Неделковска: Очекуваме висок пласман на ЕП

163

Македонската кик бокс репрезентација интензивно се подготвува за сениорското Европско првенство од 18 до 26 октомври во Билбао, Шпанија, во ринговни дисциплини-лоу кик, К-1 и фулконтакт.

kik boks reprezentacija na RM

Селекторот Дејан Митровски за ова ЕП ги одбра Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар Најдовски и Александар Димовски. Ивановски ќе настапи во К-1, останатите во лоу кик.

Подготовките се изведуваат во Скопје под водство на тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

„Очекуваме висок пласман на ЕП, бидејќи имаме искусна екипа“, вели Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија, и додава дека во составот е двократниот светски првак Димитар Георгиев, кој 2011 година и 2013 година во Скопје и Анталија стана светски шампион.