Home Blog Page 3225

Инцидент: Бригс го собори Кличко (ВИДЕО)

Американската пропаганда во спортот, посебно во боксот, од поодамна ги помина границите на нормална комуникација. За да се зарботат што повеќе пари се прават и најниските работи, како лично навредување и тепање пред камери, иако во пракса спортистите се луѓе за пример.

wladimir_klicko_vo_voda_vs_brrigs_2014

Во таа насока е и последното видео, при што Шејнон Бригс, не бирајќи зборови, го провоцира и навредува апсолутниот светски владетел Владимир Кличко. Вакви работи тешко може да смисли. Најверојатно Бригс се идентификува со јунаците на своето време „Попај морнарот“ и навивал за Дибек (познатиот цртан филм).

Инцидентот се случи во Флорида, а доаѓа само два месеца по упадот во ресторанот каде што Кличко јадеше, а Бригс дојде и на идентичен начин го провоцираше одземајќи му го јадењето, по што следеше сцена „држете ме да не го натепам“.

Пролетер триумфираше во седум категории

0

На меѓународниот традиционален турнир во џудо за пионери и јуниори „Прилеп град Херој-2014“ џудистите на Пролетер од Прилеп освоија седум први места, додека натпреварувачите на бугарските клубови Илинден и Локомотив освоија шест, односно пет први места.

turnir 2Кастриоти од Косово има четири, а Сеишин од Прилеп и Вихрен од Бугарија по три први места.На турнирот учествуваа 205 натпреварувачи од 17 клубови: Македонија (11), Грција (1), Бугарија (3) и Косово (2), од кои 42 во женска и 163 во машка конкуренција.Турнирот го следеа селекторите на националната репрезентација како.Во СЕИШИН изразуваат задоволство, затоа што од година во година турнирот бележи раст по бројот на натпреварувачи, како и од бројот земјите учеснички.

Постигнати резултати по категории, пионери:

Кат. I место II место III место III место
27 кг. Михаил Касниоски Никола Магдески Марко Донески Марио Нелоски
ЏК ДРИМ ЏК СЕИШИН ЏК ДРИМ ЏК ДРИМ
 30 кг. Дардан Цена Николај Којчев Иван Којчев Јон Велиу
ЏК ПОЛИСИ ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК КАСТРИОТИ
34 кг. Арт Весели Даниел Желев Андреј Симоноски Алекс Генов
ЏК ПОЛИСИ ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ДРИМ ЏК ЛОКОМОТИВ
38 кг. Љубослав Григоров Давор Велкоски Резарт Хусеини Цветан Цветков
ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ИПОН ЏК Илинден
42 кг. Јорданчо Георгиески Алекс Руневски Цветан Данчов Георги Нацев
ЏК ПРОЛТЕР ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ИЛИНДЕН БГ
46 кг. Алдон Хетеми Даниел Брезнишки Мето Лашкоски Ветон Ајдин
ЏК КАСТРИОТИ ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ИПОН
50 кг. Алтин Кука Георги Граматиков Хамза Јашари Ронит Маревци
ЏК КАСТРИОТИ ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ИПОН ЏК КАСТРИОТИ
55 кг. Христо Дабовски Менде Кироски Мартин Крстанов Егзон Алиу
ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК КАСТРИОТИ
60 кг. Георги Динев Иван Данчов Ари Весели Борислав Митов
ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ИЛИНДЕН ЏК ПОЛИСИ ЏК ИЛИНДЕН БГ
66 кг. Васил Динев Стефан Ганчев Константин Шекероски Искрен Велчев
ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ПРИЛЕП ЏК ЛОКОМОТИВ
73 кг. Бојан Пашоски
ЏК СЕИШИН
73 кг. Костадин Цветков Јован Најдоски Павел Григоров Живко Галев
ЏК ВИХРЕН ЏК СЕИШИН ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК СЕИШИН
Пионерки:
Кат. I место II место III место III место
25 кг. Марија Илиевска
ЏК КОЖУВЧАНКА
28 кг. Ангела Боровичанин
ЏК ПРЕСПА
32 кг.  Теодора Тасеска
ЏК СЕИШИН
36 кг. Сара Велеска Јана Величкова
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ПРЕСПА
40 кг. Теодора Димеска Румејса Фејзула Нану Ставрула Розе Милкова
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ИПОН ЏК ИРАКЛИС ЏК КОЖУВЧАНКА
44 кг. Силвија Ефтимова Лилјана Неданоска
ЏК ИЛИНДЕН БГ ЏК ПРЕСПА
48 кг. Арбреша Реџепи Наталија Димеска Марија Томеска
ЏК ИПОН ЏК.ПРОЛЕТЕР ЏК ПРОЛЕТЕР
52 кг. Анамарија Трајческа Сара Петреска Наталија Динова Сара Пажеска
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК.ПРОЛЕТЕР ЏК МИОКИ ЏК СЕИШИН
+57 кг. Ванеса Алендарова Ристенче Јаневска Нојтсико Харанаоил Стефани Птреска
ЏК ВИХРЕН ЏК КОЖУВЧАНКА ЏК ИРАКЛИС ЏК СЕИШИН
Јуниори :
Кат. I место II место III место III место
 55 кг. Ајхан Неџдед Ѓеорги Григоров Ѓеорги Миладинов Борислав Велков
ЏК ИЛИНДЕН ЏК ИЛИНДЕН ЏК ИЛИНДЕН ЏК ВИХРЕН
60 кг. Борче Ангелов Марко Паноски Кирил Борисов  Илијан Скачев
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ВИХРЕН
66 кг. Владимир Стојаноски Марио Тодоров Агон Красничи Александар Ангелов
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ИЛИНДЕН ЏК.КАСТРИОТИ ЏК МИОКИ
73 кг. Лачезар Иванов Бојан Николовски Артан Рушити Александар Николоски
ЏК ИЛИНДЕН ЏК ВАРДАР ЏК ИПОН ЏК ВАРДАР
81 кг. Мал Муса Дритон Красничи Александар Арсов Садик Касимовски
ЏК КАСТРИОТИ ЏК КАСТРИОТИ ЏК ВАРДАР ЏК ИПОН
90 кг. Михаил Аригиров Димитри Главчев Ѓеорги Хаџиценев Пламен Христов
ЏК ИЛИНДЕН ЏК ИЛИНДЕН ЏК ИЛИНДЕН ЏК ИЛИНДЕН
100 кг. Теодор Халачев Филип Макаловски
ЏК ИЛИНДЕН ЏК ПЕЛИСТЕР
+100 кг. Божидар Котадинов Иван Павлов Пиерос Патојхеас
ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК:ИЛИНДЕН ЏК.ИРАКЛИС
Јуниорки :
Кат. I место II место III место III место
48 кг. Илијана Тренкова
ЏК ВИХРЕН
52 кг. Красимира Вељова
ЏК ИЛИНДЕН
57 кг.  Диелза Буњаку Александра Макеска Берна Шерифовска Магдалена Бојаџиска
ЏК КАСТРИОТИ ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК МИОКИ ЏК МИОКИ
63 кг. Барбара Башеска Јоана Христоскова Амра Фејзула Наталија Ризова
ЏК ПРОЛЕТЕР ЏК ЛОКОМОТИВ ЏК ИПОН ЏК КОЖУВЧАНКА
70 кг. Ангела Велковска Стефани Ивановска Неда Христова
ЏК МИОКИ ЏК МИОКИ ЏК ИЛИНДЕН
+78 кг. Александра Најдоска
ЏК СЕИШИН

Видете што им правеше Брус Ли на противниците во стварноста! (ВИДЕО)

Поминаа 40 години од трагичната и мистериозна смрт на Брус Ли, но се уште живее легендата за иконата на 20 век.

Brus li

Ископано е уште едно филмче на мајсторот кој ги пренесе борбите на филмското платно. Ли во него спарингува една минута, и, ако само се запрашате кој од борците со маска е Брус Ли, се ќе ви биде јасно за неколку секунди.

Во видеото можете да се види како Ли го разви „Џит кун до-то“, односно „стилот шака која пресретнува“.

Проучувајќи ги другите боречки вештини Ли дошол до сознание дека често се нефлекисибилни и дека реалната борба е полна со непредвидливи работи, спонтана и невообичаени движења. Класичните боречкии вештини, едноставно, не се дораснати на такивиот начин на борба. Исто така зборуваше дека добар борец мора да биде „како вода“ и дека мора флуидно да се движи, без размислувања. Така настанала и неговата вештина.

Димитров на ADCC Европското првенство во Софија

0

Викендов нашиот борец Ристо Димитров ќе настапи на Европското првенство во граплинг во Софија, Бугарија. Димитров минатата година во Скопје беше единствениот Македонец кој победи на спектаклот „Фајнал фајт“, совладувајќи го Георгиос Вардис од Грција.

risto_dimitrov_georgios_vardis_600_skopje_2013

Федерацијата ADCC која што настојува да се етаблира како елитна дивизија во светот на борењето, преку својата европска гранка го организира овој настанво Софија во салата „Армеец“. Граплингот или, според многумина, модифицирано борење, е спој од повеќе стилови, како класично борење, самбо, џиу џицу и други. Според најавите, на ова европско првенство би требало да се најде кремот на европското борење со учество на 600 борци, па токму затоа ќе претставува најсериозен тест за Димитров и неговата натамошна борачка кариера.

lista na ucesnici vo Sofija

Десетте величенствени во џудото

0

Во најновата листа на најдобри џудисти во светот дури четеримина во Топ 10 се од Грузија. Бразил има двајца џудисти во првите 10, а Франција, Чешка и Монголија по еден. 

  1. Автандили Чрикишвили  -81 кг   Грузија              3510 поени   

    Автандили Чрикишвили
    Автандили Чрикишвили
  2. Лукас Крпалек                   -100 кг  Чешка                2838
  3. Болдбатар Ганбат              -60 кг  Монголија          2696
  4. Рафаел Силва                    +100 кг  Бразил               2540
  5. Варлам Липартелиани     -90 кг  Грузија               2490
  6. Наохиша Такато                -60 кг  Јапонија             2360
  7. Амиран Папинашвили   -60 кг  Грузија                2280
  8. Теди Ринер                      +100 кг  Франција            2200
  9. Адам Окруашвили         +100 кг Грузија                2021
  10. Чарлс Чибана                    -66 кг Бразил                  1978

 

 

 

 

Фунакоши Гичин најуспешен на „Маваши опен“

Викендов се одржа меѓународниот карате турнир „Маваши опен“ во Драчево, Скопје, во организација на КК Маваши. На натпреварот учество земаа околу 350 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија, Бугарија и Србија. Покрај големиот број на натпреварувачи, имаше посетеност и на трибините.

Mavasi 1

Најуспешен клуб е Фунакоши Гичин од Скопје од 14 први места, 8 втори и 5 трети, потоа следуваат Урбан Инвест од Кавадарци (14-6-8) и Никон од Софија, Бугарија (9-7-2).

Официјални резултати Традиционален_меѓународен_карате_турнир_МАВАШИ _ОПЕН_2014_Извештај

 

Четири медали за џиу џицу репрезентацијата во Сараево

На турнирот што на 04 октомври се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, натпреварувачите од Македонија се закитија со четири медали, еден сребрен и три бронзени.

Dziu dzitcu 1

Иван Трпковски го освои второто место во категоријата до 60 килограми за кадети, додека Владимир Доневски (сениори -94 кг), Александар Трајковски (јуниори -66кг) и Александар Илиевски (надежи -66 кг) се закитија со бронзени медали.

Од Македонската џиу џицу Федерација известија дека Александар Трајковски го одбил златниот медал во неговата категорија, затоа што немал противник. Тој прифатил да се бори во потешката категорија -66 килограми за јуниори, иако тој е со тежина од 58 кг.

Иван Трпковски во финалната борба загубил од натпреварувач од Словенија. Александар Илиевски во неговата категорија имал четворица борци. Со еден пораз и една победа го освои бронзениот медал.

На ова натпреварување имаше борци од неколку земји од регионот: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија. Нашата земја ја претставуваа ЏЏК “Осенсеи“ од Штип и ЏЏК “Дан Кју“ од Скопје

Неделковска: Очекуваме висок пласман на ЕП

Македонската кик бокс репрезентација интензивно се подготвува за сениорското Европско првенство од 18 до 26 октомври во Билбао, Шпанија, во ринговни дисциплини-лоу кик, К-1 и фулконтакт.

kik boks reprezentacija na RM

Селекторот Дејан Митровски за ова ЕП ги одбра Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар Најдовски и Александар Димовски. Ивановски ќе настапи во К-1, останатите во лоу кик.

Подготовките се изведуваат во Скопје под водство на тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

„Очекуваме висок пласман на ЕП, бидејќи имаме искусна екипа“, вели Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија, и додава дека во составот е двократниот светски првак Димитар Георгиев, кој 2011 година и 2013 година во Скопје и Анталија стана светски шампион.

Бекавац доживеа брутален нокаут од Прачни

0

Хрватот Стипе Бекавац, кого јавност од регионот го познава по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во 2007 година, претрпе брутален нокаут на боречкиот спектакл на ФФЦ 14 во Љубљана.

FFC 14 Ljubljana 2

Четиринаесетото издание на Фајнал фајт шампионатот уште на почетокот понуди неколку атрактивни борби, една од најатрактивните, а и најкратка, беше онаа меѓу Стипе Бекавац и полскиот борец Марцина Прачни.

Иако Бекавац (31) важеше за фаворит во делот на ММА програмата, тој тешко настрада уште во првата рунда против намрштениот Полјак, кој од првата секунда тргна бескомпромисно.

Нетипично за неговиот стил на борење, Бекавац се обиде во почетокот на првата рунда борбата да ја спушти на партер, но Прачни успева да го преврти и да го доведе во тешка позиција во партер. Буквално, да го избомбардира со десното колено во глава.

Тоа беше класичен нокаут. По четири примени удари со колено во глава Бекавац остана неподвижен да лежи неколку минути. Сепак, за среќа се крена, целиот со модринки и отоци и присуствуваше на прогласувањето.

Резултати, ММА борби

Антун Рачиќ-Леми Лрушиќ – со едногласна одлука на судиите

Марцин Прачни-Стипе Бекавац – КО, во првата рунда

Томислав Спаховиќ-Шандор Окрос – со едногласна одлука на судиите

Лука Јеллчиќ-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

Павел Дорофтеи-Елиа Мадо – со присилба на предавање, во прва рунда

Владислав Канчев-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

 

Кик бокс

Само Петје-Тео Микеллиќ – КО, во прва рунда

Денис Чорчип-Џенан Потураки – КО, во прва рунда

Миран Фабјан-Бобан Крушиќ – со едногласна одлука на судиите

Валентин Рибалко-Мурад Туноти – со едногласна одлука на судиите

Иван Балиќ-Алан Карцевски – со мнозинска одлука на судиите

Васил Дуцар-Милош Ивас – КО, во прва рунда

 

 

 

Јaкупи број еден во Карате 1 Премиер лигата

Во најновата ранг листа Карате 1 Премиер лигата нашиот каратист Берат Јакупи во категоријата до 84 килограми убедливо води со 1292 поени пред Италијанецот Нело Маестри (920) и Гркот Михаил Цанос (832).

карате
Број еден

Водечката позиција на Јакупи се должи на првото место во Ханау, Германија. На големото финале на Премиер лигата во Салзбург нашиот репрезентативец влегува со најголеми шанси да го освои златниот медал. Со тоа би станал број еден каратист во светот во Лигата. Тоа ќе биде голем успех за македонското карате.

Од друга страна, Жарко Арсовски ќе се бори да ја сочува третата позиција, а европскиот прваки Емил Павлов ќе мора да даде се од себе за да биде трет во конечниот пласман.

Во кати во јуниорска конкуренција за жени сестрите Мишела (198) и Маријана (174) Димоски ќе се борат за бронзениот медал, од третата и четвртата позиција. На првите две позиции се Италијанките Терјана д Онфорио (318) и Лиса Пиви (258).

 

Мажи, борби – 84 кг

  1. Берат Јакупи – Македонија 1292 поени
  2. Нело Маестри – Италија 920
  3. Гркот Михаил Цанос – Грција 832

+ 84 кг

  1. Енес Еркан – Турција 1144
  2. Иман Санчоли – Иран 822
  3. Жарко Арсовски – Македонија 660
  4. Ридван Каптан – Турција 648

– 60 кг

  1. Лука Мареска – Италија 1112
  2. Амир Мади Задех – Иран 944
  3. Даглас Бросе – Брасил 752
  4. Емил Павлов – Македонија 710

– 67 кг

  1. Доме Сегеди – Унгарија 990
  2. Ивс Маршал Тадиси – Унгарија 870
  3. Редуан Кусексу- Мароко 832

Кати

  1. Ву Дук Мин Дак – Франција 1488
  2. Исеи Шимбаба – Јапонија 1042
  3. Дамиан Уго Кинтеро – Шпанија 1032

 

Жени, борби -50 кг

  1. Александра Рекија – Франција 1352
  2. Серап Озчелик – Турција 1112
  3. Бетина Планк – Австрија 862

 

-55 кг

  1. Мики Кобајаши – Јапонија 1654
  2. Сара Кардин – Италија 1206
  3. Туба Јакан – Турција 952

 

-61 кг

  1. Луси Игнас – Франција 1024
  2. Анита Серогина – Украина 1006
  3. Лусил Бретон – Франција 720

 

-68 кг

  1. Инга Шерозија – Русија 930
  2. Пега Кракоти – Иран 902
  3. Сониа Формажер -Франција 712

 

+68 кг

  1. Фани Клавин – Швајцарија 960
  2. Надеж Аит Ибрахим – Франција 848
  3. Малтем Хочаоглу – Турција 656

Кати

  1. Терјна д Онфорио – Италија 1190
  2. Санди Скордо – Франција 1168
  3. Хоанг Нган Нгујен – Виетнам 986
IPON