Home Blog Page 314

Мила Рељиќ петта на Европското таеквондо првенство

Мила Рељиќ го освои петто место на Европското таеквондо првенство за сениори што се одржа во Белград, Србија, изминатиов викенд.

Мила во првото коло беше слободна, а во второто славеше над Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција 2-1. Во борбата за влез во полуфиналето и освојувањето на бронзениот медал се сретна со Хрватката Ивана Арелиќ и загуби 0-2, а беше толку близу до медалот.

Олимпискиот вицешампион дејан Георгиевски загуби во првото коло од репрезентативецот на Азербејџан Бадријалиабади.

Резултати – Европско првенство:

+87 кг
Дејан Георгиевски – Хамидреза Бадријалиабади(Азербејџан) 0-2

62 кг
Мила Рељиќ – Хатиџе Пинар Јигиталп (Турција) 2-1
Мила Рељиќ – Ивана Арелиќ (Хрватска) 0-2 ¼ финале

Срдечен пречек на европската вицешампионка Михаела Мишовска во Скопје (ФОТО)

Носителката на сребрениот медал од Европското карате првенство за сениори, Михаела Мишовска, во Скопје имаше топол и срдечен пречек од родителите, клупските другари од Олимпик спорт, тренерите, пријателите и роднините.

Емоциите беа присутни кај сите, бидејќи сребрениот медал на Михаела е најголемиот успех на нашата репрезентација на ова ЕП, а воедно и најголем на Мишовска.

Таа сребрениот медал го освои во борби во категоријата до 50 килограми.

Се надеваме дека се почесто ќе има вакви пречекувања на Мишовска, бидејќи таа е млада натпреварувачка пред која се уште многу шампионати.

Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб на 49. „Лорд луп“, следат Форца и Шкендија

Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб на 49. Меѓународен карате турнир „Лорд луп“, потоа следат Форца и Шкендија.

Натпреварот со најдолга традиција во Македонија се одржа по 49-ти пат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.


За најбројната екипа на КК Беса од Слупчане припадна оскарот кој ќе ги краси витрините на клубот.

За долгогодишното пријателство и соработка, организаторот додели карате оскар на спортскио портал Ипон.мк, а Благодарница на неговиот основач и одржувач Венцо Донев.

На натпреварот зедоа учество каратисти од Романија, Бугарија и Косово кои со своето присуство го збогатија амбиентот. Над двестете учесници како претстаници на 23 клубови, направија 293 настапи во конкуренција за медали и оскари во дисциплините екипно кати, поединечно кати и борби.

Турниорот се одража под мотото: парите не се најважни – детската радост нема цена.

„И навистина тоа и се доживуваше кај учесниците кои при излезот за церемонијата на отворање на Купот добиваа кроасан за добредојде, по една голема и мала тетатка, учесничка диплома и етикета со симболот на овој настан. Да спомнеме, годинашниот симбол е посветен на 80 годишнината од првото заседание на АСНОМ во 1944 година“, вели организаторот Димче Јанковски .

Лорд куп ги поздрави присутните и за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Овој турнир своите почетоци во 1976 година ги почна во тогашното училиште Иван Горан Ковачиќ, денес со име Петар Поп Арсов во Општина Карпош.

Познатиот боксерски тренер откри кој ќе го победи Канело: Toj ќе го претепа

Канело Алварез неодамна го победи Хајме Мунгуја со едногласна одлука за да ги одбрани појасите на светски шампион во суперсредна категорија на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде негов следен противник, а се појавија тројца потенцијални кандидати: Давид Бенавидез, Теренс Крафорд и Дмитри Бивол.

Мексиканската боксерска ѕвезда загуби само два меча во кариерата, против Флојд Мејведер Јуниор и Дмитри Бивол, но познатиот тренер Брајан Мекинтајр верува дека уште еден борец може да го запре Канело – Теренс Крафорд.

„Бад би го претепал“, Брајан Мекинтајр, а потоа објасни:

„Тој глупак би го надбоксирал. Тежината не е важна. Бад цел живот се бори со поголеми борци од него. Издржлив е, знаеме дека може да изведе удари, но знае и да ја одземе моќта на противникот. А знаеш ли како да му ја одземеш моќта на удирач? Треба време. Канело да беше поразен од понизок борец, ќе беше како прободена труба“.

Мексиканецот ја отфрли (засега) можноста да се бори со Бад, но нема сомнеж дека нивната борба би донела големи пари.

Крафорд договори меч против Израел Мадримов за неговата титула на ВБА во супер велтер категорија на 3-ти август.

Матеуш Ребецки покажа како изгледа по борбата во Мисури

Матеуш Ребецки покажа како изгледа по борбата во Сент Луис, Мисури.

Изминатиов викенд Ребецки се соочи со Диего Фереира во борба во лесна категорија. Фереира победи со ТКО во 3. рунда. Ребецки доби голем ќотек во пресметката, па реши да покаже како изгледа по борбата.

31-годишниот Полјак покажа слика од болница на која изгледа непрепознатливо. Лицето му е буквално изобличено. Ова шокираше доста фанови кои признаа дека оваа професија не е за секого. Поразот беше прв за Матеуш во УФЦ и ја прекина неговата победничка серија од 16 борби.

Ребецки влезе во УФЦ во 2022 година по победата во сериите на Дана Вајт. Оттогаш забележа 3 победи, но сега го спречи Фереира. Вака изгледа Матеуш по штетата што му ја направи Бразилецот:

Судот му нареди на Мек Грегор да ја открие добивката од Proper No Twelve

Конор Мек Грегор беше принуден да открие колку заработил од продажбата на брендот виски Proper No Twelve. Неговиот бренд на виски беше продаден за 600 милиони долари. Сега ирската ѕвезда е среде правна битка и судот бара да открие колкав е неговиот личен профит од продажбата.

Ако Конор го загуби случајот во Врховниот суд, тоа може да го чини до 20 милиони евра. Мек Грегор негира дека сторил нешто лошо од негова страна и вети дека ќе го заштити доброто име. Неговиот поранешен близок пријател и партнер, пензионираниот ММА борец Артем Лобов, води два случаи.

Тој и „Озлогласениот“ тренираа заедно и патуваа низ светот со години. Лобов, кој е магистер по бизнис, тврди дека дошол до целата идеја за брендот за виски на Мек Грегор и првично помогнал во неговото формирање во првите години.

Артем тврди и дека Мек Грегор му ветил пет проценти удел. Борецот и неговите двајца партнери, неговиот менаџер Оди Атар и американскиот бизнисмен Кен Остин, го продадоа мнозинскиот удел во Proper No Twelve на американскиот Проксимо спорт за 600 милиони долари во 2021 година.

Сепак, Лобов тврди дека никогаш не бил платен ни пара за неговите напори. 35-годишниот Мек Грегор во своја одбрана призна дека на Лав му понудил милион долари, но неговиот стар пријател го одбил. Лобов моментално го тужи за неговите пет проценти.

Се шпекулираше дека Конор заработил 130 милиони евра од својот удел. Proper No Twelve сега е второто најбрзо растечко ирско виски во Америка по Џејмисон и стана бизнис од повеќе милијарди долари.

Лобов поднесе и втора тужба за клевета против Мек Грегор, откако Ирецот го нарече „стаорец“ на неговиот Твитер профил, кој има публика од речиси 10 милиони луѓе. Овој случај во моментов поминува и низ Високиот суд во Даблин.

Федор Емелијаненко: Ние не војуваме со братски народи, туку со фашисти и националисти

Федор Емелијаненко во рамките на посетата на Казахстан даде интервју за Јутјуб каналот „Тајм вил тел“.

Каналот е пристрасен кон политички теми, па на Федор му беа поставени соодветните прашања. „Последниот император“ го кажа мислењето за конфликтот со Украина, се присети кога последен пат плачеше и објасни зошто Александар Карелин е подобар од Мајк Тајсон.

Федор не сакаше да ја коментира темата со Украина, но овој пат реши да зборува. Тој тврди дека Русија не е во војна со својот братски народ, туку со фашистите и националистите. Емелијаненко откри дека секоја недела оди во црква и се моли за крај на овој конфликт.

„Ние не војуваме со братски народи, туку со фашисти и националисти. И го поддржуваме братскиот народ. За секој православен човек, верник, ова е голема трагедија. Тоа што се случува во Украина меѓу нашите народи е трагично. Одам во црквата и на секоја миса секоја недела читаме молитви за завршување на војната.

Ова го доживуваме со голема болка. Се молиме овој превез да падне од очите на украинскиот народ и да нема раскол во нашата православна вера. Светската заедница е поделена, најголем дел моментално е против Русија. Во Русија не дозволуваме ваква изопаченост на полот на луѓето. Не би ја напуштил Русија.

Но, ако наеднаш се случи некоја виша сила да ме натера да ја напуштам татковината, веројатно ќе заминам во Србија. Во Србија се чувствувам како дома. Зошто? Затоа што ова е пред се православна земја. Второ, затоа што тоа е земја и народ што многу страдале. Србија е мала земја која сите се обидуваат постојано да ја навредуваат“, изјави Емелијаненко.

 

Макпетрол: Петар Заборски е петти, кумите тимот седми на ЕП, со стратегот на клубот во стручниот тим ќе имавме историски резултат

Најдобро рангираниот македонски каратист Петар Заборски, остави најдобар впечаток на Европското првенство во Задар, оствари висок пласмани го освои 5-тото место (-75 кг), велат во освртот на ЕП од Макпетрол.

„Заборски имаше две директни борби за да освои медал, по три убедливи победи во елиминацискиот дел тој беше оштетен во последните секунди од полуфиналниот натпревар за влез во финалето. На Заборски не му беа досудени две рачни техники за поен на 15 секунди до крајот на борбата со домашниот репрезентативец Иван Мартинец од (Хрватска), кој потоа стана и европски првак. Во борбата за бронзениот медал противТијагоДуарте од Португалија Заборски загуби со минимален резултат1-2, и заврши како петопласиран“, исткануваат од Макпетрол.

Резултати на Европско првенство:

Борби, мажи
-75 кг
Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија) 2-0
Петар Заборски – Евангелос Серметакис (Грција) 2-1
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-0
Полуфинале
ПетарЗаборски – ИванМартинац (Хрватска) 0-3
Забронза
Петар Заборски за бронзата противТијаго Дуарте од Португалија 1-2.

-84 кг
Петар Спасеновски – Фредерико Лопез Салас (Норвешка) 7-4
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-3

+84 кг
Данило Божовиќ – Матиос Стијану (Кипар) 3-3

-55 кг
Симона Заборска – Елена Березовскаја (Молдавија) 3-0
Симона Заборска – Александра Џикиќ (Србија) 0-4

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лине Зачо Кудсен (Данска) 2-0
Ангела Мојсовска – Влера Керими (Косово) 2-2

Македонскиот тим во кумите е седмопласиран на Европското карате првенство за сениори во Задар, Хрватска.

За тимот настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Стефан Стојановиќ, Данило Божовиќ – сите од Макпетрол) Емил Павлов – Штип и Мурсел Мисини-Башкими.

„Машкиот кумите тим беше на чекор до историската борба за бронзениот медал. Меѓутоа, шансата се пропушти и не се искористи“, истакнуваат од клубот.

Машкикумитетим:
Македонија – Германија 2-2,

победи донесоа: Стефан Стојановиќ (нерешено) (победија Витомир Трајовски и Петар Заборски;
Македонија – Србија резултат 3-1,

за својот тим победи донесоа: Петар Заборски, Петар Спасеновски и Витомир Трајковски;
Македонија – Италија четвртфинале пораз со резултат  0-3
Репасаж
Македонија – Украина резултат 0-3

„Во одлучувачка репасажна борба за бронзен медал со огромна судиска асистенција и поддршка победи фаворизираниот тим на Украина, кој подоцна го освои и бронзениот медал“, потенцираат од Макпетрол.

Машкиот тим во дисциплина борби екипно го освои 7 (седмото) место

Женскикумитетим
Македонија – Украина 2-0
Македонија – Франција 2-3,

„Може да се каже дека тимовите во борби имаа забележителен настап. За женскиот тим од Макпетрол за ререзентацијата настапија Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска и Симона Заборска.

Од Карате клубот Макпетрол на ова првенство имаше вкупно осум спортисти. Од тоа во поединечните категории пласмани изборија 5 (пет) спортисти од вкупно 10 (десет) категории. За тимовите во борби и во машка и во женска конкуренција, најбројни беа спортистите на Макпетрол“, нагласуваат од клубот.

Според стручниот штаб на Макпетрол, успехот на репрезентацијата можел да биде поголем ако им било уважено барањето во стручниот тим да биде и стратегот на клубот Бошко Заборски, со оглед на бројот на репрезентативци и психолошката предност кој би ја носел во таков случај.

На ЕП земаа учество 601 каратисти- киод 51 држава.

Блокирани сметките на Хабиб! Должи 306 милиони рубли за даноци, му се закнува робија

Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал, кој според светските медиуми би можел да заврши во затвор.

Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.

Како што е наведено, можните казни се: Затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана за вршење одделни работи три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на раководни позиции во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започнала истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Неговата компанија за промоција на мешани боречки вештини, Игл фајтинг чемпионшип, наводно ја очекува истата судбина во блиска иднина.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби ги користел парите што наводно не ги уплатил во руската државна каса за купување хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Филип Стојанов прв на турнир во Црна Гора

Филип Стојанов од Партизан-Кочани го освои златниот медал на Меѓународниот карате турнир „Плјевлја опен“ во категоријата над 76 килограми во јуниорска конкуренција.

На турнирот учествуваа околу 530 натпреварувачи од 37 клубови од Црна Гора, Македонија, Србија ,Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Словенија и Албанија.

IPON