Ќе ве наежи: Светот ја слушна македонската химна и знамето се крена највисоко со историското злато на Елвир Куртановиќ на ЕП 1993 г (ВИДЕО)

За прв пат светот ја слушна македонската химна и го виде македонското знаме највисоко на јарболот во 1993 година во Кардиф – Велс, на Европското карате првенство за кадети, младинци и млади сениори (У-21), откако Елвир Куртановиќ (-75 кг) го освои златниот медал во борби во помлади сениори,  со  кој влезе во историјата на македонскиот спорт. На патот до златниот медал Куртановиќ забележа пет победи.

Првото излегување како репрезентација на независна Македонија под водство на селекторот Чедомир Саздовски беше крунисано со три медали златниот на Куртановиќ и бронзите на Зоран Пејов (-80 кг) млади сениори  и Ангел Георгиев (-70 кг) во кадетска конкуренција.

Ipon.mk ексклузивно дојде до снимката од прогласувањето на доделувањето на златниот медал на Елвир Куртановиќ. На прво гледање само воздишки, атмосфера во нашата репрезентација како што ретко се гледа, едноствано, видеото во наежува од симбиозата на репрезентативците, тренерите и селекторот. Буквално, како сите да го имаа освоено златниот медал…

Повеќе нема да раскажувам, погледнете го видеото за да го почувствувате духот на независна и хомогена Македонија. Му благодариме на освојувачот на бронзениот медал Зоран Пејов кој овозможи овие историски моменти да ги види македонската јавност.

https://www.facebook.com/karateklub.keiks/videos/2253733374661305/

Ќе видите и дел од борбите.

ВИДЕО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО