Home Blog Page 3228

ЏИТ КУН ДО – оружје за совладување на сопственото его

ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини.

ivica samoodbrana

Филмовите на Брус Ли биле инспирација за многу млади да почнат да се бават со боречки вештини, а кај нас, пред се со карате. Славниот Ли почнува со кунг фу, но подоцна прави свој стил на боречка вештина, која всушност е комбинација од повеќе боречки вештини. Својата вештина Ли ја именувал како ЏИТ КУН ДО (ЏКД) или оружје за совладување на сопственото его. Следбеници на оваа вештина има и во нашата земја. Затоа сакаме поблиску да ви ја претсавиме оваа вештина, која Ли му донесе светска слава, а и најмногу ги популаризираше боречките вештини.

Едноставноста е најбрзиот пат до успехот, па затоа ЏКД делува брзо и едноставно, и во реална ситуација ги применува сите оние техники што се најреални и во моментот најкоректни. ЏКД му дава предност на отсуството на облик, на форма, зашто тогаш ги зема сите техники што му се потребни за да ја постигне целта. Во Џит кун до важи една мудра изрека “Доволно е доволното”. ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини. Го зема она што му е потребно и го отфрла она што му пречи, така на некој начин формира свој систем на борба. ЏКД го принудува вежбачот да размислува и да си ја прилагоди вештината на своите потреби и можности за да биде природен, а не да го стави во стеги и да го принудува да се определува вештачки по одредени шаблони.
Џит кун до-то е како вода, значи, исто како што водата се прилагодува на садот во кој е ставена, така и вештината се прилагодува на настанатата ситуација. Во една изрека се вели: “Со прст ќе ти покажам кон небото, но не се фокусирај на врвот на прстот зошто ќе ја испуштиш целата убавина на небото”. Така и ЏКД е еден вид патоказ на патот кон самооткривање и саморазвивање.

23
Многу вежбачи сакаат нешто повеќе и нешто различно секој ден, секој тренинг, но не ја сфаќаат суштината на основните движења и техники. Ако градите куќа и ако темелите се слаби, колку и да е скапа и убава таа куќа нагоре, секогаш ќе постои можност при најмал потрес таа да се сруши. Без форма, не значи дека немате ниту една форма, туку дека ги поседувате сите форми, без пат не значи дека немате ниту еден пат, туку дека ги имате сите патишта и моќта да го изберете најкраткиот и најприлагодениот пат за Вас. Не се работи за тоа да се стекнуваат нови работи, туку, секојдневно да се отфрлаат непотребни работи кои го оптоваруваат вашиот ум и го попречуваат неговото делување. При вежбањето на боречките вештини има неколку “болести” и тоа се: желбата да се победи, желбата да се покаже она што сте го научиле, желбата да се преплаши противникот итн. Уметноста живее онаму каде што е слободата, а токму тоа е ЏКД. Секогаш имаме повеќе доверба во она што го имитираме, отколку во она што сами, најприродно, би го извеле. ЏКД ве учи да ги следите принципите, но не по секоја цена да ја “имитирате” техниката, затоа што имитирањето не е лично искажување, туку шаблон, рутина, а рутината е лоша работа. За да бидеме нешто повеќе од она што сме, треба прво да сме свесни за она што не сме. ЏКД представува оружје за совладување на сопственото его, сопствените емоции. Ако нападот е најдобра одбрана, ве учи во конкретна ситуација први да нападнете и на тој начин да се одбраните.
Познавањето на себе си е основа на ЏКД.
Пред 50 години било незамисливо да се комибнираат боречките вештини. Креаторот на Џит кун до-то , Брус Ли, е “таткото” на денешните многу популарни мешани боречки концепти и натпревари ( Ултимејт фајт, Прајд, Шото и други). Уште во тоа време кажувал дека нема лоша боречка вештина и дека секој вештина има одредена “мана” (во бокс нема удари со нозе, во џудо нема удари итн.), па затоа е добро да се комибнираат. ЏКД-то го креирал така што земал движења од мачување и западниот бокс, удари со нога од карате, таи бокс, савате; удари со раце од бокс, таи бокс, кали, разни фрлања и борба на под од џудо, џиу џицу. Денес сме сведоци на големата популарност на Ултимејт фајтот и гледаме дека таму се применуваат разни боречки вештини, слично на размислувањата и креацијата на Брус Ли уште пред 50 години.
ipon.mk/ Ивица Алексовски

 

Нова шанса за каратистите во Премиер лигата

Македонските каратисти во сабота ќе се борат за подобар пласман во Карате 1 Премиер лигата. Ова коло од Лигата ќе се одржи во Ханау, Германија.

Жарко Арсовски
Жарко Арсовски

Ова е прилика дел од нашите каратисти да ги подобрат изгледите за освојување на медал во конечниот пласман.

Во претходното коло ката тимот на КК Ронин од Прилеп го освои бронзениот медал.

За Германија отпатуваа Жарко Арсовски, Симон Антиќ, Симона Заборска, Сара Радическа, Наташа и Моника Стефановски  од КК Макпетрол; Иво Цветковски, Огнен Груевски, Ико Ташов и Мартин Несторов од КК Металург; Енес Смаилагиќ од КК Цветан Димов, Дејан Црничиќ-КК Кеикс, Берат Јаупи-КК Фати, Шабан Мурати-КК Струга, како и ката тимот на КК Ронин-Марија и Мишела Димоски и Поликсенија Јованоска.

Големата боречка ѕвезда не може да верува како изгуби милиони! (ВИДЕО)

0

УФЦ ѕвездата Џон Бонеса Џонс, очигледно, скапо ќе го чини неодамна предизвиканиот инцидент со непоразениот борец Даниел Кормиер. Имено, покрај тоа што го казни Атлетската комисија во Невада, сега и познат американски спортски бренд му го раскина богатиот договор.

Џон Џонс

Ќе потсетиме дека главните актери на УФЦ Медиа Дејџу се судрија на бината пред камерите. Целата работа ја почна Кормиер, кој го фати за вратот актуелниот првак во полутешка категорија и го турна. Џонс не му остана должен. Па така почна туркањето и стана мешаница во која го скршија рекламното пано, при што и двајцата паднаа од бината. Очиглледно дека се се плаќа. Според извори блиски на борецот, договорот со познатиот спортски бренд требало да му донесе годишна заработка дури со шест нули.

Покрај тоа, Џонс беше единствениот ММА борец што имаше договор со така силен бренд, кој посебно се истакнуваше со својата линија тениски патики, кои веќе не ги произведува.

Било како било, Џонс перживува тешки „финансиски“ моменти. Едноставно, и самиот не мож да верува како дошло до тоа.

Кајевиќ ќе се бори против Малихудис

По подолго време во Македонија ќе има професионален боксерски меч. Нашиот боксер Драгомир Кајевиќ во тешка категорија до 91 килограм, ќе се бори против Шарилис Малихудис од Грција.

Драгомир Кајевиќ
Драгомир Кајевиќ

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во сабота ќе приушти боксерски спектакл на љубителите на благородната вештина. Овој меч е вовед за борбата за балканската титула .

„ Подготвен сум за борбата и очекувам да победам. Имав добри подготовки изминативе 15 дена, а искуство стекнав во Хамбург каде бев спаринг партнер на неколку познати боксери“, изјави на прес-конференцијата Кајевиќ, кој досега има две борби и исто толку победи.

Миле Смилевски, кој има богато искуство во професионалните бокс мечеви, како тренер на нашите успешни боксери Тони Насковски и Тони Јаневски, ќе биде и покрај Кајевиќ.

Програмата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 20 часот, со ревијални, воведни борби и тоа, две во женска конкуренција и две за млади боксери од Македонија.

Организатор на спектаклот е БК „Водно“ од Скопје.

Мајк Тајсон му помогна на повреден моторџија (Фото)

Поранешниот светски првак Мајк Тајсон, кој во текот на кариерата го пратеше имиџот на агресивност и бруталност, минатата недела го покажа свото хумано лице.

Rob Ford, Mike Tyson

Тајсон му притрча во помош на несреќниот моторциклист кој доживеа несреќа кога на автопатот во Лас Вегас го собори таксист.

Рајан Чесли, кој при паѓањето се здоби со повеќекратни скршеници и ги скина лигамнтите, се шокирал кога над своето лице го видел Тајсон, кој се обидувал да му помогне.

„Тајсон им викаше на останатите луѓе да не го допираат, за уште повќе да не го повредат“, им го раскажал настанот на новинарите Асошиетет прес адвокатот на поведениот мотоџија.

Чесли во тие мигови мислел дека халуцинира. Кога дошла итната помош, незабележано, Тајсон си заминал.

Асистентот на Тајсон, Стив Лот, открил дека во петокот боксерот примил корпа со овошје од Чесли, во знак на благодарност.

„ Ви благодарам што се грижевте за мене и по несреќата“, напишал 29 годишниот моторџија.

Знам да молчам, ама само понекогаш (Фото и Видео)

Тајсон Фјури има репутација на екцесен борец, боксер кој не се стега да истури куп навреди на противникот, но и да се степа ако треба.Tajson Fjuri

Овој пат на конференцијата за новинари пред средбата со Дерик Чисоро си залепи фластер на устата поради казната од 15.000 фунти заради навредливиот говор на претходната конференција.

„Петнаесет илјади фунти се многу пари, ниту најмалку не му забележувам. Јас не би го направил истото, туку би молчел, но, го разбирам“, изјави Чисоро.

Поради сето тоа, малку помалку се обарна внимание на тоа дека тие двајцата се боксираат за во ноември да добијат прилика да го предизвикаат Владимир Кличко.

„Ќе бидам потполно подготвен и тоа ќе биде многу интересно. Нема да ги боксираме сите 12 рунди“, додаде Чисоро.

Првиот меч во јуни беше одложен поради повредата на раката на Чисоро, додека новиот ќе биде на 29 ноември во Лондон.

Миличиќ: Ќе летаат пердуви

milicik konferencija

Сега веќе поранешниот НБА кошаркар Дарко Миличиќ, откако реши да му се посвети на кик боксот, ја најави и првата борба, која треба да биде од хуманитарен карактер. И официјално денес стана заштитно лица на ВАКО про федерацијата, а ја доби поддршката  на луѓето од Мега промоушнс.

„Се почна пред година ипол. Дојдов во клубот да тренирам, работевме долго и се случи хуманитарна акција што ја покрена Ненад Пагонис, каде што можеше да се купи неговиот појас. Сакав да го купам. Тоа и го направив. Кога дојдов дома размисував зошто го купив тоа, кога можам и да го освојам. Ги засилив тренинзите и реков ќе видиме што ќе биде“, раскажа Миличиќ како почнал да се занимава со кик бокс.

Тој откри дека неколку пати тренирал со светскиот шампион Ненад Пагонис, кој му помогнал да напредува. Што се однесува до првата борба, Миличиќ најави сериозен меч, но истакна дека се уште нема точен датум за неа.

„Имам идеја која кога-тогаш ќе биде реализирана, да биде од хуманитарен карактер, но меч како меч нема да биде наместен. Нема поигрувања, тоа ќе биде сериозна тепачка. Не знам кога ќе биде, ама ќе објавиме кога се ќе биде договорено“, рече Миличиќ.

Поранешниот втор пик на драфтот на НБА истакна дека сака сериозно да се посвети на кик боксот.

„Ние се подготвуваме, работиме како да бидам пофесионален борец. Со обзир на тоа дека имам три деца и обврски, потребни се големи одрекувања. Времето ќе покаже, нема да одам далеку во оваа приказна ако не можам 100 отсто да и се посветам. Се надевам на најдобото“, нагласи Миличиќ.

Британецот Вилсон излезе од кома (Фото)

Британскиот боксер Џером Вилсон излезе од вештачка кома по операцијата на мозокот, пренесоа вчера британските медиуми.

Вилсон на 12 септември беше нокаутиран од Серж Амбомо, по што доживеа сериозна повреда на главата.

„Тој направи неверојатен напредок последните три-четири дена. Излезе од кома и секој ден делува се појако“, изјавилл неговиот промотор Дејв Калдвел за Би Би Си.

Според Колдвел, Вилсон се уште не може да се поместува или да зборува, но дека е свесен што му зборуваат луѓето околу него.

Наводно, Амбомо клекнал покрај Вилсон ккога го нокаутирал и го бакнал во глава, несвесен дека неговиот противник е ноккаутиран. Подцна камерунскиот боксер се извинил за тоа.

Вилсон се натпреварува во велтер категорија, пред кобната борба имаше 8 победи и 2 порази. Дебитираше во феруари 2010 година.

Ефектен нокаут на Стојанов (Видео)

Глигор Стојанов со ефектен нокаут го совлада својот противник во тајландски бокс за 1:04 секунди.

Турнир 40 години КК„Цветан Димов“

КК Цветан Димов
КК Цветан Димов

Најуспешни клубови на меѓународниот турнир на КК „Цветан Димов“ од Скопје се: Форца од Скопје со 12 први места, 4 втори и 2 трети, следува Штип со учинок 5-1-3 и Енергија од Тирана, Албанија, 4-2-0. Учество земаа 30 екипи од Македонија, Србија и Албанија.

Кумите женски сениори +57 кг. 1Вељковиќ Александра Ниш – Ниш

Кумите женски сениори -57 кг. 1 Аранѓеловиќ Бранка Ниш – Ниш

Кумите машки 2001 год. +50 кг. 1. Весели Фахик Олимпик Спорт 2007 – Скопје 2. Петров Мартин Маваши – Скопје 3. Џафери Илир Шкендија – Тетово3 Фетаи Леотрим Ринија – Матејче

Кумите екипно женски кадети 1. Форца – Скопје – Асани Есма, Ајдини Верона, Бајрами Усаме

Кумите екипно машки кадети Форца – Скопје МАКЕДОНИЈА

Кумите екипно машки кадети 1. Штип – Штип – Ефремов Филип, Стефанов Ване, Веселинов Драган

Кумите екипно машки сениори Штип – Штип

Кумите екипно машки сениори 1. Металург – Скопје – Ќосовиќ Емир, Крстевски Виктор, Исмаил Азиз, Ќосовиќ Семир

2. Цветан Димов – Скопје  – Келебиќ Ненад, Илијаз Озкан, Гавровски Дарко, Смаилагиќ Енес

Кумите машки 2004 год. -35 кг. 1. Османи Висар Ринија – Матејче 2. Цека Дардан Шкендија – Тетов0 3. Димов Ѓорѓи Токаидо – Росоман 3.Селими Мухамед Фати – Гостивар

Кумите машки јуниори +60 кг.1. Апостоловски Стефан Маваши – Скопје 2. Мисини Ирфан Башкими 2002 – Куманово 3. Делов Ванче Штип – Штип 3. Абдули Леунор Ускана – Кичево

Кумите машки јуниори -60 кг. 1. Јованов Мартин Маваши – Скопје 2. Кадриу Бесник Куштрими – Скопје

Кумите машки ветерани 1. Давитковски Христаки Цветан Димов – Скопје

Кумите машки кадети +55 кг1. Јаији Аљбан Башкими 2002 – Куманово 2. Станковиќ Петар Ниш – Ниш 3. Махмути Адријан Шкендија – Тетово 3. Ефремов Филип Штип – Штип

Кумите машки кадети -55 кг. 1. Рамадани Шкелќим Башкими 2002 – Куманово  2. Бајрами Усаме Форца – Скопје 3. Фетаи Ули Фати – Гостивар 3. Веселинов Драган Штип – Штип

Кумите машки сениори +75 кг. 1. Пешиќ Никола Ниш – Ниш

Кумите машки сениори -75 кг. 1. Стојменов Мартин Партизан – Кочани 2. Гавровски Дарко Цветан Димов – Скопје 3. Смаилагиќ Енес Цветан Димов – Скопје 3. Идризи Албион Шкендија – Тетово

IPON