Мери Акиевска на СП во Јужна Кореа: Дојдени сме да го земеме златото за Македонија!

Нашата фитнес шампионка Мери Акиевска отпатува на Светското првенство во Јужна Кореа.

Утре во 10 часот по корејско време, 3 часот наутро по македонско, почнува Светското првенство за жени, јуниори, сениори и мастерс во бодибилдинг и фитнес за 2022 година.

„Патувањето од 24 часа, воопшто не беше лесно. Регистрацијата е направена денес и Мери е подготвена утре на сцена да застане рамо до рамо со докажани шампионки од целиот свет“, изјавија од нашиот табор.

„Дојдени сме да го земеме златото за нашата земја. Бидете со нас!“, изјави Мери Акиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО