И Жарко Арсовски шампион на Карате 1 Премиер лигата

Иако за Жарко Арсовски констатиравме дека ги изгуби шансите за медал по поразот во репасажот од Надир Бенансија (2:4), сепак, бодовниот збир, по отсуството од турнирот на Турчинот Енес Еркан (прв на ранг листата со 1144 поени), му овозможи да се заките со златниот медал во вкупниот пласман на Карате 1 Премиер лигата по Големото финале во Салзбург овој викенд.

zarko a 2

За освоеното прво место Арсовски, како член на КК Макпетрол, иако има свој клуб (КК Штип) доби паричната награда од 1.000 евра.
Претходниот ден претходно Берат Јакупи (КК Фати,до 84 кг) стана шампион на Лигата. Претходните години тоа и успеа на Мартин Несторовски (КК Металург) во 2011 година и на Наташа Илиевска (КК Макпетрол), а 2012 година  и на Огнен Груевски (КК Металург).

Жалиме за превидот што го направивме, но некои работи од ВКФ треба да се разјаснат, зашто забуните и аномалите во Премиер лигата се само на штета на карате спортот.

Во Салзбург во категоријата над 84 килограми победи Јонатан Хорне од Германија, втор беше Слободан Биветиќ од Србија, а третото место го делеа Алекс Кремерс од Холандија и Себастијан Будихна од Словенија. Арсовски со Желјко Зомбра од Б и Х се пласираа на деветото место.

Најуспешна нација во Големото финале беше Италија со 2 први, 1 второ и 3 трети места, втора е Австрија (2-1-0), а трета Германија (2-0-2).

Официјално прогласени победници од ВКФ:

Karate1 Grand Winner 2014     

Female Kata:
TERRYANA D ONOFRIO, ITA

Female -50
ALEXANDRA RECCHIA, FRA

Male -75
STANISLAV HORUNA, UKR

Male -84
BERAT JAKUPI, MKD

Female -68
INGA SHEROZIA, RUS

Male -67
DOME SZEGEDI, HUN

Male Kata
VU DUC MINH DACK, FRA

Female +68
HELENA KUUSISTO, FIN

Female -55
SARA CARDIN, ITA

Female -61
ANITA SEROGINA, UKR

Male +84
ZHARKO ARSOVSKI, MKD

Male -60
LUCA MARESCA, ITA

Официјаллна ранг листа на Карате 1 Премиер лигата, над 84 килиограми:

1.Енес Еркан – Турција 1144

2.Јонтан Хорне – Германија 1024

3.Слободан Биветиќ – Србија 836

3.Иман Санчоли – Иран 822

4.Жарко Арсовски – Македонија 676

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО