Нелсон Узеир е во големото финале на СП во кик бокс, Јадранка Темелкова освои бронза (ФОТО)

Нелсон Узеир триумфираше против Франческо Криваро од Италија и се палсира во големото финале на Светското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Диесело, Италија.

Узеир славеше со 3-0. Нелсон за златниот медла ќе се бори  утре или задутре против со Самед Агдеве од Турција.

Вториот наш претставник во денешните полуфинални борби, Јадранка Темелкова за загуби од Анита Муминовиќ од Босна и Херцеговина со 0-3 и го освои бронзениот медал.

„Јадранка во првата рунда водеше 3-0, во втората при крај попушти и во третата како да не се концентрира. Премногу пасивно одработи, како да се чуваше. На крај од борбата ми кажа дека ја болело ногата од повреда која ја добила на почетокот на втората рунда. Сепак, како дебитант, добро се избори“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко и истакна:

„А Серџо (како што го викаат Узеир) и во оваа борба паметно се бореше, доминираше над противникот во сите три рунди со 3-0, како што и ја заврши борбата. Добро е што нема посериозни повреди. Има време да се одмори и соземе за финалната борба која ќе биде утре или задутре“.

Резултати СП:

Лоу кик
Јуниори

-56 кг
Јадранка Темелковска – Николе Буљан (Хрватска) 3-0
Полуфинале
Јадранка Темелковска – Канита Муминовиќ (Босна и Херцеговина) 0-3

Кик лајт
јуниори

-89 кг
Нелсон Узеир – Винце Торок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Нелсон Узеир – Франческо Криваро (Италија) 3-0
Финале
Нелсон Узеир – Самед Агдеве (Турција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО