Магомед Исмаилов го победи Александар Илиќ во боксерски меч (ВИДЕО)

Рускиот ММА борец Магомед Исмаилов извојува победа во боксерскиот меч против српскиот борец Александар Илиќ.

Мечот од шест рунди беше главна на гала-вечерта на Првада, која пред неколку минути се одржа во Москва. Борбата траеше сите предвидени шест рунди и заврши со победа на Исмаилов со едногласна одлука.

Во нивната борба немаше нокдаун. Исмаилов беше поактивен и поагресивен. Тој ги упати подобрите удари и во неколку наврати го притисна Илиќ, кој не импресионираше на овој боксерски меч. Така по 6 рунди од по 3 минути со одлука победи „Ќелавиот предатор“.

Во коглавната борба на вечерта Влад Туинов го нокаутира Џулијан Лејн.

Пред борбата со Илиќ, Исмаилов во бокс меч со едногласна одлука го победи Нигериецот Оланреваџа Дуродола. Илиќ, пак, неодамна се сретна со Александар Шлеменко на турнирот РЦЦ ММА и го победи во првата рунда, нокаутирајќи го за 22 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО