Ивица Алексовски беше на семинар кај гранд мајсторот Љубомир Јорданов

Ivica pretsatvuvanje kaj Joradnov

Ивица Алексовски, основач на „Д’ Стронгест“,  викендов беше на семинар во Софија, Бугарија, под водство на гранд мајсторот Љубомир Јорданов. Алексовски е „фул инструктор“ под водство на ГМ Јорданов.

Ucesnici na seminarot kaj Jordanov vo SOfija

„На овој семинар, кој траеше 10 часа, распоредени во два дена се прикажаа и увежбуваа техники од џит кун до, кали, досе парес ескрима, таи бокс, савате…ГМ Јорданов прикажа нови начини и вежби, како поквалитетно да се увежбуваат одредени техники. Покажа нови методи на пренесување на наученото на своите ученици, беа застапени техники со ескрими, техники со голи раце кои се особено ефикасни во улична борба, каде што нема правила“, вели Алексовски.

Priznaieto na Ivica vo Sofija

Тој истакнува дека семинарот, како и секогаш, се одликувал со релано-применливи техники, со нови детали за одредени техники, со поправање на одредени грешки при изведувањето.

Ова е соработка која трае повеќе од 15 години.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО