Сребро и бронза за македонските кикбоксери на СП, претседателот Дејан Митровски задоволен од успехот (ФОТО)

Од завршеното Светско првенство во кик бокс за деца, кадети и јуниори Лидо Диесело, Италија, во  Македонија се враќа со две одлијча – сребрен медал за Нелсон Узеир и Јадранка Темелкова со бронза.

Претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко со оценка за настапот на нашите репрезентативци.

„Како претседател сум задоволен од успехот на Нелсон, на кого во финалето му се падна тежок и цврст противник и второто место му беше заслужено. Јадранка можеше и верувам дека ќе успееше повеќе да запнеше во третата рунда. Останатите борци можеа и да стигнат до медал, бидејќи беа подобри од своите противници. Но беа дебитанти и само искуството им фалеше да го задржат водството што го имаа во првите рунди. Сепак, за следниот натпревар ќе бидат поискусни па ќе прикажат подобри борби“,  изјави Митровски.

Денес Нелсон Узеир во финалето загуби од турскиот кикбоксер Самед Агдеве со 0-3, додека Јадранка Темелкова во полуфиналето беше поразена од Канита Муминовиќ од Босна и Херцеговина со 0-3.

Резултати СП:

Кик лајт
јуниори

-89 кг
Нелсон Узеир – Винце Торок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Нелсон Узеир – Франческо Криваро (Италија) 3-0
Финале
Нелсон Узеир – Самед Агдеве (Турција) 0-3

Лоу кик
Јуниори

-56 кг
Јадранка Темелковска – Николе Буљан (Хрватска) 3-0
Полуфинале
Јадранка Темелковска – Канита Муминовиќ (Босна и Херцеговина) 0-3

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО