Home Blog Page 3227

Павлов го освои петтото место во Премиер лигата

По вчерашниот успех на Берат Јакупи Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Германија, кој го освои првото место во категоријата до 84 килограми, денес најзабележителен настап имаше Емил Павлов (-60 кг.) од КК Штип, кој во вкупниот пласман го освои петтото место.

Европско првенство
Емил Павлов- КК Штип

Тој борбите ги почна од тертото  коло, во кое беше подобар од Украинецот Олег Филипович, совладувајќи го со 2:1. Потоа ги победи Армен Асатариан (Русија) 3:2, Каспер Лудегард (Данска) со 1:0. Во клучниот меч за влез во финалето загуби од Даглас Борсе од Бразил со 4:1, за во репасажот да потклекне пред Русинот Евгени Плакутин, кој го совлада со 2:0.

Првото место го освои Ајкут Каја од Турција, второто Даглас Бросе (Бразил), а Калвис Калнинс (Латвија) и Евгени Плакутин (Русија) беа трето пласирани.

Ќе потесетиме дека Павлов е актуелен европски првак. Сепак, Павлов ја задржа третата позиција во вкупен пласман, а убедливо водат Италијанецот Лука Мареска и Иранецот Амир Махди Задех.

Од другите наши натпреварувачи добар настап имаше и Ико Ташов (Металург) во категоријата до 67 килограми. Тој ги победи Кими Шракле (Грузија) 1:0, Жереми Делес (Белгија) 2-1 и Жилиен ван Шил (Холандија) 2:1, а загуби од Олександар Какули (Украина) со 4:0. Но, треба да се забележи дека Ташов со борби почна од првото коло.

Во истата категорија настапија и Дејан Црничиќ (Кеикс), кој имаше две победи и еден пораз, а Тодор Ристески (Спорт) имаше скор од една победа и еден пораз.

ipon.mk/В.Д.

Кајевиќ го победи Михалидис, ќе се бори за балканска титула

Kajevic 1Драгомир Кајевиќ во тешка категорија до 91 килограм го совлада Гркот Шарилис Малихудис со прекин во третата рунда. Двајцата противници се прикажаа во одбро светло, но цело време иницијативата ја имаше Кајевиќ. По силните удари што ги зададе нашиот боксер докторот не му дозволи на Михалидис да ја продолжи борбата.

Тренерот Миле Смилевски изразува задоволство од прикажаното и со нестрапление го очекува противникот за балканската титула.

„Можно е Бугаринот кој е балкански првак, а има 40 години, да се откаже од титулата, па така Кајевиќ може да се бори со друг боксер за балканската титула, додека бугарскиот боксер ќе се обиде да се бори за светски престиж. Очекуваме борбата за титулата да биде кон крајот на декември во ВБЦ верзија. Постои можност да се бори и за титулата сеславјански првак“, ни изјави тренерот Смилевски.

Од друга страна, на Кајевиќ му се насмевнува среќата и посериозно да влезе во професионалните води, бидејќи за него се заинтересирани промотерите од Хамбург, Германија, со кои поминал 20 дена пред мечот со Михалидис. Ако го земат под своја капа ветуваат напад на светската титула. За Смилевски наредната цел е интерконтиненталната титула.

ipon.mk/ В.Д.

Стојанов поразен во полуфиналето на ФФЦ турнирот во Загреб

0

Познати се финалистите на третото издание ФФЦ Фјучерс 3 по две извонредни кола, кои се одржаа во вчера во салата„Сутинска врела“ во Загреб. Овој настан го проследија голем број на љубители на овие спортови. Нашиот Виктор Стојанов во ММА до 70 килограми во полуфиналето загуби со едногласна одлука на судиите од Босанецот Немања Миљаковиќ.

futures_6663

Така Миљаковиќ во финалето ќе се бори против сонародникот Владимир Продановиќ.Во другите финални борби на ММА ќе се сретнат: – 77 кг. Стефан Звијер (БиХ) – Тилен Коларич (Словенија), – 84 кг. Марио Марковиќ(Хрватска) – Бруно Гуштовиќ (Хрватска), ММА –93 кг. Виктор Васиќ (БиХ) – Ивица Тадијанов (Хрватска) и во супер тешка Фахрудин Феризовиќ (БиХ) – Мате Зенати (Унгарија). Во кик бокс: – 70 кг. Валентин Рибалко (Украина) – Никола Цимеша (Србија), – 77 кг. Марко Драговиќ (Србија) – Дезцо Бакач (Унгарија) и – 85 кг. Никита Чуб (Украина) – Марин Чарапина (БиХ).

 

Златен медал за Берат Јакупи во Премиер лигата

Берат Јакупи од КК Фати од Гостивар ја потврди формата и во германскиот град Ханау каде што во категоријата до 84 клиограми го освои првото место. Јакупи во финалето го совлада Русинот Александар Алеив со 1:0.berat

Третото место го поделија Нело Маестри од Италија и Милош Јовановиќ од Србија. Оваа победа му ги отвора вратите на Јакупи за висок пласман во конечниот пласман во Карате 1 Премиер лигата.

Јакупи до златниот медал сигна откако второто коло славеше против Филип Суси (Канада) со 5:0, а во првото беше слободен. Во третото коло го совлада Данецот Кевин Корт со 7:3, а најтешката борба му беше со Летонецот Андрејс Озеровс, кого го совлада минимално со 1:0. Потоа следеа триумфите над Нело Маестри од Италија со 4:1 и Волд Донован од Холандија со 5:0.

Победата му ги зголемува шансите за титулата во вкупен пласман во категоријата до 84 кг во Карате 1 Премиер лигата, затоа што најголемите конкуренти за златото, Гркот Михал Цанос и Азербејџанецот Ајхан Мамаев не настапија на овој турнир.

Јакупи е актуелен европски првак од Лисабон, и повеќекратен европски шампион во јуниорска и кадетска конкуренција, На Светското првенство за сениори во Гвадалахара (Шпанија), Јакупи го освои третото место и бронзениот медал.

Покрај Јакупи во днешната програма настапија уште Огнен Груевски (-84 кг.) од Металург, кој загуби со 0:2 во првото коло од Турчинот Гокхан Гиндиз.Од другите наши каратисти, во Ханау најуспешни беа Иво Цветковски и Симона Заборска. Цветковски (-75 кг.) ги победи Микеле Асани (Италија) со 2:0, Абдула Руина (Мароко) со 3:1, Робин Винтерс (Германнија) со 2:0, но загуби од Турчинот Сехан Јагчи со 0:1. Во оваа категорија настапи и Енес Смаилагиќ, кој уште на стартот беше поразен од Турчинот Ерман Елметур со 0:3.

Заборска (-61кг.), беше слободна во првото коло, во второто ја победи Дилета Бенедето (Италија) со 3:0, во третото Стефан Машаду де Оливера Маике од Бразил со 3:0, но потоа со прегласување на судиите загуби од Французинката Лејла Ерто, при резултат 0:0..

Другите наши каратисти немаа многу среќа. Наташа Стефановска (-61 кг.) загуби на од Стефани Кауп (Австрија) со 0:3, Сара Радичевска (-55 кг) беше елиминирана уште во првото од Марија Кулинкович (Белорусија) со 0:2, Моника Стефановска ја мина Финката Тита Кеиненен со 1:0, а потоа загуби со 0:2 од Шпанката Кристина Вициано.

Утре настапува Жарко Арсовски (+ 84 кг.), кој е трет во вкупен пласман по победата на турнирот во Париз. Тој во првото коло се среќава со Данецот Кристијан Јакоб.

„Карате 1 Премиерлигата“ завршува со натпреварот во Салцбург, Австрија, на 11 и 12 октомври, а турнирот во Ханау собори рекорд по бројот на учесници. Беа пријавени 867 спортисти од 59 држави. Во ноември, исто така во Германија, но сега во Бремен, ќе се одржи Светското првенство за сениори, така што турнирите од Премиер лигата се генерална проба пред најголемиот настан оваа година.

ipon.mk/В.Д.

Мејведер спие со еден куп пари!

Mejveder so pari

Од само нему познати причини, случајно или намерно, боксерот Флојд Мејведер си поставил слика на Инстаграм со еден куп „зелени банкноти“, по што се дигна голема прашина.

„Кој може да ми даде предлог како да ја крстам сликава“, напишал прашален статус на сликата.

Голем дел од фановите му напишале предлози, но на многу од нив имало и негативни пораки и препораки, дека овој пат навистина забегал.

Мејведер во кариерата има 47 победи, а само од последните борби нови 32 милиони долари,.
Кој знае, можеби си ја предизвикува судбината…

 

Величенствена таеквондо атмосфера во Мексико

Мексиканската таеквондо федерација пречека 10 илјади спортисти на „1-то ВТФ Светско клубско првенство во таеквондо“ кое го организираше Светската таеквондо федерација (ВТФ).

10 iljadi narod na taekvondo vo meksiko

Никој не можел да замисли дека може да се организра еден ваков грандиозен настан. Според љубителите на оваа вештина, но и самите натпреварувачи, како и новинарите, најголемиот настан на планетава не може да се организра на друго место освен во „главниот град на таеквондото“ Мексико.

Вистината за поразот од Кро Кап: Никогаш не бев поблиску до смртта (ВИДЕО)

0

Поранешниот легендарен борец во ММА, Вандерлеи Силва, во разговор за поратлот Combate.com, открива една занимливост од својата богата кариера која е интересна за приврзаниците на овој спорт од регионот. Имено, Бразилецот кажува дека дека борбата со Хрвтот Мирко Филиповиќ -Кро Кап, која ја загуби, му била најтешка во кариерата.

silva kro kap

„Мојата најголема борба беше против Лидел. Изгубив со одлука на судиите но уживав во неа. Беше цврст и имаше тешки раце, во втората ринда успеав да го исфрлам во нокдаун. Приредивме сјајно шоу. Мојот втор избор би бил со Брајан Стан, тој беше многу цврст противник, а јас ја имав една од најдобрите изведби во кариерата“, рекол Силва.

Кро Кап во борбата на Гранд Прито славеше против Силва во втората рунда, во која со фантастичен хај кик го „испрати на спиење“ Бразилецот, разбивајќи му ја главата притоа. Во текот на целиот меч Филиповиќ беше уверливо подобар, и слободно може да се каже дека тоа му е најголемата победа во кариерата. За да биде уште поголема оваа победа Мирко Филиповиќ го освои наведениот Гранд При турнир.

ЕКФ е забрани учество на Европското шотокан првенство во Албанија

Европската карате федерација (ЕКФ) преку Балканската карате федерација на своите членки, односно клубови, кои пратиципираат во националните федерации, а се под капата на ЕКФ, им забрани учество на сите заинтересирани клубови на Европското шотокан првенство во Тирана, Албанија, кое ќе се одржи во октомври.

Во дописот на ЕКФ се нагласува дека не може да гарантираат усогласеност со правилата и условите дефинирани во Статутите и регулативите на ЕКФ.

Дописот е испратен од генералниот секретар на ЕКФ Стјепан Целан.

Канцеларијата на Карате федерацијата на Македонија го проследи до клубовите во Федерацијата.

Во дописот на ЕКФ се нагласува дека не може да гарантираат усогласеност со правилата и условите дефинирани во Статутите и регулативите на ЕКФ.

Дописот е испратен од генералниот секретар на ЕКФ Стјепан Целан.

Канцеларијата на Карате федерацијата на Македонија го проследи до клубовите во Федерацијата.

ipon.mk/ В.Д.

IPON