Кајевиќ ќе се бори против Малихудис

По подолго време во Македонија ќе има професионален боксерски меч. Нашиот боксер Драгомир Кајевиќ во тешка категорија до 91 килограм, ќе се бори против Шарилис Малихудис од Грција.

Драгомир Кајевиќ
Драгомир Кајевиќ

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во сабота ќе приушти боксерски спектакл на љубителите на благородната вештина. Овој меч е вовед за борбата за балканската титула .

„ Подготвен сум за борбата и очекувам да победам. Имав добри подготовки изминативе 15 дена, а искуство стекнав во Хамбург каде бев спаринг партнер на неколку познати боксери“, изјави на прес-конференцијата Кајевиќ, кој досега има две борби и исто толку победи.

Миле Смилевски, кој има богато искуство во професионалните бокс мечеви, како тренер на нашите успешни боксери Тони Насковски и Тони Јаневски, ќе биде и покрај Кајевиќ.

Програмата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20 часот, со ревијални, воведни борби и тоа, две во женска конкуренција и две за млади боксери од Македонија.

Организатор на спектаклот е БК „Водно“ од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО