Мајк Тајсон: Хулу ми ја украде историјата и не ми плати

Поранешниот неприкосновен боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, го критикува стриминг сервисот Хулу, кој наскоро ќе објави серија базирана на неговиот живот.

Тајсон остро го критикува прераскажувањето на Хулу на неговата животна приказна во изјава за Холивуд репортер, нарекувајќи го „погрешно присвојување на културата“ и обвинувајќи ја „корпоративната алчност“ на платформата за одлуката.

Исто така ја истакна иронијата на шоуто што се најавуваше за време на Месецот на црната историја. 55-годишниот Тајсон се повлече од боксот во 2005 година, откако во шестата рунда загуби од Кевин Мекбрајд со ТКО. Последен пат се бореше со Рој Џонс во 2020 година. Борбата заврши нерешено и тоа беше шоу.

Тајсон сега е бесен на Хулу затоа што снимил филм за неговиот живот, но не му платил ни пара.

„Хулу е верзијата на стриминг на робовладетели. Ми ја украдоа историјата и не ми платија. Не дозволувајте Хулу да ве измами. Не ја поддржувам нивната приказна за мојот живот.

Сега не е 1822 година, туку 2022 година. За раководството на Хулу јас сум само црнец кој може да се најде на аукција“, напиша Тајсон на социјалните мрежи.

Стриминг сервисот не ја коментираше ситуацијата. Мајк има премиера на Хулу на 25 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО