Џудо турнир во Прилеп
Форца, Фунакоши Гичин и Урбан инвест најуспешни на Струга опен
Најмногу медали на турнирот на единаесетиот „Струга опен 2014“, што се одржа викендов, освои Форца од Скопје (12 златни, 4 сребрени и 4 бронзени), потоа следуваат Фунакоши Гичин од Скопје (8- 3- 2) и Урбан Инвест од Кавадарци (7- 8- 7). Вкупно 35 клубови се закитија со по некој медал од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. На натпреварот учество земаа 403 натпревар.
Македонија на џиу џицу турнир во Сараево
Деветмина натпреварувачи од Македонија ќе настапат на претстојниот турнир во џиу џицу во Сараево, Босна и Херцеговина, известуваат од Македонската џиу џицу федерација.
Турнирот на 4 октомври. Боите на Македонија ќе ги бранат: Иван Трпковски, Виктор Велинов, Владимир Доневски, Александар Трајковски, Александар Илиевски, Никола Бошковски, Кирил Иванов и Александар Антониевски.
Од Македонската џиу џицу федерација се надеваат дека ќе се закитат и со неколку медали.
Се појави од никаде и стана светска атракција (ВИДЕО)
Новата ѕвезда во перолесна категорија преку ноќ го освои светот на боречките вештини. Конор „Ноториус“ Мек Гергор во низа има 12 победи, а четири откако помина во УФЦ. Претседателот на најпознатата ММА организација Дан Вајт го прогласи за чудо какво што ретко се гледа.
Вајт почна да го фали 26 годишниот ирскии рабивач по величенствената победа против Дастин Поириера на УФЦ 178.
Контроверзниот претседател на УФЦ отиде толку далеку што Мек Грегор го спореди со Брок Леснар и Георг Ст. Пијер.
„Конор Мек Грегор е вистинската работа. Тој е сила што никогаш не сум ја видел. Поголем е од Брок Леснар кога беше овде. Поголем е од којбило борец што го имавме. Да, поголем е и од ГСП. Никогаш не сум видел вакво нешто“, изјавил Дан Вајт, додавајќи декиа вакво нешто баш и не се гледа.
„Не гледате дека некој туку така ќе се појави и ќе направи таков удар, а да не бил ниту меѓу првите десет“, пренесува Фајт сајт.
Каратето на 17-те Азиските игри „Инчеон 2014
Каратето ќе биде на програмата на 17-тите Азиските игри овој викенд.
Dомаќинот на континенталиот мулти-спортски настан беше одреден пред четири години од страна на олимписки Советот на Азија. Во текот на 16-те дена (од 19 ептември до 4 октомври) на Азиските игри во Инчеон , Јужна Кореја, на програмата ќе има 36 спортови , со околу 13.000 спортисти и официјални лица.
Азиските игри се еден од најважните мулти-спортски настани по Олимписките игри, кои се признаени од МОК . Карате е вклучена во програмата пред веќе 20 години во 1994 година.
Карате натпревари ќе се одржи во Gyeyang гимназија од 2-ри до 4 октомври . Вкупно 196 спортисти од 34 различни земји ќе го претставуваат карате спортот во Инчеон. Меѓу нив, има и носители на медали од ВКФ шампионати и се значајни имиња на овој спорт, како: Махди Аидех (Иран), Асадилов и Калидов (Казахстан) , Арага, Кобајаши и Сомеја (Јапонија) и Танг Линг Линг (Кина).
Јакупи: Златниот медал ми е на дофат
Колото на Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Германија, веќе е зад нас а се размислува за Големото финале во Салзбург (11 и 12 октомври), каде што нашите очекувања се големи по првото место на Берат Јакупи во борби во категоријата до 84 килограми.
Јакупи истакнува дека најтешко му била борбата во финалето со Александар Алиев од Русија. Сега нема време за размилување за се она што се случуваше во Германија, затоа што ќе се прават мини подготовки во Штип, заедно со Жарко Арсовски.
„Златниот медал ми е на дофат, но и останатите противници се квалитетни киаратисти, а јас ќе дадам се од себе да бидам подобар од Гркот Цанос“, ни изјави Јакупи.
Во ноември е Светското првенство за сениори за кое и нашите апетити растат дека ќе освоиме некој медал. Секако дека Јакупи е еден од кандидатите за медал.
„Има многу голема конкуреција, се надевам дека до тогаш ќе бидам максимално подготвен и ќе се закитам со еден од медалите“, истакнува Јакупи и додава дека претходно ќе оди на висок пласман и на Балканското првенство во Охрид.
ipon.mki/ В.Д.
Доделени наградите „Мухамед Али“
Хуманитарните награди „Мухамед Али“ се доделени за хуманитарна работа и придонес на својата заедница.
На свеченоста присуствуваа многу спортски ѕвезди кои го поддржуваа познатиот боксер 1960 година во битка со властите.
На церемонијата во Луисвил беа американските фудбалска ѕвезда Џим Браун и легендарниот кошаркар Бил Расел, кои го поддржаа Али да не оди во војната во Виетнам.
Но кога тој одби да оди во војска, поради што имаше проблеми со властите, Браун сакаше да му помогне, но прво сакаше да ги слушне причините зошто боксерот не сака да оди во војна.
Браун беше со група на истакнати црниспортисти два часа го испрашувашаа Али во Кливленд во 1967 година. Боксерот не ги избегнуваше прашањата, тој останал доследен на своите принципи, наведувајќи дека поради религиозни убедувања не сака да оди во војска.
Десетина спортисти, меѓу кои тогаш беше и младио Карим Абдул-Џабар , излезе од состанокот, кој е познат како “самитот Али”, и јавно го поддржаа.
” Луѓето ги добија одговорите што ги сакаа “, изјави Браун за време на церемонијата на доделувањето на наградите .
Наградите беа доделени на шест млади луѓе, а меѓу поранешните добитници се Браун и актерката Сузан Сарандон ,како и хип-хоп музичар Комон.
Браун по позирањето со познатиот шампион се наведнал кон него и , како што подоцна објасни, тој рече: “Ти си најголемиот на сите времиња”.
Иако фокусот минатата ноќ беше на времето кога Али бил во клинч со властите, познати спортисти сега се во аголот покрај Али кој се бори со Перкинсовата болест.
Али беше лишен од титулата светски шампион во тешка категорија во 1967 година и беше осуден за избегнување на војската. На крајот, по четири години победи, кога Врховниот суд на САД пресуди во негова корист.
Насловот е обновен во 1974 година, поразувајќи го Џорџ Формен во Киншаса во познатата борба ” Rumble in the Jungle “. Една година подоцна тој го доби Џо Фрејзер во ” Thrilla in Manila. Последната титула ја освои во 1978 година кога го победи Леон Спинкс .
Браун , истакнат активист за човекови права и борец против насилството, рече дека “Али беше херој за многу млади луѓе во земјава, и со црна и и со бела боја . ”
“Овде сум за да мотивирам што повеќе луѓе кои што може во оваа земја да го видат насилството … и слабото за образование што го добиваат многу деца”, изјави Браун.
Најдобриот другар на Вејн Руни го „изеде“ ќотекот
Германскииот боксер со ерменскио потекло Артур Абрахам ја одбрани титулата светски првак во средна категорија ВБО-верзија, иако синоќа доцнеше на мечот во Келн тој го победи на бодови Англичанецот Пол Смит.
Абрахам победи едногласно, двајца од судиите бодуваа 117:111, а еден 119:109 за 34 годишниот шампион, на кого ова му беше 41 прва победа во кариерата во која има четири порази.
Предизвикувачот Смит (35) за прв пат се бореше за светската титула. Тој се уште е познат како поранешен ди-џеј на најпознатиот ноќен клуб во Ливерпул, но и како најдобар другар на фудбалерот Вејн Руни.
Ранг листа на ВКФ за Премиер лигата
По завршувањето на предпоследното коло на Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Германија, викендов, Светската карате федерација (ВКФ) го објави рангирањето по категории.
Освојувачот на златниот медал Берат Јакупи (до 84 кг.) има шанса да го поправи својот пласман во Големото финале на Премиер лигата во Салзбург, Австрија, на 11и 12 октомври, бидејќи разликата меѓу него и првопласираниот Цанос од Грција е 28 поени, а со вториот Мамаев од Азербејџан 12 поени. Штипјаните Емил Павлов (-60 кг.) и Жарко Арсовски (над 84 кг.) ќе се борат да ги сочуваат третите места. Сестрите Димоски ќе се борат за бронзениот медал во кати за јуниори.
Француските каратисти беа најуспешни на турнирот во Ханау со скор 3-3-3 (златни,сребрени и бронзени медали), потоа следува Италија 2-3-2 и Германија 1-2-3, а Македонија го дели 9-тото место со еден златен медал.
кумите до 84 килограми – мажи
1. Михаил Георгиос Цанос – Грција 832 поени

2. Ајкан Мамаев – Азербејџан 816
3. Берат Јакупи – Македонија 804
до 60 килограми
1. Лука Мареска – Италија 1096
2. Амир Мади Замех – Иран 944
3. Емил Павлов – Македонија 518
до 67 килограми
1. Доме Сегеди – Унгарија 910
2. Џан Лука де Виво – Италија 688
3. Ивес Маршал Тедиши – Унгарија 646

над 84 килиограми
1. Енес Еркан – Турција 1144
2. Иман Санчоли – Иран 822
3. Жарко Арсовски – Македонија 612
ката мажи-поединечна конкуренција
1. Ву Ду Мин Дак – Франција 1192
2. Исеи Шимбаба – Јапонија 1042
3. Итару Оки – Јапонија 982
кумите до 50 килограми-жени
1. Серап Озчелик – Турција 1112
2. Александра Рекиа – Франција 896
3. Бетина Планк – Австрија 598
до 55 килограми
1. Мики Кобјаши – Јапонија 1654
2. Туба Јакан – Турција 952
3. Џенифер Ворлинг – Луксембург 810
до 61 килограм
1. Анита Серогина – Украина 926
2. Луси Иганс – Франција 536
3. Никол Форсела – Италија 524
до 68 килограми
1. Пега Зенгенех Кракоти – Иран 902
2. Сониа Формажер – Франција 664
3. Мерве Кобан – Турција 624
над 68 килограми
1. Надеж Аит Ибрахим – Франција 848
2. Мелтем Хокаоглу – Турција 656
3. Ајуми Уекуша – Јапонија 624
ката жени – поединечно
1. Хоанг Нган Нгујен – Виетнам 986
2. Терјана д Онофрио – Италија 814
3. Сандра Санчез Хаиме – ОАЕ 800
Во јуниорска конкуренција (жени) поединечно на трето место е Мишела Димоска со 198 поени пред сестра и Маријана Димоска со 174, додека водечка е Терјана д Онофрио од Италија со 318 поени пред сонародничката Лиса Пиви 258 поени.
ipon.mk/В.Д.
Одлични финални борби ФФЦ Фјучерсот во Загреб
Заврши третото издание ФФЦ Фјучерс турнирот во Загреб. Во финалето бе авидени одлични борби, нови ММА надежи и кикбокс сцени, но и четири престижни борби.

Заврши третото издание ФФЦ Фјучерс турнирот во Загреб. Во финалето бе авидени одлични борби, нови ММА надежи и кикбокс сцени, но и четири престижни борби.
Во ММА програмата Матеј Трухан доминираше во текот на целата борба против Унгарецот Золт Фенјес и на крајот со “submission“ борба во третата рунда. Анте Делија делуваше импресивно и во првата рунда го победи Тахиарскис од Грција.
Во кикбокс делот Енвер Шљивар со едногласна одлука на судиите го совлада Игор Михаљевиќ, додека Младен Брестовац ја продолжи победничката низа. Треба да се додаде дека Италијанецот Лука Панто доживеа повреда на рамото и борбата заврши во првата рунда.
Во ММА финалињата славеа Стефан Звијер (-70 кг.), Владимир Продановиќ (-77 кг.), Бруно Гуштовиќ (-84. кг), Ивица Тадијанов (-93 кг.) и Фахрудин Феризовиќ во тешка категорија.
Победници во кикбокс се Валентин Рибалко (-70 кг.) и Никита Чаб (-85 кг.).
Ќе потсетиме дека македонскиот борец Виктор Стојанов во категоријата до 77 кг. во ММА делот, во полуфиналето со едногласна судиска одлука нашиот натпреварувач загуби со едногласна судиска одлука од претставникот на Босна и Херцеговина Немања Милаковиќ.
“Во полуфинале загубив со судиска одлука (на поени). Противникот беше преголем и потежок од мене, но сепак беше една одлична борба. Голема благодарност до мојот тим и тренерот Кристијан Кики Голубовиќ, без него сето ова би било невозможно“, напиша Стојанов на својот фејсбук профил, додадвајќи дека наскоро треба да произлезе и видео запис од неговата борба.