противникот, но и да се степа ако треба.
Овој пат на конференцијата за новинари пред средбата со Дерик Чисоро си залепи фластер на устата поради казната од 15.000 фунти заради навредливиот говор на претходната конференција.
„Петнаесет илјади фунти се многу пари, ниту најмалку не му забележувам. Јас не би го направил истото, туку би молчел, но, го разбирам“, изјави Чисоро.
Поради сето тоа, малку помалку се обарна внимание на тоа дека тие двајцата се боксираат за во ноември да добијат прилика да го предизвикаат Владимир Кличко.
„Ќе бидам потполно подготвен и тоа ќе биде многу интересно. Нема да ги боксираме сите 12 рунди“, додаде Чисоро.
Првиот меч во јуни беше одложен поради повредата на раката на Чисоро, додека новиот ќе биде на 29 ноември во Лондон.
Сега веќе поранешниот НБА кошаркар Дарко Миличиќ, откако реши да му се посвети на кик боксот, ја најави и првата борба, која треба да биде од хуманитарен карактер. И официјално денес стана заштитно лица на ВАКО про федерацијата, а ја доби поддршката на луѓето од Мега промоушнс.
„Се почна пред година ипол. Дојдов во клубот да тренирам, работевме долго и се случи хуманитарна акција што ја покрена Ненад Пагонис, каде што можеше да се купи неговиот појас. Сакав да го купам. Тоа и го направив. Кога дојдов дома размисував зошто го купив тоа, кога можам и да го освојам. Ги засилив тренинзите и реков ќе видиме што ќе биде“, раскажа Миличиќ како почнал да се занимава со кик бокс.
Тој откри дека неколку пати тренирал со светскиот шампион Ненад Пагонис, кој му помогнал да напредува. Што се однесува до првата борба, Миличиќ најави сериозен меч, но истакна дека се уште нема точен датум за неа.
„Имам идеја која кога-тогаш ќе биде реализирана, да биде од хуманитарен карактер, но меч како меч нема да биде наместен. Нема поигрувања, тоа ќе биде сериозна тепачка. Не знам кога ќе биде, ама ќе објавиме кога се ќе биде договорено“, рече Миличиќ.
Поранешниот втор пик на драфтот на НБА истакна дека сака сериозно да се посвети на кик боксот.
„Ние се подготвуваме, работиме како да бидам пофесионален борец. Со обзир на тоа дека имам три деца и обврски, потребни се големи одрекувања. Времето ќе покаже, нема да одам далеку во оваа приказна ако не можам 100 отсто да и се посветам. Се надевам на најдобото“, нагласи Миличиќ.
Британскиот боксер Џером Вилсон излезе од вештачка кома по операцијата на мозокот, пренесоа вчера британските медиуми.
Вилсон на 12 септември беше нокаутиран од Серж Амбомо, по што доживеа сериозна повреда на главата.
„Тој направи неверојатен напредок последните три-четири дена. Излезе од кома и секој ден делува се појако“, изјавилл неговиот промотор Дејв Калдвел за Би Би Си.
Според Колдвел, Вилсон се уште не може да се поместува или да зборува, но дека е свесен што му зборуваат луѓето околу него.
Наводно, Амбомо клекнал покрај Вилсон ккога го нокаутирал и го бакнал во глава, несвесен дека неговиот противник е ноккаутиран. Подцна камерунскиот боксер се извинил за тоа.
Вилсон се натпреварува во велтер категорија, пред кобната борба имаше 8 победи и 2 порази. Дебитираше во феруари 2010 година.
Најуспешни клубови на меѓународниот турнир на КК „Цветан Димов“ од Скопје се: Форца од Скопје со 12 први места, 4 втори и 2 трети, следува Штип со учинок 5-1-3 и Енергија од Тирана, Албанија, 4-2-0. Учество земаа 30 екипи од Македонија, Србија и Албанија.
Кумите женски сениори +57 кг. 1Вељковиќ Александра Ниш – Ниш
Кумите машки 2001 год. +50 кг. 1. Весели Фахик Олимпик Спорт 2007 – Скопје 2. Петров Мартин Маваши – Скопје 3. Џафери Илир Шкендија – Тетово3 Фетаи Леотрим Ринија – Матејче
Првиот ден на Светското првенство во кати во Малага, Шпанија, се случи големо изненадување, по седумгодшна доминација јапонците не се први.
Германскиот мешан тим, Вофганг Дакс-Ромсвинкел (444 поени) и Ула Лосен ги совлада јапонците Ецуко Јокојама и Чигуса Омори (442) во џуно ката. Третото место им припадна на романските џудисти Алина Захариа и Алина Черус. Вториот ден работите си дојдоа на место.Во другите дисциплини репрезентативците на Јапонија ме дозволија изненадување. Во добро светло се покажаа Иран и Италија.
Кристијан Воденски кој е по потекло од Македонија е вистинско чудо на боречките вештини. Речиси во сите боречки дисциплини тој ги освојува првите места во Германија.