Home Blog Page 3223

„Цветан Димов“ – 40 години карате мисија

Да се опстои 40 години како клуб е податок за почитување. Но не само да постоиш како клуб, туку и да си акитивен чинител на домашната и меѓународната карате сцена е веќе нешто посебно.

Cvetan Dimov 76
Цветан Димов 1976 година

Во далечната, можеби и блиска, 1974 година е формиран Карате клубот „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. И ден-денес своите активности клубот ги остварува на истото место. Основачи на клубот се: Јован Лазарев (тренер) и каратистите од првата генерација Сашо и Тони Врбоски, Борче Илиевски, Митко Костов, Мите Костов, Боро Зафиров, Ида Марожи, Христаки Давитковски и Љупчо Деловски. Прв претседател на клубот е Ѓоко Гакидов, Александар Врбоски, Димитрија Павловски и денес Цанде Петровски.

Cvetan Dimov 76 kkimono
Натпреварувачи 1976 година

Клубот има остварено врвни резултати, со тоа што, покрај Металург од Скопје, се натпреварува во Македонската карате лига од нејзиното основање во 1976 година па до згасувањето во 2010 година. Највредниот резултат во Лигата е постигнат во 1995 година, кога „Цветан Димов“ стана првак на Македонија во состав: Елвир Куртановиќ, Владо Апостолов, Горан Мијовски, Бошко Заборски, Игор Лазарев, Ордан Димоски и Тихомир Јотевски.

Елвир Куртановиќ - шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев
Елвир Куртановиќ – шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев

Во поединечна конкуренција се постигнати повеќе успеси. Елвир Куртановиќ е првиот носител на медалл во независна Македонија. Тој во 1993 година во Кардиф, Велс, стана европски првак во јуниорска конкуренција во борби. Идриз Провалија – првак на СФРЈ (јуниори) и член на јуниорската репрезентација. Владо Апостолов – кадетски првакк на СФРЈ. Неџат Муриќ – сениорски репрезентативец на СФРЈ, кој има настап на Светското првенство во Мексико. Тихомир Јотевски е вицепрвак во сениори на СФРЈ. И многу прваци на Македонија.

КК Цветан Димов две години по ред е европски првак, 2012 и 2013 година, на стилското Европско првенство во Вадо рју карате. Јован азаррев во периодот од 2004 до 2008 година ее петседател на Карате федерацијата на Македонија.

Иднината на клубот
Иднината на клубот

Од поновите генерации каратисти на клубот за одбележување е настапот на Игор Лазарев на ЕП 1995 година во Истанбул за јуниори, каде што го освои петото место. Од сегашниот состав се очекуваат резултати Енес Смаилагиќ и Ненад Келебиќ.

Тренерот на клубот, Јован Лазарев, вели дека во моментов клубот има двајца врвни натпреварувачи, Енес и Ненад, кој е втор во јуниорска конкуренција во Европа, но за репрезентацијата на Србија. Се надева дека наскоро неговите успеси ќе бидат под знамето на Македонија. Затоа интензивно се работи со овие натпреварувачи за да обезбедат место во репрезентацијата на Македонија, со цел да обезбедат медали на евопската и светската карате сцена. Смаилагиќ го навести тоа во Премиер лигата во Париз, освојувајќи го петото место во конкуренција на 110 натпеварувачи, при што совлада и европски шампиони. Келебиќ своите квалитети ги демонстираше на ЕП 2014 во Лисабон, каде што го освои бронзниот медал.

ipon.mk/В. Донев

Балканското во Охрид е мини европско првенство

Охрид во сабота и недела ќе биде домаќин на најдобрите балкански каратисти во сениорска конкуренција. Досега се пријавени 249 натпреварувачи од 10 земји, од Словенија до Турција.

plakiat balkansko prvenstvo

Меѓу пријавените каратисти се и освојувачите на медали од Карате 1 Премиер лигата, но и од ЕП и СП-а. Всушност, Балканското првенство е мини европско превнство, бидејќи балканските земји во распределбата на медалите учествуваат со околу 50 отсто.

Од друга страна, БП е генeрална проба за сите репрезентации пред Светското првенство во Бремен, Германија, од 5 до 9 ноември. За многу репрезентации ова е изборен турнир, како и за некои наши каратисти во одредени категории.

Ова ќе биде прво сениорско Балканско првенство што се одржува во Македонија. Гости на првенството ќе бидат првиот човек на ВКФ, Антонио Еспиноза и Стјепан Челан, генерален секретар на ЕКФ.

Македонија на БП ќе ја претставуваат:

Мишела и Маријана Димоски, Поликсенија Јовановска во кати-жени, поединечно; борби – 50 кг Фатјона Алију и Марија Ристевска; – 55 кг Дрилона Бичаку, Марија Матракоска и Симона Заборска; – 61 кг Симона Ангелоска, Румена Балшевска, Наташа Стефановска; – 68 кг Моника Стефановска; + 68 кг Драгана Тодорова и Климентина Војводинска; екипно кати (Маријана и Мишела Димоски и Поликсенија Јовановска) и борби екипно (Балшевска, Стефановска, Стефановска и Заборска).

Мажи,кати поединечно, Фери Исич; борби – 60 кг Шабан Муртиши, Горан Николовски и Емил Павлов; – 67 кг Дејан Црничиќ, Ристе Додевски, Филип Ѓурчиновски и Тодор Ристески; – 75 кг Иво Цветковски, Азис Исмаил, Ферат Корболучи и Виктор Крстевски; -84 Огнен Груевски, Никола Иловски, Берат Јакупи и Сашко Патраклиев; + 84 кг Симон Антиќ, Спасо Илиевски, Горан Иванов и Даниел Тунев; екипно борби – Антиќ, Арсовски, Цветковски, Груевски, Јакупи, Несторовски и Ристески.

ipon.mk/В.Д.

 

 

 

 

 

 

Пулев: Одложувањето на мечот ме направи уште посилен

Кубрат Пулев чувствува дека е во уште подобра форма за натпреварот со Владимир Кличко . Украинецот го одложи мечот кој требаше да се одржи на 6 септември, со што му ги поремети плановите на Пулев.

kubrrat puel kkobra

Средбата е презакажана за 15 ноември, но Пулев, познат по прекарот Кобра,вели дека е во уште подобра форма отколку што беше порано. „Се чувствувам многу добро, направив многу добри висински подготовки во кампот на една планина во Бугарија. Се чувствувам многу силен и многу стабилен. Времето за подготовка испадна многу подолго од планираното. Тоа е позитивно за мене. Му млагодарам на Господ што се испадна така, бидејќи сега се чувствувам уште подобро од порано. И тренинзите се одвиваат добро ” , изјави Пулев пред руски новинар во Берлин.

Тренерот на Кобрата, Ото Рамин, пак, објасни дека сега претстои најважниот дел од подготовките .

„Се оди според планот, но ќе видиме. Сега започнува најважниот период со спаринг мечеви. Се надевам дека се ќе помине без трауми и спаринг боксерите ќе бараат многу од него . Ова ќе биде најголемиот проблем. Тешко се наоѓаат силни спаринг партнери , кои можат да го имитираат Кличко “, изјавил Рамин, а го пренесува „7 дена спорт”.

 

Кличко го вежба левиот директ

 

Владимир Кличко на врвот на подготовките за мечот со Курбат Пулев на 15 ноември во Хамбург се концентрира на усовршување на левиот директ, кој треба да му биде најсилното оружје на овој меч.

Kllico llev direkt

Ова го откри официјалниот сајт на приврзаниците на Украинецот. На страницата е публикуван видео запис од тренингот на светскиот шампион, кој ја вежба една од своите најдобрите техники со својот тренер Џонатан Бенкс.

Од пред неколку денови Кличко е во Австрија, каде што ги започна финаллните подготовки за мечот со популларниот Кобра. Бугаринот е во Берлин, каде што има спаринг мечеви.

Многу медали за таеквондистите на „Купот на Бугарија“

На „Купот на Бугарија 2014“ македонските таеквондисти имаа забележителни резултати во киатегориите за деца, кадети и јуниори. На Отвореното првенство на Бугарија земаа учество 38 клубови од 11 земји.

taekvondo BP Bugarija

Македонија беше претставена од повеќе клубови, а некои од нив настапуваа и како репрезентација на нашата земја.

Во категоријата деца 1, мажи, б-21кг Дамјан Богдановски го освои првото место, Леотрин Ливорека триумфираше во категоријата б-30. Сања Поповска беше втора во а-36 ккг, а во а-40 кг триумфираше Ива Поповска. Јована Јанковска и Ања Пижевска во б-40 кг се пласираа на второто и третото место.

Кадети, мажи:                                                                               Јуниори, мажи:

  1. Марко Аврамовски а-33 кг                                     2. Иван Крстевски а-51 кг
  2. Бојан Стаменов а-57 кг                                             3. Костадин Георгиевски а-59
  3. Филип Додевски а-61                                                3. Кристијан Јовчевски а-63
  4. Филип Џангоровски а-65                                        1. Дејан Георгиевски а-78
  5. Дарко Тарцуговски б-45                                           2. Петар Стевиќ а-78
  6. Кирил Цонков б-61

Жени :

3.Јована Костенцова а-44

  1. Мери Ацевска а-51
  2. Ања Рускиовска а-55
  3. Сара Радевска а-55
  4. Стефанија Радевска а-59

Леон Спинкс е во болница

Leon Spinks

Леѓендарниот американски боксер во тешкка категорија Леон Спинкс беше примен во болница. Тој имаше две операции на стомакот. Ветеранот е подлложен на реанимација во болницата во Лас Вегас, затоа што му се влошила состојбата.

Сопругата на Спинкс во коментар за АП вели дека поранешниот светски шампион почнал да закрепнува.

Спинкс ќе остане забележан во историјата во една од најизненадувачките победи на сите времиња. Во 1978 година го победи Мухамед Али и стана апсолутен светскии првак во тешка категорија. Тој е и олимписки шампион од ОИ во Монтреал 1976 година.

 

Баргала води во Бокс лигата „Баргала“

Викендов се одржа шестото коло на Бокс лигата „Баргала“ во Штип, каде што домашните боксери од БК Баргала со резуллтатите се зацврстија на првата позиција со 102 бода. Имаше мечеви во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Наредното коло ќе се одржи во Прилеп.

boks makedonija

Резултати, сениори:

-56 кг Идриз Беслими (Шкупи) – Исак Сулејман (Тернипе) 3:0

-69 кг Бојан Ристески (Охрид) – Дејан Панев (Пинк пантер тим) 3:0

-75 кг Александар Петров (Аперкат) – Димитар Јовановски (Охрид) 0:2 (тко-1)

-91 кг Илчо Јоноски (Охрид) – Димитар Ташков (Пинк пантер тим) 0:2

+91 кг Мартин Стојчевски (Баргала) – Александар Ѓоргиевски (Аперкат) 0:2 (тко-1)

Јуниори:

-56 кг Адил Бајрами (Шкупи) – Алмир Нуришов (Тернипе) 0:3

-60 кг Џемаил Сакиповски (Фајтер-илери) – Бесарт Гарипи (Шкендија бокс) 1:2 (тко-1)

-69 кг Осман Демиров (Баргала) – Илија Миноски (Ас) 2:0 (тко-1)

-81 Лулзим Бајрами (Шкендија бокс) – Марио Николовски (Фајтер-илери) 2:0 (тко-2)

Кадети:

-50 кг Шпенд Гафури (Шкендија бокс) – Аксој Керимов (Баргала) 1:2

-54 кг Метин Јашаров (Баргала) – Јасмин Мифтар (Аперкат) 1:2

-60 кг Филип Димитров (Универзалци) – Вилијамс Маневски (Фајтер–илери) 3:0

-66 кг Младен Јовановиќ (Аперкат) – Амет Бајрами (Шкупи) 1:2

– 80 кг Серхан Џаферовски (Ас) – Виктор Спироски (Охрид) 3:0

Табела

  1. Баргала                      102 бода
  2. Шкупи                         82
  3. Шкендија бокс          58
  4. Аперкат                       50
  5. Фајтер – илери          36
  6. Охрид                           36
  7. Тернипе                       28
  8. Ас                                  24
  9. Пинк пантер тим     22
  10. Универзалци             16
  11. Бранител                     12
  12. Пелбит                           5

И Жарко Арсовски шампион на Карате 1 Премиер лигата

Иако за Жарко Арсовски констатиравме дека ги изгуби шансите за медал по поразот во репасажот од Надир Бенансија (2:4), сепак, бодовниот збир, по отсуството од турнирот на Турчинот Енес Еркан (прв на ранг листата со 1144 поени), му овозможи да се заките со златниот медал во вкупниот пласман на Карате 1 Премиер лигата по Големото финале во Салзбург овој викенд.

zarko a 2

За освоеното прво место Арсовски, како член на КК Макпетрол, иако има свој клуб (КК Штип) доби паричната награда од 1.000 евра.
Претходниот ден претходно Берат Јакупи (КК Фати,до 84 кг) стана шампион на Лигата. Претходните години тоа и успеа на Мартин Несторовски (КК Металург) во 2011 година и на Наташа Илиевска (КК Макпетрол), а 2012 година  и на Огнен Груевски (КК Металург).

Жалиме за превидот што го направивме, но некои работи од ВКФ треба да се разјаснат, зашто забуните и аномалите во Премиер лигата се само на штета на карате спортот.

Во Салзбург во категоријата над 84 килограми победи Јонатан Хорне од Германија, втор беше Слободан Биветиќ од Србија, а третото место го делеа Алекс Кремерс од Холандија и Себастијан Будихна од Словенија. Арсовски со Желјко Зомбра од Б и Х се пласираа на деветото место.

Најуспешна нација во Големото финале беше Италија со 2 први, 1 второ и 3 трети места, втора е Австрија (2-1-0), а трета Германија (2-0-2).

Официјално прогласени победници од ВКФ:

Karate1 Grand Winner 2014     

Female Kata:
TERRYANA D ONOFRIO, ITA

Female -50
ALEXANDRA RECCHIA, FRA

Male -75
STANISLAV HORUNA, UKR

Male -84
BERAT JAKUPI, MKD

Female -68
INGA SHEROZIA, RUS

Male -67
DOME SZEGEDI, HUN

Male Kata
VU DUC MINH DACK, FRA

Female +68
HELENA KUUSISTO, FIN

Female -55
SARA CARDIN, ITA

Female -61
ANITA SEROGINA, UKR

Male +84
ZHARKO ARSOVSKI, MKD

Male -60
LUCA MARESCA, ITA

Официјаллна ранг листа на Карате 1 Премиер лигата, над 84 килиограми:

1.Енес Еркан – Турција 1144

2.Јонтан Хорне – Германија 1024

3.Слободан Биветиќ – Србија 836

3.Иман Санчоли – Иран 822

4.Жарко Арсовски – Македонија 676

 

 

 

 

Фил Дејвис: Наречете ме „убиец на Бразилци“!

0

Борачот во полутешка категорија на UFC , Фил Дејвис, го сподели чувствата пред дуелот во 179 UFC на 27 октомври против Гловер Теиксеира. Борачот е верува во себе, дури и ги наговара навивачите како да се свртат кон него .

15097__475x0__phil-davis-mma-face

“Секогаш се чувствувам добро во Рио. Се надевам дека ова не е моето последно гостување во Бразил.Ми се допаѓаат Бразил и Рио. Долгиот пат не ме загрижува. Нема да се наречам „убиецот на Бразилци“, но ако некој се одлучи да ми рече така, добредојден е. Имам трпение и тренирам различни нешта. Не вклучувам ништо откачено на тренинзите. Се фокусирам само на она што треба да го направам“, вели Дејвис.

Тој очекува атрактивна победа над Теиксеира, која треба да го приближи до мечот за титулата во UFC . “Со победа во Рио ќе се вратам во трката за титулата. Не ме интересира дали Џон Џонс ќе е шампион или не. Ме интересира само титулата. Сакам да го победам човекот кој ќе ја освои титулата од Џонс. Подготвен сум за титулата да се борам и со секој друг “, истакинува Дејвис.

Дејвис загуби одЕнтони Џонсон во уводните борби на 172 UFC, но пред тоа имаше три последователни победи над Вагнер Прадо, Вини Магалхаес и Лиото Мачида.

 

Русокосата на која и се восхитува светот поради неверојатната снага најавува историски подвиг (ВИДЕО)

0

Легендата на боречките вештини, поранешната светска шампионка во бокс Холи Холм, го дозна името на првата противничка под закирилата на UFC.

Plavusa Holi Holm boks

Американката во јули потпиша петгодишен договор со организацијата UFC, а во петокот беше потврдено декиа првиот настап ќе го има на 6 декември на случувањата на 181 UFC.

Боречкиот настан ќе се одржи во Лас Вегас, а Холм ќе влезат во октагон со Ракел Пенингтон, која досега во слободните борби (ММА) оставри четири победи и исто толку порази. Сепак, Холм е без пораз во претходните седум борби во ММА , но дури сега следи нејзиното деби под покровителство на најсилните организации.

Холм е вистинска легенда на боречките спортови. За време на нејзината боксерска  кариера оваа 173 сантиметри висока и 61 килограми тешка русокоса освои дури 18 титули во три различни тежински категории. Во 11 годишната професионална кариера таа забележа 33 победи, два порази и три нерешени борби. Кратко време се занимава со кик бокс, од 2011 година, и е посветена на слободните борби. И тоа само со една цел .

http://youtu.be/Gap-rM4CbLc

„Кога почнав да се занимавам со слободните борби, луѓето почнаа да ме прашуваат која ми е целта. Мојата цел е да станам првата жена со титули во слободна борба и во бокс. Тоа до сега никиому не му успеа, а потполно сум сигурна дека тоа е можно. Ете, тоа е мојот план“, самоуверено во разговорот со американскиите новинари најави убавата 33 годишна девојка од Албукверку.

Да споменеме дека шлагер на 181 UFC настан ќе биде во велтер категорија меѓу Џони Хендрикс и Роби Лоулер. Вредно е да се потенцира и мечот меѓу Ентони Питис и Жилберто Мелендез во лесна категорија.

 

 

 

IPON