Првиот ден на Светското првенство во кати во Малага, Шпанија, се случи големо изненадување, по седумгодшна доминација јапонците не се први.
Германскиот мешан тим, Вофганг Дакс-Ромсвинкел (444 поени) и Ула Лосен ги совлада јапонците Ецуко Јокојама и Чигуса Омори (442) во џуно ката. Третото место им припадна на романските џудисти Алина Захариа и Алина Черус. Вториот ден работите си дојдоа на место.Во другите дисциплини репрезентативците на Јапонија ме дозволија изненадување. Во добро светло се покажаа Иран и Италија.
Кристијан Воденски кој е по потекло од Македонија е вистинско чудо на боречките вештини. Речиси во сите боречки дисциплини тој ги освојува првите места во Германија.
Дамјан и Елена Стојчевски од Сиднеј се новите шампиони на Австралија во борење за јуниори. Првенството се одржа во неделата во салата на универзитетот Викторија во Мелбурн.
Дамјан и Елена се брат и сестра кои нижат големи успеси во боречките вештини во Австралија. Досега имаат учествувано и на меѓународни натпревари. Заслугите за нивните успеси може да му се припишат и на нивниот татко Горјан Стојчевски. Тој е мајстор за боречки вештини и нивен ментор. Горјан по потекло е битолчанец а живее со семејството во Сиднеј.
Големата надеж на светската и српската кошарка Дарко Миличиќ ја заменува топката со боксерски ракавици.
Дарко Миличиќ
Според српските медиуми, дефинитивно е завршена кошаркарската кариера на поранешната НБА ѕвезда. Миличиќ официјално влегува во професионалните кикбоксерски води.
Утре ќе го потпише договорот со Светската кикбокс асоцијација (ВАКО), а на церемонијата ќе биде најавена и неговата прва К1 борба која сигурно ќе предизвика голем интерес.
Поранешната кошаркарска ѕвезда (Хемофарм, Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота, Бостон), беше втор пик на драфтот во 2003 година (зад Леброн Џејмс), но веќе две години нема клуб. Последниот период е концентриран на тренинзите поврзани со новата кариера и јасно е дека добро подготвен за предизвикот.
Македонскиот вундеркинд за боречки спортови Кристијан Воденски го освои првото место на „Германија опен“ во бразилско џиу џицу, што се одржа вчера. Нареден предизвик за Воденски е Оками купот на 4 октомври во Лимбург, Германија.
Ќе потенцираме дека Воденски пред неколку денови ја одби понудата на германската репрезентација во кик бокс и се изјасни дека ќе настапува за Македонија.
Тројца борачи и една џудистка станаа стипендсти на Македонскиот олимпски комитет (МОК) од вкупно 11 спортисти. Согласно Олимписката програма Рио 2016, МОК во блиска соработка, консултација, координација и комуникација со националните спортски федерации (НСФ), но и со соодветните Меѓународни спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), обезбеди 11 стипендии за нашите најдобри спортисти кои како предлог на НСФ беа испратени до МОК.
Корисници на олимписката стипендија, во наредните две години ќе бидат:
1. Јасин Реџелари (борење) 800 американски долари
2. Дејан Богданов (борење) 800 американски долари
3. Бобан Данов (борење) 800 американски долари
4. Марко Блажевски (пливање) 800 американски долари
5. Анастасиа Богдановски (пливање) 800 американски долари
6. Катерина Николоска (џудо) 666,666 американски долари
7. Нина Балабан (стрелаштво) 666,666 американски долари
8. Ана Ивановска (спортско стрелаштво) 666,666 американски долари
9. Ристе Пандев (атлетика) 666,666 американски долари
10. Валбона Селими (атлетика) 666,666 американски долари
11. Јован Јовановски (велосипедизам) 666,666 американски долари
Денеска во просториите на МОК, свечено беа потпишани договори за финансирање на олимписките програми на нашите спортисти-корисници на олимписката стипендија РИО 2016. Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК, за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016.
Овој список не е конечен, бидејќи доколку одредени спортисти/спортистки не го покажат најдоброто од себе односно не покажат подобрување на своите резултати, во тој случај тие ќе бидат одстранети од списокот на стипендисти на МОК.
Три сребрени и два бронзени медали освоија македонските каратисти на Медитеранското
првенство за сениори, кое викендов (13-14 септември) се одржа во црногорскиот град Бар,
во конкуренција на 182 натпреварувачи од 12 држави.
Берат Јакупи во борби во категорија до 84 килограми, Иво Цветковски во борби до 75
килограми и женскиот ката-тим (Пулексенија Јованоска, Маријана Димоска и Мишела
Димоска) се закитија со сребра, додека Наташа Стефановска во борби до 61 килограм и
Моника Стефановска во борби до 68 килограми освоија бронзи.
На Медитеранското првенство покрај Македонија учествуваа и Италија, Хрватска,
Франција, Египет, Турција, Србија, Босна, Црна Гора, Мароко, Кипар и Албанија.
Во текот на оваа недела (23 јули 2014 г.) во Лозана беше одржан најзначајниот состанок во
историјата на каратето, каде по тридневните преговори падна договор да се обедини овој
спорт.
По 35 години каратето е повторно обединето и ќе биде под закрилата на едно телo –
Унијата на светското карате, поради тоа што сите стилови сега се заедно.
„Ова е остварување на сонот. Толку години се обидувавме да дојдеме до обединување и
тешко е да се поверува дека конечно успеавме во тоа. Но, сето тоа е резултат благодарение
на нашите разлики и комбинации на нашите сили“, изјави првиот човек на Унијата на
светското карате Ричард Јоргенсен.
Првото обединето Светско првенство во карате ќе биде одржано следната година во Сао
Паоло.
Каратето, инаку, е најмасовниот спорт на светот, но не и олимписки поради непостоењето
на единствени правила при борбите.