Јакупи шампион на Премиер лигата! (ФОТО)

Дефинитивно, нашиот каратист Берат Јакупи (КК Фати Гостивар) е шампион на Карате Премиер лигата во категоријата до 84 килограми. Со Големото финале вчера и денес во Салзбург, Австрија, завршува Премиер лигата.

Jakupi Sampion 1

Иако вчераизвојува само една победа, против Србинот Милош Јовановиќ (1-0), а потоа загуби од Украинецот Олександер Дожук со 0-1, неговите најблиски конкуренти во борбата за златото, Нело Маестри од Италија, Михаил Јоргос Цанос од Грција и Ајхан Мамаев од Азербејџан не настапија на големото финале во Салцбург и му го олеснија патот до титулата на актуелниот европски првак од Лисабон и повеќекратниот европски јуниорски и кадетски шампион,

Јакупи до пред овој натпревар, освои вкупно 1292 бода, дури 372 повеќе од Маестри и 460 од Цанос.

Покрај победата во Ханау, на Јакупи најмногу бодови му донесе второто место во Алмере, Холандија, и петтото во Истанбул, Турција, Премиерлигата се состоеше од вкупно 8 турнириПариз, Алмере, Лашко, Џакарта, Окинава, Истанбул, Ханау и Салцбург.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО