Пулев: Одложувањето на мечот ме направи уште посилен

Кубрат Пулев чувствува дека е во уште подобра форма за натпреварот со Владимир Кличко . Украинецот го одложи мечот кој требаше да се одржи на 6 септември, со што му ги поремети плановите на Пулев.

kubrrat puel kkobra

Средбата е презакажана за 15 ноември, но Пулев, познат по прекарот Кобра,вели дека е во уште подобра форма отколку што беше порано. „Се чувствувам многу добро, направив многу добри висински подготовки во кампот на една планина во Бугарија. Се чувствувам многу силен и многу стабилен. Времето за подготовка испадна многу подолго од планираното. Тоа е позитивно за мене. Му млагодарам на Господ што се испадна така, бидејќи сега се чувствувам уште подобро од порано. И тренинзите се одвиваат добро ” , изјави Пулев пред руски новинар во Берлин.

Тренерот на Кобрата, Ото Рамин, пак, објасни дека сега претстои најважниот дел од подготовките .

„Се оди според планот, но ќе видиме. Сега започнува најважниот период со спаринг мечеви. Се надевам дека се ќе помине без трауми и спаринг боксерите ќе бараат многу од него . Ова ќе биде најголемиот проблем. Тешко се наоѓаат силни спаринг партнери , кои можат да го имитираат Кличко “, изјавил Рамин, а го пренесува „7 дена спорт”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО