Кајевиќ го победи Михалидис, ќе се бори за балканска титула

Kajevic 1Драгомир Кајевиќ во тешка категорија до 91 килограм го совлада Гркот Шарилис Малихудис со прекин во третата рунда. Двајцата противници се прикажаа во одбро светло, но цело време иницијативата ја имаше Кајевиќ. По силните удари што ги зададе нашиот боксер докторот не му дозволи на Михалидис да ја продолжи борбата.

Тренерот Миле Смилевски изразува задоволство од прикажаното и со нестрапление го очекува противникот за балканската титула.

„Можно е Бугаринот кој е балкански првак, а има 40 години, да се откаже од титулата, па така Кајевиќ може да се бори со друг боксер за балканската титула, додека бугарскиот боксер ќе се обиде да се бори за светски престиж. Очекуваме борбата за титулата да биде кон крајот на декември во ВБЦ верзија. Постои можност да се бори и за титулата сеславјански првак“, ни изјави тренерот Смилевски.

Од друга страна, на Кајевиќ му се насмевнува среќата и посериозно да влезе во професионалните води, бидејќи за него се заинтересирани промотерите од Хамбург, Германија, со кои поминал 20 дена пред мечот со Михалидис. Ако го земат под своја капа ветуваат напад на светската титула. За Смилевски наредната цел е интерконтиненталната титула.

ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО