Димитров на ADCC Европското првенство во Софија

Викендов нашиот борец Ристо Димитров ќе настапи на Европското првенство во граплинг во Софија, Бугарија. Димитров минатата година во Скопје беше единствениот Македонец кој победи на спектаклот „Фајнал фајт“, совладувајќи го Георгиос Вардис од Грција.

risto_dimitrov_georgios_vardis_600_skopje_2013

Федерацијата ADCC која што настојува да се етаблира како елитна дивизија во светот на борењето, преку својата европска гранка го организира овој настанво Софија во салата „Армеец“. Граплингот или, според многумина, модифицирано борење, е спој од повеќе стилови, како класично борење, самбо, џиу џицу и други. Според најавите, на ова европско првенство би требало да се најде кремот на европското борење со учество на 600 борци, па токму затоа ќе претставува најсериозен тест за Димитров и неговата натамошна борачка кариера.

lista na ucesnici vo Sofija

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО