Федор Емелијаненко: Ние не војуваме со братски народи, туку со фашисти и националисти

Федор Емелијаненко во рамките на посетата на Казахстан даде интервју за Јутјуб каналот „Тајм вил тел“.

Каналот е пристрасен кон политички теми, па на Федор му беа поставени соодветните прашања. „Последниот император“ го кажа мислењето за конфликтот со Украина, се присети кога последен пат плачеше и објасни зошто Александар Карелин е подобар од Мајк Тајсон.

Федор не сакаше да ја коментира темата со Украина, но овој пат реши да зборува. Тој тврди дека Русија не е во војна со својот братски народ, туку со фашистите и националистите. Емелијаненко откри дека секоја недела оди во црква и се моли за крај на овој конфликт.

„Ние не војуваме со братски народи, туку со фашисти и националисти. И го поддржуваме братскиот народ. За секој православен човек, верник, ова е голема трагедија. Тоа што се случува во Украина меѓу нашите народи е трагично. Одам во црквата и на секоја миса секоја недела читаме молитви за завршување на војната.

Ова го доживуваме со голема болка. Се молиме овој превез да падне од очите на украинскиот народ и да нема раскол во нашата православна вера. Светската заедница е поделена, најголем дел моментално е против Русија. Во Русија не дозволуваме ваква изопаченост на полот на луѓето. Не би ја напуштил Русија.

Но, ако наеднаш се случи некоја виша сила да ме натера да ја напуштам татковината, веројатно ќе заминам во Србија. Во Србија се чувствувам како дома. Зошто? Затоа што ова е пред се православна земја. Второ, затоа што тоа е земја и народ што многу страдале. Србија е мала земја која сите се обидуваат постојано да ја навредуваат“, изјави Емелијаненко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО