Home Blog Page 3229

Златен медал за Берат Јакупи во Премиер лигата

Берат Јакупи од КК Фати од Гостивар ја потврди формата и во германскиот град Ханау каде што во категоријата до 84 клиограми го освои првото место. Јакупи во финалето го совлада Русинот Александар Алеив со 1:0.berat

Третото место го поделија Нело Маестри од Италија и Милош Јовановиќ од Србија. Оваа победа му ги отвора вратите на Јакупи за висок пласман во конечниот пласман во Карате 1 Премиер лигата.

Јакупи до златниот медал сигна откако второто коло славеше против Филип Суси (Канада) со 5:0, а во првото беше слободен. Во третото коло го совлада Данецот Кевин Корт со 7:3, а најтешката борба му беше со Летонецот Андрејс Озеровс, кого го совлада минимално со 1:0. Потоа следеа триумфите над Нело Маестри од Италија со 4:1 и Волд Донован од Холандија со 5:0.

Победата му ги зголемува шансите за титулата во вкупен пласман во категоријата до 84 кг во Карате 1 Премиер лигата, затоа што најголемите конкуренти за златото, Гркот Михал Цанос и Азербејџанецот Ајхан Мамаев не настапија на овој турнир.

Јакупи е актуелен европски првак од Лисабон, и повеќекратен европски шампион во јуниорска и кадетска конкуренција, На Светското првенство за сениори во Гвадалахара (Шпанија), Јакупи го освои третото место и бронзениот медал.

Покрај Јакупи во днешната програма настапија уште Огнен Груевски (-84 кг.) од Металург, кој загуби со 0:2 во првото коло од Турчинот Гокхан Гиндиз.Од другите наши каратисти, во Ханау најуспешни беа Иво Цветковски и Симона Заборска. Цветковски (-75 кг.) ги победи Микеле Асани (Италија) со 2:0, Абдула Руина (Мароко) со 3:1, Робин Винтерс (Германнија) со 2:0, но загуби од Турчинот Сехан Јагчи со 0:1. Во оваа категорија настапи и Енес Смаилагиќ, кој уште на стартот беше поразен од Турчинот Ерман Елметур со 0:3.

Заборска (-61кг.), беше слободна во првото коло, во второто ја победи Дилета Бенедето (Италија) со 3:0, во третото Стефан Машаду де Оливера Маике од Бразил со 3:0, но потоа со прегласување на судиите загуби од Французинката Лејла Ерто, при резултат 0:0..

Другите наши каратисти немаа многу среќа. Наташа Стефановска (-61 кг.) загуби на од Стефани Кауп (Австрија) со 0:3, Сара Радичевска (-55 кг) беше елиминирана уште во првото од Марија Кулинкович (Белорусија) со 0:2, Моника Стефановска ја мина Финката Тита Кеиненен со 1:0, а потоа загуби со 0:2 од Шпанката Кристина Вициано.

Утре настапува Жарко Арсовски (+ 84 кг.), кој е трет во вкупен пласман по победата на турнирот во Париз. Тој во првото коло се среќава со Данецот Кристијан Јакоб.

„Карате 1 Премиерлигата“ завршува со натпреварот во Салцбург, Австрија, на 11 и 12 октомври, а турнирот во Ханау собори рекорд по бројот на учесници. Беа пријавени 867 спортисти од 59 држави. Во ноември, исто така во Германија, но сега во Бремен, ќе се одржи Светското првенство за сениори, така што турнирите од Премиер лигата се генерална проба пред најголемиот настан оваа година.

ipon.mk/В.Д.

Мејведер спие со еден куп пари!

Mejveder so pari

Од само нему познати причини, случајно или намерно, боксерот Флојд Мејведер си поставил слика на Инстаграм со еден куп „зелени банкноти“, по што се дигна голема прашина.

„Кој може да ми даде предлог како да ја крстам сликава“, напишал прашален статус на сликата.

Голем дел од фановите му напишале предлози, но на многу од нив имало и негативни пораки и препораки, дека овој пат навистина забегал.

Мејведер во кариерата има 47 победи, а само од последните борби нови 32 милиони долари,.
Кој знае, можеби си ја предизвикува судбината…

 

Величенствена таеквондо атмосфера во Мексико

Мексиканската таеквондо федерација пречека 10 илјади спортисти на „1-то ВТФ Светско клубско првенство во таеквондо“ кое го организираше Светската таеквондо федерација (ВТФ).

10 iljadi narod na taekvondo vo meksiko

Никој не можел да замисли дека може да се организра еден ваков грандиозен настан. Според љубителите на оваа вештина, но и самите натпреварувачи, како и новинарите, најголемиот настан на планетава не може да се организра на друго место освен во „главниот град на таеквондото“ Мексико.

Вистината за поразот од Кро Кап: Никогаш не бев поблиску до смртта (ВИДЕО)

0

Поранешниот легендарен борец во ММА, Вандерлеи Силва, во разговор за поратлот Combate.com, открива една занимливост од својата богата кариера која е интересна за приврзаниците на овој спорт од регионот. Имено, Бразилецот кажува дека дека борбата со Хрвтот Мирко Филиповиќ -Кро Кап, која ја загуби, му била најтешка во кариерата.

silva kro kap

„Мојата најголема борба беше против Лидел. Изгубив со одлука на судиите но уживав во неа. Беше цврст и имаше тешки раце, во втората ринда успеав да го исфрлам во нокдаун. Приредивме сјајно шоу. Мојот втор избор би бил со Брајан Стан, тој беше многу цврст противник, а јас ја имав една од најдобрите изведби во кариерата“, рекол Силва.

Кро Кап во борбата на Гранд Прито славеше против Силва во втората рунда, во која со фантастичен хај кик го „испрати на спиење“ Бразилецот, разбивајќи му ја главата притоа. Во текот на целиот меч Филиповиќ беше уверливо подобар, и слободно може да се каже дека тоа му е најголемата победа во кариерата. За да биде уште поголема оваа победа Мирко Филиповиќ го освои наведениот Гранд При турнир.

ЕКФ е забрани учество на Европското шотокан првенство во Албанија

Европската карате федерација (ЕКФ) преку Балканската карате федерација на своите членки, односно клубови, кои пратиципираат во националните федерации, а се под капата на ЕКФ, им забрани учество на сите заинтересирани клубови на Европското шотокан првенство во Тирана, Албанија, кое ќе се одржи во октомври.

Во дописот на ЕКФ се нагласува дека не може да гарантираат усогласеност со правилата и условите дефинирани во Статутите и регулативите на ЕКФ.

Дописот е испратен од генералниот секретар на ЕКФ Стјепан Целан.

Канцеларијата на Карате федерацијата на Македонија го проследи до клубовите во Федерацијата.

Во дописот на ЕКФ се нагласува дека не може да гарантираат усогласеност со правилата и условите дефинирани во Статутите и регулативите на ЕКФ.

Дописот е испратен од генералниот секретар на ЕКФ Стјепан Целан.

Канцеларијата на Карате федерацијата на Македонија го проследи до клубовите во Федерацијата.

ipon.mk/ В.Д.

ЏИТ КУН ДО – оружје за совладување на сопственото его

ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини.

ivica samoodbrana

Филмовите на Брус Ли биле инспирација за многу млади да почнат да се бават со боречки вештини, а кај нас, пред се со карате. Славниот Ли почнува со кунг фу, но подоцна прави свој стил на боречка вештина, која всушност е комбинација од повеќе боречки вештини. Својата вештина Ли ја именувал како ЏИТ КУН ДО (ЏКД) или оружје за совладување на сопственото его. Следбеници на оваа вештина има и во нашата земја. Затоа сакаме поблиску да ви ја претсавиме оваа вештина, која Ли му донесе светска слава, а и најмногу ги популаризираше боречките вештини.

Едноставноста е најбрзиот пат до успехот, па затоа ЏКД делува брзо и едноставно, и во реална ситуација ги применува сите оние техники што се најреални и во моментот најкоректни. ЏКД му дава предност на отсуството на облик, на форма, зашто тогаш ги зема сите техники што му се потребни за да ја постигне целта. Во Џит кун до важи една мудра изрека “Доволно е доволното”. ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини. Го зема она што му е потребно и го отфрла она што му пречи, така на некој начин формира свој систем на борба. ЏКД го принудува вежбачот да размислува и да си ја прилагоди вештината на своите потреби и можности за да биде природен, а не да го стави во стеги и да го принудува да се определува вештачки по одредени шаблони.
Џит кун до-то е како вода, значи, исто како што водата се прилагодува на садот во кој е ставена, така и вештината се прилагодува на настанатата ситуација. Во една изрека се вели: “Со прст ќе ти покажам кон небото, но не се фокусирај на врвот на прстот зошто ќе ја испуштиш целата убавина на небото”. Така и ЏКД е еден вид патоказ на патот кон самооткривање и саморазвивање.

23
Многу вежбачи сакаат нешто повеќе и нешто различно секој ден, секој тренинг, но не ја сфаќаат суштината на основните движења и техники. Ако градите куќа и ако темелите се слаби, колку и да е скапа и убава таа куќа нагоре, секогаш ќе постои можност при најмал потрес таа да се сруши. Без форма, не значи дека немате ниту една форма, туку дека ги поседувате сите форми, без пат не значи дека немате ниту еден пат, туку дека ги имате сите патишта и моќта да го изберете најкраткиот и најприлагодениот пат за Вас. Не се работи за тоа да се стекнуваат нови работи, туку, секојдневно да се отфрлаат непотребни работи кои го оптоваруваат вашиот ум и го попречуваат неговото делување. При вежбањето на боречките вештини има неколку “болести” и тоа се: желбата да се победи, желбата да се покаже она што сте го научиле, желбата да се преплаши противникот итн. Уметноста живее онаму каде што е слободата, а токму тоа е ЏКД. Секогаш имаме повеќе доверба во она што го имитираме, отколку во она што сами, најприродно, би го извеле. ЏКД ве учи да ги следите принципите, но не по секоја цена да ја “имитирате” техниката, затоа што имитирањето не е лично искажување, туку шаблон, рутина, а рутината е лоша работа. За да бидеме нешто повеќе од она што сме, треба прво да сме свесни за она што не сме. ЏКД представува оружје за совладување на сопственото его, сопствените емоции. Ако нападот е најдобра одбрана, ве учи во конкретна ситуација први да нападнете и на тој начин да се одбраните.
Познавањето на себе си е основа на ЏКД.
Пред 50 години било незамисливо да се комибнираат боречките вештини. Креаторот на Џит кун до-то , Брус Ли, е “таткото” на денешните многу популарни мешани боречки концепти и натпревари ( Ултимејт фајт, Прајд, Шото и други). Уште во тоа време кажувал дека нема лоша боречка вештина и дека секој вештина има одредена “мана” (во бокс нема удари со нозе, во џудо нема удари итн.), па затоа е добро да се комибнираат. ЏКД-то го креирал така што земал движења од мачување и западниот бокс, удари со нога од карате, таи бокс, савате; удари со раце од бокс, таи бокс, кали, разни фрлања и борба на под од џудо, џиу џицу. Денес сме сведоци на големата популарност на Ултимејт фајтот и гледаме дека таму се применуваат разни боречки вештини, слично на размислувањата и креацијата на Брус Ли уште пред 50 години.
ipon.mk/ Ивица Алексовски

 

Нова шанса за каратистите во Премиер лигата

Македонските каратисти во сабота ќе се борат за подобар пласман во Карате 1 Премиер лигата. Ова коло од Лигата ќе се одржи во Ханау, Германија.

Жарко Арсовски
Жарко Арсовски

Ова е прилика дел од нашите каратисти да ги подобрат изгледите за освојување на медал во конечниот пласман.

Во претходното коло ката тимот на КК Ронин од Прилеп го освои бронзениот медал.

За Германија отпатуваа Жарко Арсовски, Симон Антиќ, Симона Заборска, Сара Радическа, Наташа и Моника Стефановски  од КК Макпетрол; Иво Цветковски, Огнен Груевски, Ико Ташов и Мартин Несторов од КК Металург; Енес Смаилагиќ од КК Цветан Димов, Дејан Црничиќ-КК Кеикс, Берат Јаупи-КК Фати, Шабан Мурати-КК Струга, како и ката тимот на КК Ронин-Марија и Мишела Димоски и Поликсенија Јованоска.

Големата боречка ѕвезда не може да верува како изгуби милиони! (ВИДЕО)

0

УФЦ ѕвездата Џон Бонеса Џонс, очигледно, скапо ќе го чини неодамна предизвиканиот инцидент со непоразениот борец Даниел Кормиер. Имено, покрај тоа што го казни Атлетската комисија во Невада, сега и познат американски спортски бренд му го раскина богатиот договор.

Џон Џонс

Ќе потсетиме дека главните актери на УФЦ Медиа Дејџу се судрија на бината пред камерите. Целата работа ја почна Кормиер, кој го фати за вратот актуелниот првак во полутешка категорија и го турна. Џонс не му остана должен. Па така почна туркањето и стана мешаница во која го скршија рекламното пано, при што и двајцата паднаа од бината. Очиглледно дека се се плаќа. Според извори блиски на борецот, договорот со познатиот спортски бренд требало да му донесе годишна заработка дури со шест нули.

Покрај тоа, Џонс беше единствениот ММА борец што имаше договор со така силен бренд, кој посебно се истакнуваше со својата линија тениски патики, кои веќе не ги произведува.

Било како било, Џонс перживува тешки „финансиски“ моменти. Едноставно, и самиот не мож да верува како дошло до тоа.

Кајевиќ ќе се бори против Малихудис

По подолго време во Македонија ќе има професионален боксерски меч. Нашиот боксер Драгомир Кајевиќ во тешка категорија до 91 килограм, ќе се бори против Шарилис Малихудис од Грција.

Драгомир Кајевиќ
Драгомир Кајевиќ

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во сабота ќе приушти боксерски спектакл на љубителите на благородната вештина. Овој меч е вовед за борбата за балканската титула .

„ Подготвен сум за борбата и очекувам да победам. Имав добри подготовки изминативе 15 дена, а искуство стекнав во Хамбург каде бев спаринг партнер на неколку познати боксери“, изјави на прес-конференцијата Кајевиќ, кој досега има две борби и исто толку победи.

Миле Смилевски, кој има богато искуство во професионалните бокс мечеви, како тренер на нашите успешни боксери Тони Насковски и Тони Јаневски, ќе биде и покрај Кајевиќ.

Програмата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20 часот, со ревијални, воведни борби и тоа, две во женска конкуренција и две за млади боксери од Македонија.

Организатор на спектаклот е БК „Водно“ од Скопје.

IPON