Home Blog Page 313

Џејк Пол: Ќе го победам Тајсон за да покажам дека сум подобар

Џејк Пол сака да му докаже на светот дека не е само лик на Дизни.

Тој е комплетен боксер кој има намера да се натпреварува со најдобрите во светот. Некогаш беше само дете актер и jутјубер на кој многумина му се смееја кога објави дека ќе стане професионален боксер и ќе се бори за светските појаси.

Џејк го започна своето патување со мечеви против ММА ветерани и постепено се префрли на боксери. Сега се соочува со легендата Мајк Тајсон и ако успее да го победи, ќе му се отворат портите за можна борба за титула во боксот.

„Проблематичното дете“ верува дека е подобар од Тајсон и сака да му докаже:

„Мајк Тајсон е жива легенда и најголемото име во историјата на боксот кое го промени целиот спорт. Тој е вистински мајстор на својата уметност и затоа сакав да боксирам. Сакам да му покажам дека дефинитивно не сум инфериорен. Исто како него, сакам да им покажам на критичарите дека сум способен да се борам за шампионски појаси.

Се надевам дека Мајк Тајсон се сомнева во мене, затоа што тогаш ќе биде навистина изненаден кога ќе види за што сум способен. Ќе го победам во тој ринг и ќе му покажам дека сум подобар од него. И токму таков ќе биде нашиот натпревар. Ќе потврдиме кој е подобар“, рече Пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

Папата Франциск го благослови појасот за борбата на Усик и Фјури

Папата Франциск го благослови појасот за кој ќе се борат Александар Усик и Тајсон Фјури.

Борбата меѓу Усик и Фјури ќе биде главна на боксерската гала во Ријад овој викенд. Усик (21-0, 14 КО) ги има титулите на ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури (34-0-1, 24 КО) ја држи титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Сега Турки Алалших им создаде посебен појас кој ќе биде на рамото на неприкосновениот шампион. Маурицио Сулејман, кој е претседател на ВБЦ, рече дека папата Франциск го благословил појасот.

„Ова е момент од животот. Папата Франциск го благослови појасот за борбата на Тајсон Фјури и Александар Усик. Појасот го претстави Турки Алалших“, напиша Сулејман на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mauricio Sulaiman (@wbcmoro)

Нина Славевска и Фросина Атанасова може да го зголемат билансот на медали од ЕП за Македонија

Вчера Марио Ананиев ја израдува македонската јавност со освојувањето на бронзениот медал на ЕВропското првенство за деца (У-15) во Лутраки, Грција, но тој биланс денес може да биде поправен.

Имено, македонските репрезентативки Нина Славевска се боре во репасаж и со победи може да дојдат до борба за медал, а Фросина Атанасова има меч за бронза.

Нина има силни противници од Полска и Русија (неутрален), а, пак, Фросина се бори портив борачка од Романија

Жени
39 кг
Фросина Атанасова – Илијана К. (Бугарија) 8-8
Фросина Атанасова – Катерина В. (неутрална) 0-4 ВФА
Репасаж
Фросина Атанасова – Бурак К. (неутрална) 0-0 ВФО
За бронза
Фросина Атанасова – Харсан В. (Романија)

66 кг
Нина Славевска

 

Славниот боксерски шампион Александар Поветкин назначен за заменик-гувернер во Русија

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија во верзиите ВБА и ВБЦ, како и поранешен олимписки шампион, Александар Поветкин, е назначен за заменик гувернер на Областа Вологда.

Поветкин ќе биде одговорен за патриотско образование на младите, привлекување на жителите кон спорт и здрав начин на живот.

Славниот поранешен боксер со децении е важен член на славјанско-руската патриотска заедница.

Ментални игри или страв? Погледнете како се однесуваше Фјури на соочувањето со Усик (ВИДЕО)

Остануваат уште два дена до мега спектаклот и големата пресметка меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик во мечот за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.

Непоразените тешкаши ќе го предводат боксерскиот настан во Кингдом арената во Ријад во сабота, а победникот ќе стане апсолутен шампион во кралската дивизија, првпат по Ленокс Луис кој успеа да го стори тоа пред 25 години.

„Јас живеам во неговите мисли бесплатно, сигурно. Луѓето велат: „Не можеш да му влезеш во главата“. А јас сум веќе во неговите мисли. Мисли на мене секогаш кога ќе стане наутро. Секогаш кога ќе ги затвори очите, срцето силно чука и мисли само на Ромскиот крал. Секогаш кога ќе ги мие забите или кога оди во тоалет мисли на мене и на моето дебело тело. Знае дека доаѓам по него. Јас сум во неговиот ум без кирија, живеам во неговата глава“, изјави Тајсон Фјури.

Украинецот веќе имаше подготвен одговор.

„Навистина не размислувам за Тајсон Фјури. Не гледам како се однесува и што прави. Повеќето од неговите противници паднаа на тоа. Но јас не. Што се однесува до мене, се фокусирам на тоа како сум и како се подготвувам за настапот. Тренерот и јас ги гледавме неговите борби. Се подготвуваме за се. Мораме да внимаваме што прави. Не ми е гајле што мисли Фјури за мене, ниту пак ми е грижа. Имам свои планови. Имам предност пред него, а тоа не го знае“, подвлече Александар Усик.

Боксерите одржаа прес-конференција, а потоа дојде до соочувањето кое Кралот на Ромите вешто го избегнуваше.

Имено, Британецот ја стави капата на главата, а во ниту еден момент не го погледна Усик, кој не го тргаше погледот од него.

Фјури само се насмевна и позираше и ги свитка мускулите, а во еден момент дури ја отпеа песната на Џон Каферти „Хартс од фајр“. Ниту еднаш не се сврте кон Украинецот.

Кралот на Ромите подоцна објасни зошто не го погледнал својот противник:

„Тој е момче со страшен изглед. Сакам да бидам опуштен и смирен да го чекам натпреварот во сабота. Тука завршува приказната“.

А како изгледаше соочувањето погледнете во видеото:

Усик нема да се пензионира по дуелот со Фјури

Александaр Усик се премисли, па сега вели дека ќе продолжи да боксира и по борбата со Тајсон Фјури закажана овој вокенд во Ријад.

Украинскиот тешкаш претходно тврдеше дека ќе ги закачи ракавиците откако ќе го заврши договорот за две борби со Фјури.

„Да, секако, ќе продолжам да боксувам. Можеби уште три години“, изјави Усик.

„Мојата мотивација за боксот е дисциплината, семејството и навивачите. Ја ценам поддршката од народот и од украинските војници. Тоа е мојата мотивација. Мојата најголема победа допрва доаѓа“.

Витомир Трајковски со две победи и реми на Карате 1 Младинска лига во А Коруња

Витомир Трајковски (-84 кг) извојува две победи, а една борба заврши нерешно на Карате 1 Младинска лига во А Коруња, Шпанија.

Во првата борба славеше со Миле Иваниќ од Босна и Херцеговина 5-4, потоа и против Скот Андерсон од Шкотска 8-0, а со Роберто Родригез се бореше нерешено 2-2, но поради прв освоен поен понатаму отиде Шпанецот.

Родригез не се пласира во финалето, па така не му овозможи репасаж на нашиот каратист, кој беше близу до висок пласман.

Стефан Стојановиќ (+84 кг) загуби од Ерван Жадул од Белгија 0-1.

Резултати – Карате 1 Младинска лига:

-84 кг
Витомир Трајковски – Миле Иваниќ (БиХ) 5-4
Витомир Трајковски – Скот Андерсон (Шкотска) 8-0
Витомир Трајковски – Роберто Фернандез Родригез (Шпанија) 2-2

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Ерван Жадул (Блегија) 0-1

Марио Ананиев освои бронза на ЕП во борење за У-15

Марио Ананиев освои бронзен медал на Европското првенство за У-15 во Лутраки, Грција.

Репрезентативецот на Македонија, инаку борач на Бучим, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми го совлада Валентин Господинов од Бугарија со 7-0. Марио извојува четири победи на ЕП, против Теноре од Италија 11-0, Сурваилов од Кипар 10-0, Далиба (Латвија), пораз од Ибрагимов (неутрален) и победа над Господинов.

Ова е успех за македонското борење и потврда дека во оваа генерација има талентирани момчиња и девојчиња кои со правилен тренажен процес, но и вложување, да бидат потпора на сениорската репрезентација.

Мераб Двалишвили доживеа сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

Мераб Двалишвили на социјалните мрежи објави клип на кој се гледа свиткан џип.

„Јас сум добро. Во ред е, сите сме добро. Во Њујорк сум само неколку часа и доживеав огромна несреќа. Бев во автомобил на Убер и нè удрија неколку други автомобили. Погледнете ја штетата. Седев овде и ме удри“, вели Мераб во видеото на социјалната мрежа Инстаграм.

Двалишвили очекува наскоро и официјално да стане претендент за титулата на Шон О’Мели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgi Kiknadze (@gio_kiknadze17)

ИБФ објави задолжителен предизвикувач за Сол Алварез

Неприкосновениот светски шампион во супер средна категорија во неговата следна борба треба да се соочи со задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Вилијам Скал.

Ова го потврдија и промоторите на Кубанецот кој живее во Германија, АГОН спортс, кои изјавија дека боксерските тимови добиле рок од четири недели да преговараат.

Скал (31) ја заслужи позицијата задолжителен предизвикувач во летото 2022 година во борба против рускиот боксер Евгени Шведенко.

IPON