Медалистите од Светското кик бокс првенство на прием во АМС (ФОТО)

Македонската кикбокс репрезентација се врати со двa медала од ВАКО Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори што се одржа во Лидо Ди Јесоло, Италија, по тој повод имаше прием во Агенцијата за млади и спорт.

Репрезентацијата предводена од претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата, Драган Атанасовски, составена од пет натпреварувачи: Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Силвио Мировски и Панче Витанов, по серија победи и порази, во борба со светската младинска кикбокс елита успеа да освои две медали – сребрен од Нелсон Узеир во кик лајт во ка тегоријата со 89 килограми за јуниори и бронза од Јадранка Темелкова во лоу кик (56 кг) во јуниорска конкуренција.

Во име на Агенција за млади и спорт директорот Наумче Мојсовски на младите кикбоксери им додели благодарници и им посака повторување на успесите и во сениорска конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО