Нелсон Узеир освои сребрен медал на Светското кик бокс првенство (ФОТО)

Нелсон Узеир го освои среебрениот медал Светското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Диесело, Италија, отако во финалето загуби 0-3 од турскиот кикбоксер Самед Агдеве.

Со среброто на Узеир Македонија освои две одличја на СП. Со бронза се закити Јадранка Темелкова.

Ова е успех за македонскиот кик бокс.

„Турскиот натпреварувач физички беше многу посилен и одеше на сила, така, како тренери од аголот, на нашиот борец му сугериравме да ја стегне борбата и тој да оди со сила, со клинч борба. Иако увидовме дека многу подоминантен беше Турчинот, сепак на нашиот Нелсон ќе му послужи како добро искуство“, рече селекторот Дејан Митровски-Урко.

Инаку, шаниот репрезентативец и таборот имаа поддршка од конзулот на Македонија во Италија Стојан Витанов, кој во живо го следеше настапот на Узиер.

Стојан Витанов направи разговор со претседателот на Светската федерација Рој Бејкер и со претседателот на италијанската репрезентација и организаторот на првенството Донато Милано, каде како репрезентација и раководство добивме пофалби од Рој Бејкер

Резултати СП:

Кик лајт
јуниори

-89 кг
Нелсон Узеир – Винце Торок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Нелсон Узеир – Франческо Криваро (Италија) 3-0
Финале
Нелсон Узеир – Самед Агдеве (Турција) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО