Илир Латифи суспендиран од УФЦ поради криење на болест

Борецот во тешка категорија на УФЦ, Илир Латифи е привремено суспендиран од најголемата ММА организација.

39-годишниот ветеран од Шведска беше казнет од Државната спортска комисија на Невада затоа што не му кажал на раководното тело за состојбата на кожата со која се борел на последниот меч.

Латифи го победи Русинот Алексеј Олејник на УФЦ Фајт најт 211, кој се одржа на 1 октомври. По мечот Скандинавецот призна дека два дена пред борбата се инфецирал со стафилокока и не им кажал ниту на тренерите.

Според Спортската комисија, Латифи не го известил ниту работодавецот, ниту комисијата за својата болест, а признанието пред камерата било опишано како „ризично“ и заклучила дека таквото однесување не може да се толерира.

Во овој момент не е познато дали и кога Латифи ќе може да се врати во октагонот, во очекување на конечната одлука на Спортската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО