Павлов го освои петтото место во Премиер лигата

По вчерашниот успех на Берат Јакупи Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Германија, кој го освои првото место во категоријата до 84 килограми, денес најзабележителен настап имаше Емил Павлов (-60 кг.) од КК Штип, кој во вкупниот пласман го освои петтото место.

Европско првенство
Емил Павлов- КК Штип

Тој борбите ги почна од тертото  коло, во кое беше подобар од Украинецот Олег Филипович, совладувајќи го со 2:1. Потоа ги победи Армен Асатариан (Русија) 3:2, Каспер Лудегард (Данска) со 1:0. Во клучниот меч за влез во финалето загуби од Даглас Борсе од Бразил со 4:1, за во репасажот да потклекне пред Русинот Евгени Плакутин, кој го совлада со 2:0.

Првото место го освои Ајкут Каја од Турција, второто Даглас Бросе (Бразил), а Калвис Калнинс (Латвија) и Евгени Плакутин (Русија) беа трето пласирани.

Ќе потесетиме дека Павлов е актуелен европски првак. Сепак, Павлов ја задржа третата позиција во вкупен пласман, а убедливо водат Италијанецот Лука Мареска и Иранецот Амир Махди Задех.

Од другите наши натпреварувачи добар настап имаше и Ико Ташов (Металург) во категоријата до 67 килограми. Тој ги победи Кими Шракле (Грузија) 1:0, Жереми Делес (Белгија) 2-1 и Жилиен ван Шил (Холандија) 2:1, а загуби од Олександар Какули (Украина) со 4:0. Но, треба да се забележи дека Ташов со борби почна од првото коло.

Во истата категорија настапија и Дејан Црничиќ (Кеикс), кој имаше две победи и еден пораз, а Тодор Ристески (Спорт) имаше скор од една победа и еден пораз.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО