Четворица кикбоксери на Светското јуниорско првенство (Фото)

СП за јуниори
Во трка за медали

Македонија ќе биде претставувана од четворица кикбоксери на претстојното Светско првенство за јуниори. На шампионатот, кој ќе се одржува во Римини, Италија, боите на Македонија ќе ги бранат млади, но искусни кик-боксери.

Марија Божиновска и Марио Доневски ќе настапат во дисциплината „кик-лајт“ во категориите над 70 и до 69 килограми, а Бобан Илиоски и Једис Рамадани ќе се натпреваруваат во дисциплината „лоу-кик“ во категориите до 71 и до 67 килограми.

Младите кикбоксери ќе ги предводи тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски, со помошникот Александар Стефковски. На шампионатот ќе патува и претседателката на Федерацијата, Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на одборот на директори на светската ВАKО-асоцијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО