Бобан Илиоски: Нема цена тоа што се борам пред мојата публика, чувството е неописливо

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски ќе се бори за профисионален светски првак во кик бокс на ВАКО во К1 до 88,6 килограми. Илиоски ќе се бори против Берк Дузенли од Турција, светски првак во ВАКО Про.

Настанот „ВАКО Про Арена фајт најтс“ е на 26 април во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

Ова е за првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кик бокс настан, кој е еден од најголемите настани во регионот.

На спектаклот ќе настапат и други познати македонски кикбоксери, предводени од светскиот првак Димитар Ѓоргиев, искусната Викторија Варадинова, талентираната и перспективна Марија Димовска, македонската иднина Силвио Мировски, Максим Митровски и Нелсон Узеир.

За тоа како се чувствува и што и порачува на македонската јавност разговарваме со Бобан Илиоски.

Како поминуваат последните подготовки за најважниот меч во твојата кариера?

– Последните денови од подготовките поминуваат одлично.

Како се чувствуваш?

– Се чувствувам одлично, се си оди по план.

Колку ти значи тоа што за светската титула ќе бориш пред твојата публика? Впрочем, Комитите најавија масовна поддршка.

– Нема цена тоа што се борам пред мојата публика, чувството е неописливо. Комитите ќе ме поддржат, секако, тие се моите браќа.

Каков борец е противникот?

– Противникот е искусен борец и светски ВАКО првак. Има и многу професионални мечеви, што значи ќе биде интересна и непредвидлива борба.

Што ќе и порачаш на македонската јавност и на публиката во салата?

– На публиката и на македонската јавност и препорачувам да уживаат за време на натпреварот и да ја осетат енергијата и убавината на кикбоксот.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО