Голема трагедија: Убиена легендата на БЏЏ во ноќен клуб

Леандро Ло, осумкратниот светски првак во три различни категории во џиуџицу и една од омилените личности во џиу-џицу трагично го загуби животот откако беше застрелан во главата од човек со кого влегол во конфликт на забава во дискотека во Сао Пауло. 

„Идолот на нашиот спорт, Леандро Ло, прерано не напушти. Сочувство до семејството и до сите оние луѓе врз кои Леандро влијаеше со својата позитивна енергија, кои поради него облекоа кимоно ширум светот“, објави Бразилската конфедерација на џиу-џицу.

Според бразилските власти, убиецот е веќе уапсен. Станува збор за лице со дебело полициско досие, кое влегло во конфликт со Леандро Ло во дискотеката, за кога двајцата го напуштиле локалот, го застрелал шампионот од непосредна близина во главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО