Македонските џудисти продолжуваат да редат успеси и да носат медали од Балканските првенства. Последниот успех за македонското џудо го донесе репрезентативката Арбреша Реџепи која од Балканијадата, што се одржа 11-12 јули во Пловдив, Бугарија, се врати со бронзен медал од пионерска категорија до 40 килогирами.
За потсетување, на Балканското првенство нашата репрезентација отпатува со 5 џудисти, 3 во машка и 2 во женска конкуренција: Јорданчо Ѓорѓиоски кој во категоријата пионери до 38 килограми заврши како седми, Хамза Јашари беше петти во категоријата до 42 килограми, Еди Шерифовски остана без пласман во категоријата 50 килограми, а Ана – Марија Трајческа го освои петтото место во категоријата до 48 килограми.
Андреј Арловски се врати! Поранешниот УФЦ-от првак им возврати на сите коишто пред борбата со Антонио Силва веќе го имаа „погребано“, а тој спектакуларно го нокаутираше Бразилецот. Глеисон Тибо ја забележа 15 победа во УФЦ, и тоа против Пјотр Халман со судиска одлука.
Арловски
Каква спектакуларна победа и какво „воскреснување“! Така најдобро може да се опише она што беше видено во Брзаилија на Fight Nightu 51, ноќта на 13 спрема 14 септември. Андреј Арловски, кој беше прогласуван за голем аутсајдер, го нокаутираше Атонио „Бигфут“ Силва, со што дојде до победа која го врати во врвот на светските тешкаши.
Се беше готово во првата рунда, која, речиси, три минути изгледаше како испитување на силите, без посебна желба за посериозен напад. На карајот оваа тактика одлично се заврши во корист на Арловски, бидејќи го осети противникот дека премногу е опуштен, го нападна со седна добра серија и го урна Бразилецот, а потоа на подот го доврши. Голема победа на поранешниот првак и доказ дека организаторот повлекол добар потег со враќањето на Арловски.
До својата 15 победа во УФЦ дојде и Глеисон Тибо. Во борба против поагресивниот Пјотр Халман му запали тактиката која се базираше на уривање. На крајот ги имаше дури пет, а бидејќи беа исти по бројот на удари, кои беа пресудни за победата. Еден судија му додели победа на Хелман. Сепак, двајца судии ја видоа уверливата премоќ на Бразилецот, кој заслужено славеше.
Со судсики одлуки победија Тијаго Сантош и Лури Алкантре. Скоро по една година пауза настапи и единствениот Аргентинец Сантијаго Понзинибио, кој, експресно, со нокаут славеше против Вендел Оливеира. До нова победа и УФЦ скор од 3:0 дојде и Џесика Андраде. Во воведната програма славеа и Годфредо Кастро, Џорџ Саливен, Франциско Триналдо, Шин Спенсер и Рани Јаја.
Се на се, 11 борби, шест од нив завршија со прекин и неколку одлични борби што завршија со судиски одлуки.
Емил Павлов на Европското првенство за сениори стана европски шампион. Првенството се одржа во финскиот град Тампере од 1 до 5 мај годинава. Павлов во категоријата до 60 кг. го освои златниот медал.
Емил Павлов-Европски првак
Македонскиот репрезентативец во големото финале во категоријата -60 килограми, во доминантен стил го одработи мечот против Данецот Каспер Лидегард, кому не му остави ни најмала надеж дека може да дојде до златото. Уште на стартот, во стил на искусен каратист, Павлов освојуваше поен по поен, и во последната минута од финалната борба влезе со огромна предност од 5 : 0. Малото опуштање му донесе два поена за противникот, но до крајот нашиот репрезентативец освои уште еден поен, и со импресивни 6 : 2 го заврши финалето во манир на вистински шампион. Павлов ја комплетира фантастичната серија победи на вкупно 5, во кои најпрвин завчера ги освојуваше симпатиите по победите над уште четворица свои ривали од БиХ, Швајцарија, Франција и од Холандија.
„Пресреќен сум од постигнатиот успех. Можеби се уште не сум свесен што постигнав, затоа што тоа е остварување на сонот многумина каратисти од минатото. Направив навистина нешто посебно, за што сум горд, но ова е успех за кој се најзаслужни моите тренери Сашко и Жарко Арсовски кои се носители на медали од европски и светски првенства, и секако Карате федерацијата на Македонија и претседателот Драган Стојановски. Тие ни ги овозможуваат сите услови, а ние каратистите се обидуваме да им возвратиме со достојни настапи. Не знам што уште да кажам во моментов, едноставно сум пресреќен од ова што го направив во Тампере, но ветувам дека нема да застанам тука. Имам уште многу пред себе во кариерата“ – изјави Емил Павлов, првиот Македонец кој освои златен европски медал.
Со овој огромен успех, македонското карате ја испиша најсветлата страница во историјата на европските шампионати. Досега имавме златен медал во 2011 година, благодарение на Наташа Илиевска која ја освои европската титула во категорија -55 кг, но ова е првпат химната на Република Македонија да се интонира на континенталните шампионати во машка конкуренција.
Италија е најуспешната репрезентација на ЕП со седум освоени медали, од кои 4 се златни, 2 сребрени и 1 е бронзен. Потоа следува Турција (3-3-3), додека Шпанија е трета најуспешна нација (2-2-3). Македонија е во групта репрезентации кои го заземаа шестото месо со по еден златен медал.
Најталентираниот Македонец за боречки вештини Кристијан Воденски, кој живее во Германија, а по потекло од Струмица, е пред нови предизвици . Тој одлично ги владее каратето, кик боксот, борење, бјј/граплинг. На 21 септември ќе насатпи на „Германија опен“, а на 15 ноември ќе земе учество бјј/граплинг во Париз, Франција, на НАГА Европа.
– Германската репрезентација во кик бокс го побара Кристијан на Светското првенство во Хрватска на 23 октомври да настапува за Германија- ни изјави неговиот тренер и татко Ванчо Воденски, кој е поранаешен каратист.
Досега Кристијан настапуваше под боите на македонското знаме.
Да потсетиме дека Кристијан има само осум години и е шампион на Германија во кик-бокс во категориите семи контакт и лајт контакт до 25 килограми. Досега имал 48 борби, при што има: 40 победи, 5 порази и 3 нерешени средби. Негов најголем успех е победата на турнирот „НАГА“, кој важи за најголем турнир во светот за бразилско џиу-џицу. Амбициите на Кристијан се да сатне светски шампион во „ултимејт фајт“. Кандаскиот натпреварувач во УФЦ, Џорџ Сент Пјер, мајстор по карате и бразилско џиу џицу, е идолот на Кристијан.