Бојан Нешковиќ е првиот слеп џудо мајстор, завршил два факултети, има две ќерки и решил да го победи мракот

Бојан постепено го губел видот, а пред 15 години целосно ослепел. Тоа не го спречило секој ден да му биде победа.

Решил да ја победи темнината. Неговото оружје: челична волја, упорност и работа. И тој победи. Стана првиот слеп џудо мајстор во Србија и регионот. Завршил два факултети. Се усовршил и како тренер. Дипломиран дефектолог и економист, основач на Џудо здружението за слепи, автор на неколку книги, татко на две ќерки – сето тоа е Бојан Нешковиќ.

Бојан постепено го губел видот, а пред 15 години целосно ослепел. Тоа не го спречило секој ден да му биде победа.

„За жал, најголемиот дел од слепите лица и инвалидите се лица кои се затворени во своите домови или се затворени во своите организации, немаат многу контакт со здравата популација. Не би сакал таков живот. Избрав да се борам, така што борбата ми е најважна, секако дека секогаш има порази и да речеме дека тие порази се всушност добредојдени затоа што ме направија посилен“, изјави Бојан за РТС.

Против темнината се бори и со боречки вештини. Двапати учествувал на Европското првенство во џудо во Велика Британија.

„Џудото ми донесе многу, џудото ми донесе способност подеднакво да се вклопам во средината на општата популација, а да не зборуваме за здравите. Ми помогна да се наметнам преку спортот и натпреварувањето, ми донесе боречка вештина која не дај Боже е многу корисна во животот и секако ми помогна да ги подобрам физичките и психичките карактеристики, да го подобрам движењето“, вели Бојан.

И каратето и танцот се негови големи љубови. Првите танцови чекори ги направил со тогашната пријателка, а сега сопруга Јелена.

„Таа е врвна танчерка, тука сум да има некој да танцува со неа, партнер. Но, да речеме дека од танцот имам најмногу медали и најмногу златни медали блаодарение на помошта на мојата сопруга“, вели Бојан.

Иако вработувањето е еден од најголемите проблеми на слепите и слабовидите, Бојан имал среќа. Минатата година се вработил во дирекцијата на Јавното комунално претпријатие Зеленило.

Тој вели дека е подобар учител отколку танчер. Затоа планира да продолжи да се усовршува како тренер.

фото:

Принсткрин: РТС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО