Миличиќ: Ќе летаат пердуви

milicik konferencija

Сега веќе поранешниот НБА кошаркар Дарко Миличиќ, откако реши да му се посвети на кик боксот, ја најави и првата борба, која треба да биде од хуманитарен карактер. И официјално денес стана заштитно лица на ВАКО про федерацијата, а ја доби поддршката  на луѓето од Мега промоушнс.

„Се почна пред година ипол. Дојдов во клубот да тренирам, работевме долго и се случи хуманитарна акција што ја покрена Ненад Пагонис, каде што можеше да се купи неговиот појас. Сакав да го купам. Тоа и го направив. Кога дојдов дома размисував зошто го купив тоа, кога можам и да го освојам. Ги засилив тренинзите и реков ќе видиме што ќе биде“, раскажа Миличиќ како почнал да се занимава со кик бокс.

Тој откри дека неколку пати тренирал со светскиот шампион Ненад Пагонис, кој му помогнал да напредува. Што се однесува до првата борба, Миличиќ најави сериозен меч, но истакна дека се уште нема точен датум за неа.

„Имам идеја која кога-тогаш ќе биде реализирана, да биде од хуманитарен карактер, но меч како меч нема да биде наместен. Нема поигрувања, тоа ќе биде сериозна тепачка. Не знам кога ќе биде, ама ќе објавиме кога се ќе биде договорено“, рече Миличиќ.

Поранешниот втор пик на драфтот на НБА истакна дека сака сериозно да се посвети на кик боксот.

„Ние се подготвуваме, работиме како да бидам пофесионален борец. Со обзир на тоа дека имам три деца и обврски, потребни се големи одрекувања. Времето ќе покаже, нема да одам далеку во оваа приказна ако не можам 100 отсто да и се посветам. Се надевам на најдобото“, нагласи Миличиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО