Шавкат Рахмонов ги предизвика Џеф Нил и Жилберт Барнс

Непоразениот УФЦ борец во средна категорија Шавкат Рахмонов го предизвика Американецот Џеф Нил, кој со нокаут го победи Бразилецот Висенте Луке. Минатиот викенд Нил го нокаутира Лук на главниот настан на гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас.

Нил продолжи во победничка серија од 2 натпревари и го предизвика Жилберт Барнс. Доби одговор од Бразилецот кој се согласи, но прво сака да види дали Хорхе Масвидал ќе се бори со него. И Рахмонов се вклучи, за да ги предизвика и двајцата.

„Слободен сум, Џеф Нил. Жилберт Брнс, што мислиш?“, напиша борецот на социјалните мрежи.

Рахмонов има 16 победи во 16 борби, победувајќи во секоја борба со завршница. Шавкат последен пат, кон крајот на јуни, го заврши Нил Мањи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО