Заклучокот на ИО на КФМ е незаконски и нестатутарен и за нас е ништовен, велат клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание

Клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија на заклучокот на Извршниот одбор.

„Извршниот одбор на КФСМ како што работеше цело време и овој пат ја злоупотреби својата положба и спротивно на Законот за здруженија и фондации, Законот за спорт и Статутот на КФСМ донесе заклучок кој го достави до сите клубови.

Најпрво, Извршниот одбор заклучокот го донесе во недемократска процедура. Еден го пишува а другите да се изјаснат: се согласувам или не се согласувам, без да имат можност на седница со физичко присуство да го искажат своето мислење, да го подржат или ако не го подржат да објаснат зошто не го подржуваат. Притоа имаат можност на членовите на Извршниот одбор кои не се од каратето и тие што се од каратето, да им објаснат зошто не се согласуваат, со можност да ја променат одлуката – заклучокот или пак да го подобрат текстот. Ќе кажете во Статутот постои можност за електронско изјаснување. Да, но никаде не пишува дека еден има ексклузивно право да пишува заклучок кој е спротивен на закон и статут. Особено не за материјал кој е од животен интерес за работата на Федерацијата“, истакнуваат клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание.

Зошто овој заклучок е незаконски и нестатутарен?

„Ние 30 клубови со својот потпис и печат бараме да се одржи вонредно Собрание со цел да се гласа доверба на претседателот. Со нашето барање ние доставивме образложение кое е упатено до сите клубови во РС Македонија, а никако до Извршниот одбор. Согласно законот и статутот тој материјал е за расправа на Собранието а не на извршниот одбор. По тој материјал заклучок може да донесе единствено Собранието и само Собранието, никако друг понизок орган на Федерацијата. Со ниеден член од законот или Статутот извршниот одбор не е овластен да носи зааклучоци по материјали кои се предмет на расправа на Собранието. По закон и статут Извршниот одбор има само обврска да ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието.

Од тие причини, ние клубовите иницијатори за свикување на вонредното Собрание го отфрламе овој заклучок како незаконски и нестатутарен и за нас тој е ништовен и нема никакво значење“, велат клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание.

(Овој допис го изразува личното мислење на авторите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО