Шекил О’Нил: Витор Белфорт еднаш претепа момче за мене, ме натера да го сакам овој спорт

Култниот американски кошаркар Шекил О’Нил е голем љубител на ММА и тоа не е тајна. Шек дури и го промовираше своето деби во ММА во еден момент, но тоа никогаш не се случи.

Шек на почетокот на март го прослави 52-от роденден и сосема е јасно дека ММА дебито сепак ќе остане неостварен сон за овој пензиониран кошаркар и некогаш најдобар центар во светот. О’Нил останува да го следи спортот што толку многу го сака, но дали знаете како се роди љубовта на Шек кон ММА? Појавувајќи се на подкастот „Паунд 4 паунд“ што го водеа Камару Усман и Хенри Сехудо, Шек објасни дека Витор Белфорт е „виновникот“ за развивањето на неговата љубов кон овој спорт.

„Имавме пад на тренинзите на Хаваи, одев по улица, а некој тип ме зграпчи и беше неверојатно силен. Си помислив дека секој момент ќе се степаме. Се свртев, се соочивме еден со друг, но Витор Белфорт ги крена рацете и рече: „Не, не, не, човече! Јас сум твој обожавател. Мислам дека тоа се случи пред настанот УФЦ 1 и тој ми даде билети за настанот. На тој настан, тој победи еден дечко кој носеше работнички панталони.

Еден тип (Белфорт) ме зграпчи на улица и си помислив, ќе го истепам затоа што е многу помал. Но, беше љубезен, ми кажа дека се настапува во УФЦ и дека ќе се бори. Прашав кога е борбата, бидејќи немав многу време за други срања. Порази некој двометраш, а таков спорт не сум видел. Оттогаш сум фан“, рече О’Нил, но тој измеша некои детали.

Витор Белфорт не настапи на настанот УФЦ 1, а мечот на кој алудира Шек се одржа под покровителство на настанот Супербравл 2. Белфорт потоа го победи Џон Хес со нокаут по само 12 секунди од борбата и го воодушеви Шек.

Нивното пријателство не престана по таа средба на Хаваи. О’Нил им кажал на Сехудо и Усман како Белфорт еднаш го претепал момчето што го провоцирало Шек.

„Тој еднаш нокаутира едно момче за мене. Тој тип зборуваше глупости, а Витор излезе од никаде и ‘БИНГ БИНГ’, јас го гледав типот што лежи на подот и му велам на Витор да бега. Одби и продолжи да го тепа, а јас продолжив да му велам да си оди. Набрзо дојде и полицијата“, изјави О’Нил.

Така, Витор Белфорт е причината зошто толку познат и легендарен кошаркар сака ММА. Не се сомневаме дека има многу луѓе на овој свет кои се заљубиле во ММА гледајќи го Витор Белфорт во акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО