Бадр Хари малку потежок пред борбата против Алистер Оверем (ВИДЕО)

Пресметката меѓу Алистер Оверем и Бадр Хари е предвоник на кик бокс спектаклот Гори: Колишн 4 што ќе се одржи во Арнхајм во сабота.

Досега двапати се бореле меѓу себе и моментално се изедначени на 1-1.

Тие првпат се бореа кон крајот на 2008 година кога Оверем победи со нокаут во првата рунда, а Хари возврати во реваншот една година подоцна.

Тоа ќе биде првиот кик бокс меч на Демолишн мен откако минатата година го напушти УФЦ. Во својата последна ММА борба во февруари 2021 година, тој загуби од Александар Волков.

А последната борба во кик бокс ја имаше во декември 2010 година, кога го победи Петр Аертс.

Бадр Хари е во слаба серија, а на победа чека од август 2015 година. Оттогаш загуби четири борби, а две од неговите борби беа поништени.

Во март оваа година борбата против Аркадиуш Вжосек беше прекината поради дивеењето на полските хулигани.

Оверем и Хари имаа мерење во петокот, а Бадр во мечот ќе влезе нешто потежок од противникот. Вагата покажала Хари 114,4 и Оверем 112,8 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО