Тајсон Фјури: Јас сум газда во тешка категорија

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0) потсети дека е најдобриот тешкаш во моментов.

Живата легенда од Манчестер е рангирана како најдобaр активeн тешкаш во светот според ЕСПН. 33-годишната ѕвезда има скор од 32-0-1 во рингот и последен пат го нокаутира Дилиен Вајт во април во Лондон. Така ја одбрани титулата на ВБЦ втор пат по ред.

Тајсон објави дека се повлекува од боксот. „The Gypsy King“ беше категоричен дека нема да се бори, но шпекулациите продолжуваат да се појавуваат. Постои можност да го видиме и против победникот на Ентони Џошуа – Александар Усик. Ќе биде битка за обединување на сите појаси.

Тајсон Фјури изјави дека е најдобриот што некогаш е роден.

„Јас сум проклето најдобар! Јас сум најдобриот што некогаш живеел! Јас сум вистинскиот шеф во тешка категорија.

Ги поседувам овие мајкини!“, рече Фјури во видеото објавено на Твитер.

Набргу по таа објава, шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану (17-3) одговори:

„Јас сум најголемата риба во вашето езерце…во моментов“, напиша Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО