Јакупи: Златниот медал ми е на дофат

Колото на Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Германија, веќе е зад нас а се размислува за Големото финале во Салзбург (11 и 12 октомври), каде што нашите очекувања се големи по првото место на Берат Јакупи во борби во категоријата до 84 килограми.

berta 2

Јакупи истакнува дека најтешко му била борбата во финалето со Александар Алиев од Русија. Сега нема време за размилување за се она што се случуваше во Германија, затоа што ќе се прават мини подготовки во Штип, заедно со Жарко Арсовски.

„Златниот медал ми е на дофат, но и останатите противници се квалитетни киаратисти, а јас ќе дадам се од себе да бидам подобар од Гркот Цанос“, ни изјави Јакупи.

Во ноември е Светското првенство за сениори за кое и нашите апетити растат дека ќе освоиме некој медал. Секако дека Јакупи е еден од кандидатите за медал.

„Има многу голема конкуреција, се надевам дека до тогаш ќе бидам максимално подготвен и ќе се закитам со еден од медалите“, истакнува Јакупи и додава дека претходно ќе оди на висок пласман и на Балканското првенство во Охрид.

ipon.mki/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО