Емил Павлов европски шампион (Фото)

391
Европско првенство
Емил Павлов

Емил Павлов на Европското првенство за сениори стана европски шампион. Првенството се одржа во финскиот град Тампере од 1 до 5 мај годинава. Павлов во категоријата до 60 кг. го освои златниот медал.

Европско првенство
Емил Павлов-Европски првак

Македонскиот репрезентативец во големото финале во категоријата -60 килограми, во доминантен стил го одработи мечот против Данецот Каспер Лидегард, кому не му остави ни најмала надеж дека може да дојде до златото. Уште на стартот, во стил на искусен каратист, Павлов освојуваше поен по поен, и во последната минута од финалната борба влезе со огромна предност од 5 : 0. Малото опуштање му донесе два поена за противникот, но до крајот нашиот репрезентативец освои уште еден поен, и со импресивни 6 : 2 го заврши финалето во манир на вистински шампион. Павлов ја комплетира фантастичната серија победи на вкупно 5, во кои најпрвин завчера ги освојуваше симпатиите по победите над уште четворица свои ривали од БиХ, Швајцарија, Франција и од Холандија.
„Пресреќен сум од постигнатиот успех. Можеби се уште не сум свесен што постигнав, затоа што тоа е остварување на сонот многумина каратисти од минатото. Направив навистина нешто посебно, за што сум горд, но ова е успех за кој се најзаслужни моите тренери Сашко и Жарко Арсовски кои се носители на медали од европски и светски првенства, и секако Карате федерацијата на Македонија и претседателот Драган Стојановски. Тие ни ги овозможуваат сите услови, а ние каратистите се обидуваме да им возвратиме со достојни настапи. Не знам што уште да кажам во моментов, едноставно сум пресреќен од ова што го направив во Тампере, но ветувам дека нема да застанам тука. Имам уште многу пред себе во кариерата“ – изјави Емил Павлов, првиот Македонец кој освои златен европски медал.
Со овој огромен успех, македонското карате ја испиша најсветлата страница во историјата на европските шампионати. Досега имавме златен медал во 2011 година, благодарение на Наташа Илиевска која ја освои европската титула во категорија -55 кг, но ова е првпат химната на Република Македонија да се интонира на континенталните шампионати во машка конкуренција.

Италија е најуспешната репрезентација на ЕП со седум освоени медали, од кои 4 се златни, 2 сребрени и 1 е бронзен. Потоа следува Турција (3-3-3), додека Шпанија е трета најуспешна нација (2-2-3). Македонија е во групта репрезентации кои го заземаа шестото месо со по еден златен медал.