Жестока реакција на Елвир Куртановиќ: Правилникот е спротивен на законот и полн со дискриминирачки одредби кои ќе произведат дискриминирани спортисти, тренери и клубови

Како што веќе пишувавме минатите денови, Извршниот одбор на Карате федерацијата на РС Македонија на ден 20 јули донесе одлука за стапување на сила на новиот Правилник за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на КФРСМ; Правилникот за избор и работа на државните репрезентативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КФРСМ и Кодекс – правила на однесување на репрезентативците и официјалните лица на КФРСМ. Ова предизвика многу реакции кај клубовите и тренерите.

До нашата редакција престигнуваат многу реакции од клубовите во нашата земја, притоа прв реагираше поранешниот селектор Сашко Арсовски, кој е тренер на најдобриот македонски каратист Емил Павлов и други освојувачи намедали, а денес ќе објавиме уште една. Реагираше и поранешниот репреземтативец Гоце Петров кој со Иво Цевтковски го предводат КК Автокоманда. Па поранешниот медалист од ЕП и прв човек на КК Скопје, Горан Алексовски – Конти. Исто така и доскорешниот репрезентативец Сашко Патраклиев.

„Серијата реакции кој пристигнаа во КФРСМ по повод усвојување на новиот контравезен Правилник за избор и работа на државните репрензетативни селекции на карате спортот на Македонија е уште една потврда дека клубовите во нашата федерација не се заспани и дека бурно ќе реагираат на вака нереспектибилен однос на раководните лица на КФРСМ изразен преку вакви желбовни правилници кој се насочени само кон интересите на малкумина од врвот на КФРСМ .

Она што можам да го кажам општо за работата на новото раководство на КФРСМ е дека јас не сум изненаден од вакви Одлуки затоа што не очекував дека можат и знаат повеќе, а право да размислувам така е поткрепено од следењето на состојбите и претходните искуства со оние кој денес не водат и застапуваат .

Последните реакции на тренерите на Емил Павлов кој освои второ место на Светското сениорско првенство во Дубаи 2021 година создаде големи незадоволства при распределбата на средства од АМС за постигнатиот врвен спортски резултат, каде на матичните тренери на Емил Павлов, Сашко и Жарко Арсовски како најзаслужни за овој резултат, покрај Емил се разбира, од наградата им припадна околу 57. 988 денари да поделат, а селекторот на репрензетацијата Александар Кузмановски околу 289.9380 денари. Претпоставка е дека ваква одлука има и за резултатот на Петар Спасеновски со тренерот Бошко Заборски. Во превод, селекторот на репрензетација за двата последни сениорски резултати земал приближно 10 илјади евра, а клупските тренери околу 1.900 евра за сите заедно. Но, вакви случаеви има уште неколку кои може да ги видите во официјалните извештаи на федерацијата и секако се штетни, неприфатливи и некоректни.

Ваков животен стил фокусиран на луксузот и на богатење, како и добивање државни награди и признанија со минимални заслуги, сега ќе го гарантира и усвоениот Правилник, кој го оспоруваат најистакнатите спортски работници и каратисти и сите оние кои го сакаат карате спортот. Што би рекле, луѓе воспитувани според моралните вредности ова е Шејтанска работа, а на Шејтанот не му е место меѓу нас. Лошо стекнатите навики и неиздржливите Принципи (фундаментални вистини кои имаат универзална примена) секогаш ќе произведуваат вакви лоши решенија и предлози.

Ова е само еден мал дел од недостатоци и нерегуларности кои секогаш ќе произведуваат нови и нови грешки. И, се додека не се отстрани причинителот на грешките, а причинителот е, како што тоа го кажа неколку пати Сашко Арсовски, негативната селекција во раководството на КФРСМ, со што целосно се согласувам“, пишува Елвир Куртовиќ, тренер на КК Кеикс и првиот европски шампион и, воопшто освојувач на златен медал за независна Македонија, на ЕП во Кардиф, Велс, во 1993 година..

Во продолжение на рекацијата Куртановиќ се обраќа до раководството на КФРСМ:

„Реакциите по повод новоусвоениот Правилник за избор и финансирање е нова задача за вас да покажете дали сте за позитивни промени и задоволно членство .

Правилникот е спротивен на законот и полн со дискриминирачки одредби кои ќе произведат дискриминирани спортисти, тренери и клубови. Раководството на КФРСМ веќе има добиено две преставки кои ви укажуваат на пропустите и сторени дискриминации, уште две ви се во фаза на разгледување и усвојување. Трошоците за овие жалби ќе ја испразнат касата на КФРСМ и тоа ќе повлече одговорност на сите поединечно кои го гласале овој Правилник. Затоа, овој пат е паметно, за да не биде доцна, да разберете дека сте згрешиле и дека треба да ја повлечете Одлуката од 22.07.2022 година. Корисно за вашиот публицитет и интегритет е да се извинете за направената грешка, како малку би ја вратиле вербата на членството. А, ако и ова го премолчите, како што тоа го правите во досегашната пракса, бидете сигурни дека реакциите ќе се прошират и ќе создадат нови несугласувања кои во јавноста оставаат негативен впечаток за сите нас и нашата федерација. Ако не знаете како, тогаш имате и втора алтернатива, одете си од федерација во вашите матични клубови, има кој знае како треба да работи каде сите ќе бидат задоволни, а и вие исто така.

Со оваа реакција за Одлуката, за усвојување на Правилници кои се на штета на сите други освен на мал број поединци од врвот на КФРСМ, не изнесов многу детали од самиот Правилник, затоа што ќе требаше да пишувам две страни забелшки, па затоа ќе заклучам дека Одлуката со усвоените Правилници целосно е спротивена на интересите на клубовите и треба веднаш да се стави вон сила, па на стариот правилник да се работи како би се отстраниле укажаните забелешки и би добиле прифатлив Правилник за избор и финансирање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО