Вечерва спектакл во Скопје: Бобан Илиоски се бори за светската титула на ВАКО Про

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, од 19 часот, ќе бори за титулата професионален светски првак во кикбокс на ВАКО ПРО, во дисциплината К1 (до 88,6 кг), против Берк Дузенли од Турција, актуелен светски првак.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината за 2023 година.

„Нема цена тоа што се борам пред мојата публика, чувството е неописливо. Комитите ќе ме поддржат, секако, тие се моите браќа“, изјави Илиоски за Ипон.мк и додаде:

„На публиката и на македонската јавност и препорачувам да уживаат за време на натпреварот и да ја осетат енергијата и убавината на кикбоксот“.

На гала-вечерта, на еден од мечевите пред главната борба, ќе настапи и трикратниот светски и европски шампион, македонскиот кикбоксер Димитар Ѓорѓиев.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест меча во машка и во женска конкуренција, на кои ќе учествуваат атрактивни борци од Македонија и нивните противници од Србија, Словенија, БиХ и Израел, кои, пак, се актуелни шампиони од официјалните ВАКО-првенства (Светската асоцијација на кикбокс-организации).

Настанот ќе го отвори мечот меѓу битолчанката Марија Димовска – Марија Обрадовиќ од Србија во лоу кик за постари јуниори.

Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3. Влезниците се пуштени во продажба онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/arena_%20fight-%20nightsи на билетарницата на салата

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО