Поветкин: Не разбирам зошто Вајт ме нарече кукавица

Александар Поветкин (34-2, 24 КО) во текот на кариерата беше двократен аматерски европски шампион, светски шампион и олимписки шампион, а во професионална конкуренција беше „регуларен“ ВБА шампион.

39-годишниот Русин не е склон на навредување и омаловажување на противникот беше многу збунет и изненаден од неодамнешниот коментар на Дилиен Вајт кој го нарече кукавица.

„Тој е добар борец, но е и кукавица, бидејќи се согласи да се бори со мене по мечот со Дејвид Прајс. Потоа се предомисли и одлучи да ја чека борбата со Џошуа. Сито ова се големи битки. Ме знаете мене, ако јавноста сака да се борам со нив, ќе се борма со сите“, изјави лондонскиот боксер, коментирајќи ја конкуренцијата во тешка категорија.

Откако во март го нокаутира Дејвид Прајс Русинот изрази интерес за борба со Јамајканецот, но како задолжителен предизвикувач на ВБА федерацијата доби борба за појас.

Во септември на Вембли загуби со нокаут во седмата рунда во борбата за светската титула против Ентони Џошуа. Се подготвува за нов меч кој може да се одржи, исто така, на Вембли во воведниот дел од настанот на 13 април кој треба да го предводи Џошуа.

Вајт е еден од најистакнатите кандидати за следен противник на Ентони Џошуа, но ако не се бори со светскиот шампион, тој може да ги одмери силите со Поветкин.

„Не разбирам зошто Вајт би ме нарекол кукавица. Не можам да сфатам тоа. Сè одвива по планот, јас нема да престанам да боксирам. Подготвен сум за следната борба и не ми е грижа кој ми е противник“, изјави Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО