Стипе Миочиќ стана косопственик на позната пицерија

Поранешниот шампион во тешка категорија Стипе Миочиќ (20-4) стана косопственик на Ромео пица, која поседува 60 ресторани во САД. Миочиќ ќе ја поддржи компанијата во градењето силен бренд.

„Пицата го врти овој свет. Јадев во Ромео пица во последните 20 години и за мене тоа е најдобрата пица во Охајо…и во светот“, рече Миочиќ.

40-годишната ѕвезда на УФЦ има околу 4 милиони долари заработка во кариерата. Дефинитивно може да си дозволи да се вклучи во нешто што ќе му се исплати.

Миочиќ, кој треба да се бори со Џон Џонс (26-1) пред крајот на годината, исто така е и пожарникар. Стипе последен пат се бореше со Френсис Нгану во март 2021 година. Во втората рунда загуби со нокаут и се раздели со титулата.

Во последните 5 години Миочиќ имаше 5 борби, од кои 3 беа со Даниел Кормиер и 2 со Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО