Home Blog Page 3224

Реџепи и Јашари први на „Трофејот на Никшиќ“

Џудистите на Ипон од Ск0пје освоија три медали на меѓународниот турнир „Трофеј на Никшиќ“ во Црна Гора. Арбреша Реџепи се закити со злато, како и Хамза Јашари,  додека Амра Фејзула беше трета, а Арбр Реџепи петти.

Turnir Niksic dzudo

Нашите џудисти прикажале одлични борби во конкуренција на натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Македонија.

По добриот настап во Никшиќ џудистите на Ипон веднаш отпатуваа на турнир во Србија.

ipon.mk/В.Д.

Јакупи шампион на Премиер лигата! (ФОТО)

Дефинитивно, нашиот каратист Берат Јакупи (КК Фати Гостивар) е шампион на Карате Премиер лигата во категоријата до 84 килограми. Со Големото финале вчера и денес во Салзбург, Австрија, завршува Премиер лигата.

Jakupi Sampion 1

Иако вчераизвојува само една победа, против Србинот Милош Јовановиќ (1-0), а потоа загуби од Украинецот Олександер Дожук со 0-1, неговите најблиски конкуренти во борбата за златото, Нело Маестри од Италија, Михаил Јоргос Цанос од Грција и Ајхан Мамаев од Азербејџан не настапија на големото финале во Салцбург и му го олеснија патот до титулата на актуелниот европски првак од Лисабон и повеќекратниот европски јуниорски и кадетски шампион,

Јакупи до пред овој натпревар, освои вкупно 1292 бода, дури 372 повеќе од Маестри и 460 од Цанос.

Покрај победата во Ханау, на Јакупи најмногу бодови му донесе второто место во Алмере, Холандија, и петтото во Истанбул, Турција, Премиерлигата се состоеше од вкупно 8 турнириПариз, Алмере, Лашко, Џакарта, Окинава, Истанбул, Ханау и Салцбург.

ipon.mk/В.Д.

Влезниците за мечот Кличко-Пулев 692 евра

Се уште може да се најдат билети за долго очекуваниот меч меѓу апсолутниот боксерски владетел Владимир Кличко и Курбат Пулев од Бугарија. Но, цената на влезниците за ВИП зоната се движи од 402 до 692 евра. Се очекува дека цената кај препродавчите ќе порасне за неколку стотици евра.

kubrat-pulev-2

Мечот ќе се одржи на 15 ноември во О2 Арената во Хамбург, Германија. За првобитно закжаниот двобој на 6 септември картите беа продадени за 20 дена. Тогаш поради контузија Украинецот го одложи мечот. По два дена продолжи со тренинзите и преку видео клип на своите навивачи и соопшти дека се подготвува во Калифорнија. Најверојатно неговото останување во САД е поврзано со актерката Хејдн Пенитир, која во блиско време треба да му роди близнаци.

Пулев засилено се подготвува за историскиот меч. Тој имаше висински подготовки во базата „Белмекен“ и за кратко време треба да замине во Германија.

Klicko-Pulev

Мухамед Али во критична состојба

Светската боксерска легенда Мoхамед Али (72) се наоѓа во критична здравствена состојба. Паркинсовата болест си го зема данокот, бидејќи тој  боледува подолго време од оваа болест.

muhaned ali 1

Неговиот брат Рахман вели дека тој не може да ги движи рацете и едвај зборува. Исто така, доказ за лошата ситуација е фактот дека тој не присуствуваше на церемонијата на која беше претставен филмот во кој е опишана неговата животна приказна.

 

Дупарт и Кубецов за честа на Франција и Русија

И вториот ден на Гранд при турнирот Астана 2014 во Казакстан беа прикажани добри борби.

er_b28q8628 zeni

Денеска домашната немаше можност да се радува на своите џудисти како вчера, бидејќи победниците се од Израел, Австрија, Франција и Русија. Во категоријата до 63 килограми златниот медал го освои Изреалката Јарден Герби, а Бернадете Граф од Австрија беше прва во категоријата до 70 килограми.

Пјер Дупарт се погрижи за честа на француската репрезентација во категоријата до 73 килограми, а Алан Кубецов во категоријата до 81 килограм покажа дека и Русија има адути за највисок пласман.

Утре се очекуваат највозбудливите борби.

Golden GERBI backs up world silver -63

Резултати, жени -63 кг

1.Јадрен Герби – Израел

2.Ана Бернхолм – Шведска

3.Катрин Унтервурцахер – Австрија

3.Едвиџ гвенд – Италија

жени -70 кг

1.Бернадете Граф – Австрија

2.Естерм Стам – Грузија

3.Лаура Фаргаскох – Германија

3.Цаундра Дидрих – Германија

er_b28q8869

мажи -73 кг

1.Пјер Дупарт – Франција

2.Саги Муки – Израел

3.Цаганбатар Кашабатар – Монголија

3.Ниам-Охир Сањаргал – Монголија

мажи -81 кг

1.Алан Кубецов – Русија

2.Касан Каламурзаев – Русија

3.Бенјамин Муенних – Германија

3.Азис Калкаманули – Казакстан

er_b28q9432

 

Јакупи и по поразот прв во Премиер лигата!?

Берат Јакупи со една победа и еден пораз на Големото финале на Карате 1 Премиер лигата во Слазбург, Австрија, ги заврши натпреварите оваа сезона во Лигата.

Иво Цветковски
Иво Цветковски

И покрај, најверојатно Јакупи (КК Фати) во категоријата до 84 килограми ќе го освои првото место во вкупниот пласман на Карате 1 Премиер лигата, бидејќи неговите најголеми ривали Нело Маестри (Италија) и Михаил Цанос (Грција) не се натпреваруваа на турнирот во Австрија.

Во првото коло Јакупи го совлада Милош Јовановиќ од Србија, а со идентичен резултат загуби од Дожук Олександар од Украина.

Иво Цветковски од Металург во категоријата до 75 килограми го заврши натпреварувањето со скор 2 победи и 1 пораз. Ги победи Андреас Болман (Германија) 1:0 и Бул Викоре (Шведска) 5:0, а загуби од Антон Исаку (Белорусија) 0:2. Во оваа категорија Халит Османи од Макпетрол беше поразен од Ваноди Ахмед (Шведска) со 1:0.

И Тодор Ристевски (Спорт 94) во категоријата до 67 килограми имаше две победи и еден пораз. Ги совлада Младен Ролиќ (Србија) 2:1 и Доме Сегеди (Унгарија) 8:6, а поразен од Србинот Стефан Јокиќ 3:0.

Нашите претставнички во кати поединечно Поликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски беа елиминирани во првите мечеви.

ipon.mk/В.Д.

Родригез и Старинг во Опатија се борат за титулата во ФФЦ

0

Во почетокот на декември ќе се одржи последната квалификациска претстава од ФФЦ-та серија на Фјучерси, а тоа подразбира дека ќе ги дознаеме и преостанатите десет имиња на борците кои ќе настапат на ФФЦ Фјучерс 2014 Супер финале, кое ќе се одржи на 20 декември во Опатија.

Opatija FFC Finale

По тој повод во рингот ќе видиме 40 победници од кавлификациските Фјучерси, од кои само половина ќе добијат шанса за настап во вчерната програма, кога ќе бидат на чекор до вкупната победа и осигурување на договор за 2015 година со една од најдобрите боречки организации во Европа.

Но, во вечерната програма нема да се гледаат само финалните борби, туку публиката ќе има можност да види дури 14 борби. Од порано е најавено дека некои од нив ќе одлучуваат за шампионската титула на ФФЦ.

Главана борба на вечерта ќе биде за шампионската титула во ММА во кралската категорија. Во рингот силите ќе ги одмерат искусниот Американец Рико Родригез (53 победи-21 пораз-1 НЦ), инаку поранешен УФЦ шампион и опасниот Холанѓанец Дион Старинг (30 победи-10 порази).

Овие извонредни тешкаши заедно имаат одработено дури 115 професионални борби. И покрај тоа, ќе мора максимално да се залагаат за да го освојат престижниот појас на ФФЦ.

Се уште не е познато кој ќе ја предводи кик бокс програмата на турнирот.

 

Спектакуларна ноќ на гладијаторите

Во Птуј, Словенија, се подготвува сепктакуларна ноќ на гладијаторите.

Чак мај тај

Имено, на 25 октомври ќе се натпреваруваат борци од седум држави во тајландски бокс, како од: Словенија, Хрватска, Чешка, Босна и Херцеговина, Србија, Австрија и Германија.

Се најавуваат спектакуларни и незаборавни борби. Круна на вечерта ќе биде мечот за „Трофејот на Птуј“, професионален меч меѓу Словенецот Александар Станков и Марко Филетин од Хрватска.

ipon.mk/В.Д.

Саметов не дозволи изненадувања на Гранд при Астана 2014

Денеска беа прикажани многу квалитени борби на Гранд при турнирот Астана 2014 во Казакстан. Џудистите на домаќинот, пред се, во машка конкуренција, се покажаа во одлично светло.

60act13 Judo mazi SmetovЈелдос Саметов во категоријата до 60 килограми не дозволи изненадување, бидејќи стартуваше силно и до финалето не попушти и и приреди голема радост на домашната публика. И Монголците покажаа дека имаат квалитет за светскиот вр, додека Јуки Хашигучи од Јапонија со освојувањето на првото место во категоријата до 66 килограми го навести ривалитетот меѓу џудистите на неговата земја и Казакстан за престиж во овој спорт.

Кај жените победниците се од Монголија, Португалија и Унгарија, но џудистките од Бразил, Италија, Австрија претендираат за врвот. Кристин Легентил од Маурициус е изненадувањето на денот. Таа го освои сребрениот медал, што е прв медал за Муарициус во џудото.

И во утрешната програма се очекуваат занимливи мечеви со многу возбудувања и атракции за публиката.

57act14 judo zeni

Резултати, жени – 48 кг

1.Отгонцецек Галбадрак – Монголија

2.Наталија Бригида – Бразил

3.Валентина Москат-Италија

3.Ебру Сахин -Турција

жени -52 кг

1.Жоана Рамос –Португалија

2.Кристин Легентил – Маурициус

3.Елеудис Валентим –Бразил

3.Гили Коен – Израел

жени -57 кг

1.Хедвиг Каракас – Унгарија

2.Сабрина Филцмозер – Австрија

3.Гулија Кинтавале – Италија

3.Некода Смит – Велика Британија

66act13 judo hashiguchi

мажи -60 кг

1.Јелдос Сметов – Казакстан

2.Амартујшин Дашдава – Монголија

3.Керлен Ганболд – Монголија

3.Ашкат Телманов – Казакстан

dzudo jaka Astana 2014

мажи -66 кг

1.Јуки Хашигучи – Јапонија

2.Жансај Смагулов- Казакстан

3.Рен Мијазаки – Јапонија

3.Себастијан Зајдл – Германија

66act13 judo hashiguchi

 

 

 

Кро Кап ги чести фановите и пријателите (ВИДЕО)

0

Мирко Филиповиќ алијас Кро Кап одлучи 40-от роденден да го прослави на оригинален, односно да ги почести лојални фанови и пријатели. Кро Кап за 50-мина избраници ќе одржи бесплатен К- 1 семинар. Учесниците мора да дојде во полна „борбена опрема“…

Kro Kap rodendenski seminar

Филиповиќ е оваа вест објави на својата веб-страница, при што ги покани сите заинтересирани да се регистрираат и да станат дел од посебената роденденска приказна.

“Овој К- 1 семинар, што ќе се одржи на 8 ноември, по повод 40-от роденден на Мирко, за сите посетители ќе биде слободен! Број на учесници е ограничен на 50. Регистрацијата ќе се прави до 1-ви ноември. Поради претпоставките дека ќе има голем интерес, предвидено е извлекување на среќните учесници на семинарот. Популарниор Кро Кап на сите им препорачува да побрзаат со пријавите“, стои на веб-страната на  Мирко, при што додава:

“Поради големиот интерес предвидено е извлекиување. Семинарот ќе се одржи во Кинезиолошкиот факултет во Загреб, Хорвоќански завој 15.

Филиповиќ на учесниците на семинарот и препорачува со себе да си понесат лична карта и заштитни работи.

IPON