Бекавац доживеа брутален нокаут од Прачни

123

Хрватот Стипе Бекавац, кого јавност од регионот го познава по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во 2007 година, претрпе брутален нокаут на боречкиот спектакл на ФФЦ 14 во Љубљана.

FFC 14 Ljubljana 2

Четиринаесетото издание на Фајнал фајт шампионатот уште на почетокот понуди неколку атрактивни борби, една од најатрактивните, а и најкратка, беше онаа меѓу Стипе Бекавац и полскиот борец Марцина Прачни.

Иако Бекавац (31) важеше за фаворит во делот на ММА програмата, тој тешко настрада уште во првата рунда против намрштениот Полјак, кој од првата секунда тргна бескомпромисно.

Нетипично за неговиот стил на борење, Бекавац се обиде во почетокот на првата рунда борбата да ја спушти на партер, но Прачни успева да го преврти и да го доведе во тешка позиција во партер. Буквално, да го избомбардира со десното колено во глава.

Тоа беше класичен нокаут. По четири примени удари со колено во глава Бекавац остана неподвижен да лежи неколку минути. Сепак, за среќа се крена, целиот со модринки и отоци и присуствуваше на прогласувањето.

Резултати, ММА борби

Антун Рачиќ-Леми Лрушиќ – со едногласна одлука на судиите

Марцин Прачни-Стипе Бекавац – КО, во првата рунда

Томислав Спаховиќ-Шандор Окрос – со едногласна одлука на судиите

Лука Јеллчиќ-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

Павел Дорофтеи-Елиа Мадо – со присилба на предавање, во прва рунда

Владислав Канчев-Ласло Бенко – КО, во прва рунда

 

Кик бокс

Само Петје-Тео Микеллиќ – КО, во прва рунда

Денис Чорчип-Џенан Потураки – КО, во прва рунда

Миран Фабјан-Бобан Крушиќ – со едногласна одлука на судиите

Валентин Рибалко-Мурад Туноти – со едногласна одлука на судиите

Иван Балиќ-Алан Карцевски – со мнозинска одлука на судиите

Васил Дуцар-Милош Ивас – КО, во прва рунда