Арловски среде Бразил го нокаутираше Бигфут (Видео и Фото)

Андреј Арловски се врати! Поранешниот УФЦ-от првак им возврати на сите коишто пред борбата со Антонио Силва веќе го имаа „погребано“, а тој спектакуларно го нокаутираше Бразилецот. Глеисон Тибо ја забележа 15 победа во УФЦ, и тоа против Пјотр Халман со судиска одлука.

Бразил
Арловски

Каква спектакуларна победа и какво „воскреснување“! Така најдобро може да се опише она што беше видено во Брзаилија на Fight Nightu 51, ноќта на 13 спрема 14 септември. Андреј Арловски, кој беше прогласуван за голем аутсајдер, го нокаутираше Атонио „Бигфут“ Силва, со што дојде до победа која го врати во врвот на светските тешкаши.

Се беше готово во првата рунда, која, речиси, три минути изгледаше како испитување на силите, без посебна желба за посериозен напад. На карајот оваа тактика одлично се заврши во корист на Арловски, бидејќи го осети противникот дека премногу е опуштен, го нападна со седна добра серија и го урна Бразилецот, а потоа на подот го доврши. Голема победа на поранешниот првак и доказ дека организаторот повлекол добар потег со враќањето на Арловски.

До својата 15 победа во УФЦ дојде и Глеисон Тибо. Во борба против поагресивниот Пјотр Халман му запали тактиката која се базираше на уривање. На крајот ги имаше дури пет, а бидејќи беа исти по бројот на удари, кои беа пресудни за победата. Еден судија му додели победа на Хелман. Сепак, двајца судии ја видоа уверливата премоќ на Бразилецот, кој заслужено славеше.

Со судсики одлуки победија Тијаго Сантош и Лури Алкантре. Скоро по една година пауза настапи и единствениот Аргентинец Сантијаго Понзинибио, кој, експресно, со нокаут славеше против Вендел Оливеира. До нова победа и УФЦ скор од 3:0 дојде и Џесика Андраде. Во воведната програма славеа и Годфредо Кастро, Џорџ Саливен, Франциско Триналдо, Шин Спенсер и Рани Јаја.

Се на се, 11 борби, шест од нив завршија со прекин и неколку одлични борби што завршија со судиски одлуки.

УФЦ Фајт Најт 51, резултати:

Андреј Арловски – Антонио Силва – КО (Р1 2:59)
Глејсон Тибо-Пјотр Халман – поделена судиска одлука
Леонардо Сантош-Ефреин Ескудеро – едногласна судиска одлука
Сантијаго Понзинибио-Вендел Оливеира – ТКО (Р1 1:20)
Лури Алкантра-Расел Дуан – едногласна судиска одлука
Јесика Андраде-Лариса Пачеко – СУБ (Р1 4:33)
Годофредо Кастро-Дашон Џонсон – СУБ (Р2 2:31)
Џорџ Саливен-Игор Арохо – КО (Р2 2:31)
Франциско Триналдо-Леандро Силва – едногласна судиска одлука
Шин Спенсер-Пауло Тијаго – едногласна судиска одлука
Рани Јаја-Џони Бедфорд – СУБ (Р2 2:04)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО